Ибрахимович пред 16год. во Ѓорче зборува босански и кажува Пандев е добар играч (ВИДЕО)

Во 2001 – та година, на стадионот во Ѓорче Петров, силите ги одмерија великаните на македонскиот и шведскиот фудбал. По скоро 16 години, еден од нив ја нема освоено лигата на шампионите :).

Скоро и никој да не се секава на квалификацискиот натпревар помеѓу фудбалската репрезентација на Република Македонија и репрезантацијата на Шведска за пласман на европското првенство за млади до 21 година. И немаше да биде ништо спектакуларно, доколку не ги погледнеме составите на двете репрезантации.

Боите на македонската репрезентација на овој квалификациски натпревар ги бранеа Горан Пандев, Ацо Стојков, Величе Шумуликоски, Роберт Попов, Александар Васоски додека од другата страна за противници ги имаа Златан Ибрахимовиќ, Андреа Исаксон, Мартин Ериксон и Ким Калстром, играчи кои оставија белег во европскиот клупски фудбал а особено нашиот Горан Пандев и фудбалската легенда Златан Ибрахимовиќ.

Во текот на целиот натпревар доминираше репрезентацијата на Шведска, која го отвори резултатот во 25-тата минута со голот на Златан Ибрахимовиќ, додека репрезентацијата на Македонија успеа да изедначи на петнаесет минути пред крајот на натпреварот со голот на Горан Пандев по ударот од 11 метри.

Токму овие стрелци на натпреварот гледајќи од денешен аспект, по натпреварот во Ѓорче Петров, речиси го достигнаа врвот во фудбалската кариера играјќи за најголемите клубови во Европа. Златан Ибрахимовиќ го носеше дресот на Ајакс, Барселона, Интер, Јувентус, Милан, Парис Сен Жермен и Манчестер Јунајтед додека Горан Пандев својата блескава кариера ја помина во Италија играјќи за Лацио, Наполи и секако Интер со кој го освои трофејот во лигата на шампионите. Интересно, Златан Ибрахимовиќ кој важи за фудбалер од светска класа сеуште се нема израдувано на трофејот во елитното клупско натпреварување – лигата на шампионите.

Во продолжение погледнете ги најитересните моменти од натпреварот помеѓу Македонија и Шведска како и изјавите на Горан Пандев и Златан Ибрахимовиќ кој збори на својот мајчин јазик – Босански јазик.

Потресна исповед на 29 годишна девојка која започнала љубовна врска со џихадист!

29 годишната Кимберли Мајнерс од Лондон тврди дека по пат на интернет започнала врска со регрутатор од Исламската држава во Велика Британија, Навид Хусеин и дека за малку ќе завршела во Сирија како негова жена. Кимберли, инаку гламурозен модел, открила дека регрутаторот на терористичките групи се обидел да ѝ го испере мозокот и да ја наговори да дојде во Сирија и да стане нова „бела вдовица“, како Сали Џоунс, џихадистка од Велика Британија која загинала во Сирија заедно со синот по воздушен напад.

Таа вели дека поради осаменост, на друштвените мрежи се спријателила со луѓе од Сирија, па за разлика од гламурозните фотографии кои порани ги објавувала, почнала да објавува фотографии на кои лицето ѝ е целосно покриено. Тогаш била, како што вели, опседната со Хусеин.

Таа била уапсена минатата година откако биле откриени пораки со него во кои ѝ испратил упатства за правење бомби.

„Сега се срамам од тоа, но ми годеше вниманието. Бев толку осамена, а со него се чувствував како негде да припаѓам.“ раскажала и додала дека била многу потиштена по спонтаниот абортус и прекинот со вереникот.

8 години по ред беше вистинска ѕвезда на секое Светско првенство. Погледнете како изгледа денес Лариса Рикелме!

Пред 8 години на Светското првенство кое се одржа во Јужна Африка сите очи покрај во фудбалерите, беа вперени во навивачката на Парагвај која се прослави со своите бујните облини и провокативни изданија на трибините. И овој Мундијал не може да помине а да не се присетиме на Лариса Рикелме.

И ако мислевте дека ќе ве изненадиме со некоја нова фотографија на која таа изгледа проклето секси, овој пат не. За жал на многумина, „навивачката“ кариера на оваа згодна бринета е завршена, а таа денес е целосно посветена мајка и сопруга. Во моментов се бави со мода и глума па себеси се претставува како блогерка и актерка. А како изгледа денес? Погледнете...

Жари и пали: Кејт Аптон најсекси жена за 2018 година! (ФОТО)

Американскиот топ модел Кејт Аптон повторно ја краси насловната страна на списанието „Максим“, и овој пат со минимално облека на себе успеа да го привлече вниманието на сите. Без конкуренција и оваа година Кејт ја понесе титулата најсексапилна жена!

Фотосесијата за списанието е снимена во Израел од познатиот француски моден фотограф Жил Бенсимон, кој е поранешен сопруг на супермоделот Ел Мекферсон! 

Најчитани

Твитови