Секој ќе се препознае: Работи кои сте ги слушале како деца, денес ве кочат во животот

Ниту еден возрасен нема непогрешливи упатства за одгледување на децата, па може само да се обиде да биде добар во родителството. Но, не секогаш е така.

Убедувањата на родителите се најчесто „копија“ на она што во нивната глава го всадиле нивните родители, и сè така по ред. Сепак, не се нималку наивни, бидејќи во голема мера може да го обликуваат животот на децата, на позитивен или негативен начин.

 

Мислењата на возрасните за парите, љубовта, здравјето се врежуваат во умот од најрана возраст, па многу веројатно е токму поради нив да имате проблеми со врските, финансиите или  пронаоѓањето внатрешен мир во подоцнежните фази од животот.

Колку од овие убедувања сте ги слушнале во детството?

1. Парите не растат на дрво.

2. Само лошите луѓе имаат многу пари.

3. Ако малку ти се посреќи, сигурно ќе изгубиш нешто наскоро.

4. Јас не заслужувам убави нешта.

5. Парите носат неволја.

6. Не заслужувам љубов.

7. Должност ми е да се жртвувам за другите.

8. Добрите сопруги никогаш не се ставаат себеси на прво место.

9. Лошите работи секогаш им се случуваат на добрите луѓе.

10. По голема среќа, секогаш доаѓа несреќа.

11. Сè што правиш, мора да го правиш подобро од сите други.

12. Луѓето кои не завршиле факултет се помалку вредни.

13. Солзите се знак за слабост, па никогаш не смеам да плачам пред другите.

14. Кога сè ќе тргне наопаку, готово е.

15. Никој не сака чудаци.

Ако во овие негативни фрази ги препознавате убедувањата со кои сте израснале, најпрво сфатете дека тие се само зборови, а не афирмации кои по секоја цена мора да го илустрираат и вашиот живот.

И онака, повеќето од нив се или предрасуди или празни верувања, а кои само ве кочат на патот до вистинската среќа.

Затоа, добро размислете како ќе ги замените, бидејќи никогаш не е доцна да бидете сè она што отсекогаш сте посакувале. 

Горат социјалните мрежи: Познатата пејачка се соблече на 48 години

Сања Ѓорѓевиќ отсекогаш може да се пофали со витка линија, но ретко можевте да ја видите во бикини.

Меѓутоа, Сања одлучи да ги почасти фановите со провокативни фотографии во разни пози, па го покажа своето затгнато тело на кое работеше во текот на ладните денови.

Некогаш најдобри другарки: Погледнете како изгледале Дара и Карлеуша пред 20 години

Погледнете како изгледале Дара Бубамара и Јелена Карлеуша во емисијата „Музичка кутија“. Тогаш биле во добри односи што може да се забележи.

Ова видео е од 1997 година, а колку се промениле пејачките одтогаш па до сега погледнете во видеото.

Тој има само 15 години и 320 килограми: Еве како изгледа неговиот живот

Џејкоб Милер од раѓање бил голем. Роден е 5 недели порано, а дошол на свет тежок околу 6 килограми.

Докторите тврдат дека е роден со хормонски проблем, кој е причина за неговото дебелееење.

Веќе на година дена, Џејкоб имал 23 килограми. Во понатамошниот развој добивал и по 45 килограми годишно плус.

[Printskrin: YouTube/Cincinnati Children's Hospital Medical Center]

Огромниот вишок килограми му создавал физички и психички проблеми. Милер страда од дијабетес, срцеви проблеми како и проблем со црниот дроб.

Свесен е дека мора да направи огромна промена во начинот на живот за да преживее.

[Printskrin: YouTube/Cincinnati Children's Hospital Medical Center]

Поради тоа се вклучи во програмата што ја осмисли Детската клиника во Синсинати, а кој вклучува различни третмани за дебелите деца.

Воведена му е строга диета која се базира само на здрава исхрана. Изгубил 34 килограми и бил презадоволен од тоа.

Сепак, лекарите не застанаа тука. Направен му е бајпас на желудникот.

За само 6 месеци и неговиот изглед драстично се промени, а за една година навистина има огромна разлика.

Погледнете ја неговата приказна:

Најчитани

Твитови