Луксуз и гламур! Како и со кого Северина го прослави роденденот (видео)

Поп ѕвездата денес го слави 45 роденден, а истиот го дочека на сцена.

Таа игра во мјузикл со Горан Каран и Петар Грашо, а како и што се случуваше погледнете сами:

 

СПОМЕНИ: Секое утро се будевме со „Во светот на бајките“!

Се будевме и заспивавме со приказните од „Во светот на бајките“. 
Во период од 1995-та до 1999-та година, ја имавме честа и привилегијата, да се радуваме и да уживаме со ликовите од серијата, кои не смееа и не учеа на сите добри и лоши работи.
И ден денес се пее песна во светот на бајките кога се успиваат малите деца, но тие незнаат како ние се забавуваме во 90-те години, како растевме со поучните приказни на нашите детски серии... 

Мал совет: Да не се заборават овие серии кој беа пучни за нас, може да бидат и за вашите деца. Наместо Маша и Медо, пуштете им некоја епизода од „Во светот на бајките“! 

Еве неколку слики и видео да се потсетите на 90-те!

 

3 вежби кои се прават 3 минути пред спиење за затегнати нозе!

 

Следните неколку вежби најдобро е да ги практикувате навечер пред спиење. Доколку редовно вежбате и ги претворите истите во рутина како миењето заби пред спиење, за кратко време ќе ги забележите и првите резултати.

Мал совет: испечатете ги вежбите на хартија, закачете ги некаде во спалната соба и не дозволувајте ништо да ве спречи во желбата за вежбање.

1. V – растегнување

 

 

Раширете ги нозете колку што можете, исправете го грбот и свртете го целиот горен дел кон ногата која сакате да ја истегнете. Испружете ги рацете и обидете се да се спуштите на таа нога. Останете во ова положба 5-15 секунди.
Вратете се во центарот и свртете го телото на другата страна и истегнете ја другата нога. Секоја нога истегнете ја по 8 пати.

 

2. Раздвојување на нозете во воздух

 

 

Легнете на подот, со рацете исправени покрај телото и дланките свртени кон подот. Полека подигнете ги двете нозе во воздух, исправајќи ги додека не добиете агол од 90 степени со телото и подот.

Од оваа положба започнете со нежно раздвојување на нозете онолку колку што можете. Останете така 5-15 секунди и вратете се во првобитната положба. Повторете ја вежбата 8 пати.

3. Супермен

 

 

Легнете на стомак и истегнете ги нозете така што прстите на нозете ќе ги израмните со подот. Истегнете го телото како да сакате да дофатите со рацете нешто што се наоѓа далеку од вас.

 

Вдишете и кренете ја од подот левата рака и десната нога во исто време. Издишете долго и полека додека броите до 4. Вратете ги подигната рака и нога на подот и повторете ја вежбата со спротивна рака и нога. Повторете ја целата вежба 5 пати.

СТАРО СКОПЈЕ: Прекрансиот изглед на Скопје во 1998 година!

Старо наше Скопје!

Некогашниот изглед на нашиот главен град Скопје, навистина беше едноставен, скромен, но УБАВ и ЧИСТ!
Пред 20 години Скопје изгледаше вака, уникатно на свој начин и просторно со зеленила, а денес можеме да се пофалиме само со безброј згради, облакодери и пренаселеност. Ги нема веќе тие зеленила и паркови со кој се истакнуваше убавината на овој град. Сега зградите ги заменија зеленилата и секаде околу нас има само бетон и ѕидини!

 

Најчитани

Твитови