Солзи на стадион: Почина познат фудбалер, доживеа инфаркт на терен!

Некогашниот фудбалски репрезентативец на Англија Уго Ехиогу почина во болница ден откако доживеа срцев удар, објави денеска Тотенхем, клубот во кој го тренираше младинскиот тим.

Ехиогу вчера колабираше на стадионот Вајт Лејн во текот на тренинг, по што итно е префрлен во болница во Лондон, но лекарите не успеаја да му го спасат животот.

Некогашниот фудбалер на ВБА, Астон Вила, Мидлсборо, Лидс, Ренџерс и Шефилд, почина во 44. година.

Утре е Прочка, еве што треба да направите

Македонската традиција за Прочка е богата и разновидна. Секаде се одбележува овој празник меѓу македонскиот народ.

На Прочка, според традицијата, помладиот бара прошка од постариот.

Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“. Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот.

За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата, што претставува детска радост и добро расположение. А вистинската смисла на сето тоа е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Мрсењето завршува во Белата недела, со бело јајце и пак започнува со јајце, но црвено – велигденско, на Велигден.

Утредента, првиот ден по Прочка е чист понеделник кога постот веќе започнал. Тоа е првиот ден од големиот Велигденски пост. Чист понеделник е така именуван затоа што започнува нешето очистување со постот – духовно и телесно.

Сара Џесика Паркер проговори за препукувањата со Ким

Актерките Сара Џесика Паркер и Ким Катрал веќе со недели водат жолчна расправа преку медиуми.

Некогашните колешки кои заедно глумеа во култната серија „Сексот и градот“ изнесоа детали за својот однос, но и за деновите кога соработувале заедно.

Американската актерка Сара Џесика Паркер реши за прв пат да го прокоментира одбивањето на Ким Катрал да се појави во третото продолжение на „Сексот и градот“.

Ѕвездата на серијата објаснила дека немало расправии, но истакна дека деновите кога снимале биле прекрасно искуство за неа.

-Никогаш претходно не сум зборувала за тоа, освен што реков дека некои од нас се разочарани со тоа што Саманта нема да го снима третиот дел. Никогаш не одговорив на разговорот кој го имале Ким и Пирс Морган, каде таа изјави работи кои навистина се болни за мене.  Имавме прекрасно искуство и никогаш нема да биде како тоа. Имавме конекција со публиката, имавме конекција со градот и со екипата, и моравме да си ги раскажеме тие луди приказни една на друга. Поради тоа, не сакам да навлегувам подлабоко. Не би можела да замислам некој друг да го игра тој дел (улогата на Саманта Џоунс). Едноставно немаше кавга. Беше целосно измислена, бидејќи никогаш не и одговорив, изјави Сара за „Пипл“.

Што се однесува до интервјуто во кое Ким изјавила дека одбива да го сними третиот дел од филмот „Сексот и градот“, затоа што не сака да биде онака како што “дивата командува“, Сара кратко прокоментира:

„Тоа е многу болно за мене. Немам намера да одговорам на изјави на Ким кои ги даде во медиумите“.

Жени кои лесно прифаќаат да бидат љубовници според хороскопот

Заради своите ставови и карактери, жените во овие 6 хороскопски знаци без проблем ќе се согласат да бидат љубовници:

Водолија

Тие се прекрасни, отворени и слободни идеалисти во љубовта, па додека другите жени гледаат неонски натпис „зафатено, не допирај“ на мажот со бурма, Водолиите гледаат ист неонски знак, но со текст „во љубовта и војната сè е дозволено.“

Скорпија

Веќе одамна е утврдено дека Скорпиите си се важни сами на себе, па ако имаат шанса која им одговара, нема да ја пропуштат. Нивната желба за страст многу лесно може да се претвори во желба за зафатен маж.

Овен

Жените Овни имаат најголем потенцијал да станат љубовници. За тоа придонесува нивната себичност која не познава граници. Па, токму таа може да ги доведе до паралелни врски со оженети мажи.

Стрелец

Позитивна енергија и оптимизам се нивните карактеристики, заради кои не можете да останете само пријатели. Жените Стрелци имаат една мана – безобѕирност. Па така, никогаш нема да му каже не на оженетиот маж, доколку смета дека таа добива.

Близнаци

Близнаците се манипулатори кои сакаат да искористуваат, колку грубо и да звучи тоа. Со оглед на тоа што сакаат авантури, аферата со оженет маж ќе ја оправдаат како потреба за нешто ново и искуство кое едноставно мора да го имаш во животот.

Бик

Биковите се познати како силни, независни и имаат цврсти ставови, но имаат уште две карактерни црти – романтични се и посесивни. Поконкретно, ако видат потенцијал за љубов, ќе направат било што за да ја добијат. Лошото е што често во аферите со оженети мажи почнуваат да мешаат емоции.

Најчитани

Твитови