Хумористично урнебесно: Повозрасните знаат, седум чуда на социјализмот во СФРЈ

Ние сме малку млади и не памтиме баш како било во тие времиња, ама затоа тука се фактите со кои подобро ќе ви објасниме да ги сфатите разликите помеѓу социјализмот и демократијата...

Седумте ЧУДА на социјализмот:

1. СИТЕ биле вработени.

2. Иако сите биле вработени, никој ништо не работел.

3. Иако никој ништо не работел, сите планови биле 100% исполнети!

4. Иако сите планови биле исполнети, продавниците биле ПРАЗНИ!

5. Иако продавниците биле празни, сите имале СЕ.

6. Иако сите имале СЕ, сите и КРАДЕЛЕ.

7. Иако сите краделе, никогаш ништо не фалело!

Е сега, во демократијата е малку ПОИНАКУ и таму нема чуда:

1. Само ретки луѓе се вработени.

2. Вработените работат за оние кои не работат ништо.

3. Иако оние ретките кои работат за оние кои не работат ништо, плата не добиваат (кога-како, нели).

4. Оние кои не работат, имаат СЕ.

5. Продавниците се ПОЛНИ, а најмногу купуваат оние кои немаат ништо!

6. Крадат само внимателно одбрани луѓе (одбрани од народот).

7. Иако крадат, постојано се жалат дека имаат ПРЕМАЛКУ!

Новинарката Снежана Лупевска Созен го прослави првиот роденден на својот син (фото)

Македонската новинарка Снежана Лупевска Созен минатата година доби син Микаил, а денес таа и нејзиниот сопруг Еркан Созен го прославија првиот роденден на синот,.

Снежана сподели фотографии на социјалните мрежи од роденденската амтосфера.

Невкусен дипломатски срам сред Скопје: Амбасадорот на Израел направи стој на раце на плоштад „Македонија“

Амбасадорот на Израел, Дан Ориан, по вчерашната средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се упати кон плоштадот „Македонија“.

Тој објави фотографија на Фејсбук на која стои на раце до подземната фонтана на плоштадот.

„На пат кон следниот состанок, по средбата со министерот за надворешни работи, застанав за момент до фонтаната во центарот на градот, ги ставив палтото и актовката на земја и…знаете“, напишал Ориан.

Замина уште една ѕвезда: Почина познатиот српски пејач

Доајенот на српската староградска и народна музика, Предграг Гојковиќ - Цуне почина денеска на 85-годишна возраст, јави РТС.

Гојковиќ е роден во 1932 година во селото Брзан во Шумадија. По завршувањето на средното образование во Белград, се запишал на Трговската академија, но никогаш не ја завршил, посветувајќи се на својата најголема љубов - музиката.

Својата слава покрај со изведбата на староградски песни, Цуне ја стека и со интерппретацијата на народна музика, севдалинки, но и забавни и мексикански песни.

Прекарот Цуне го добил поради реченицата што често ја користела неговата мајка: „Оди, мајка да те цуне (бакне)“. 

Најчитани

Твитови