Тино и Атанас конечно признаа: Нивната блискост не е само другарска - СКАНДАЛ (ВИДЕО)

Филмот „Ах, љубов моја“ во режија и сценарио на Коле Ангеловски премиерно ќе биде прикажан во рамки на Скопскиот филмски фестивал. Проектот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија во 2015 година со 14,3 милиони денари, а завршен е само за две години. Вкупниот буџет на филмот е околу 20 милиони денари.

Во филмот се и омилените на младата публика Тино и Атанас кои во филмот имаат многу блиски средби. Скопјани веќе долго време и се сомневаат на нивното блиско "другарство" па дали во филмот тие двајца откриваат повеќе? Гледајте го филмот и откријте!

„Ах, љубов моја“ е љубовна комедија за познатата поп пеачка Сузан, која по успешната турнеја низ Турција и емотивините проблеми предизвикани од раскинувањето на долгогодишната љубовна врска, доаѓа во еден хотел да се одмори во мир и тишина, далеку од јавноста и новинарите. Во хотелот се појавува нејзиниот поранешен љубовник Селпин, кој сака да се збогува со неа.

Актерската екипја ја сочинуваат Нина Деан, Атанас Атанасовски, Александар Микиќ, Соња Стамболџиева, Роберт Ристов, Жарко Димоски, Крсте Јовановски, Марија Кондовска, Ердоан Максут, Кристина Ласовска, Валентин Костадиновски, Ева Скендеровска, Едмонд Сотир и Андон Јовановски.

И Сека го претера (Фото)

Сека Алексиќ не може да престане да објавува фотографии од снимањето на спотот на нејзината нова песна наречена „Фолирант“.

Таа дури и во еден пост на социјалната мрежа Инстаграм признава дека не може да се воздржи, а да не ги објави сите фотографии кои ги има.

Дека изгледа одлично е неспорен факт, но што е многу многу е....

На мажите не им се допаѓа што жените не иницираат секс, но ништо не преземаат по тоа прашање

Статистика е на страната на мажите кога станува збор за тоа кој иницира секс. На многу мажи секако тоа не им се допаѓа, но проблемот е што не превземаат ништо околу тој проблем. Понекогаш ќе го споменат тоа, нивните девојки нема да го сфатат сериозно и сé си останува исто.

Експерти ги советуваат мажите, доколку сакаат нивната партнерка да иницира секс, тогаш мораат сериозно да разговараат со неа. Најдобро би било да им стават до знаење дека тоа им е навистина важно и дека би биле најсреќни на светот доколку таа покаже кога сака да има секс.

Основниот проблем поради кој жените не иницираат секс е тоа што мислат дека ќе бидат одбиени. Жените кои имаат мала самодоверба веруваат дека постои опција нивниот партнер да речи дека е преуморен или едноставно нема позитивно да реагира тоа што таа ја презела иницијативата.

Многу девојки срамежливо иницираат секс така што нежно го бакнуваат партнерот, го галат и му шепотат на уво. Доколку мажот не ги прочита овие срамежливви знаци, тогаш жените се плашат како ќе реагира на малку поагресивен настап кој не може никако поинаку да се “прочита”.

Меѓутоа, советите од експерите се базираат на тоа дека нема место за егото кога сме во љубовна врска и дека егото треба да се остави пред вратата на спалната соба.

И мажите се плашат од одбивање но сепак се обидуваат да се наметнат. Затоа и жените треба да се обидат. Обострано треба да работат на врската, бидејќи, доколку некој се труди многу повеќе за разлика од другиот, започнува зајадливост и проблеми.

Најчитани

Твитови