Секој маж ќе рече тоа е тоа: Зошто е подобро да си маж?

Постои една вечна дилема: дали е подобро да си машко или женско? Ние не знаеме да одговориме на ова прашање, но може да наведеме неколку факти зошто е подобро да си машко.

Па проверете и вие дали е така:

1. Го завршуваш секој телефонски разговор за 30 секунди.

2. За годишен одмор доволни ти се 7 дена и еден куфер.

3. Можеш сам да ги отвориш сите конзерви и тегли со ајвар.

4. Пријателите не те опоменуваат кога ќе се здебелиш.

5. Кога менуваш програми на ТВ, не се задржуваш кај што ќе видиш солзи.

6. Твојот задник не игра никаква улога на интервју за работа.

7. Сите твои оргазми се вистински.

8. Премногу секс нема да ти ја уништи репутацијата (напротив).

9. За 300 денари добиваш 5 пара гаќи.

10. Можеш да се истушираш и облечеш за 5 минути.

11. Не мораш секоја ноќ да спиеш покрај нечии влакнести нозе.

12. Можеш да јадеш банана и сладолед на јавно место и никој да не те гледа чудно.

13. Автомеханичарите ти ја кажуваат вистината.

14. Нема да се изнервираш ако некој не ти ја забележи новата фризура или чевли.

15. Знаеш најмалку 20 начини да отвориш пивска флаша.

16. Не те интересира што ти зборуваат зад грб.

17. Три пара чевли ти се повеќе од доволни.

18. Луѓето не те зјапаат во гради додека разговараш со нив..

19. Ако некој носи иста како твојата кошула на забавата може и да не приметите

20. И за крај едно прашање - што е тоа целулит?

Шерифовиќ и го фотографирала газето на Карлеуша (ВИДЕО)

Снимњето на „Ѕвездите на Гранд“  трае по 12 часа, па челновите на жириото постојано наоѓаат начин како да се забавуваат. Пејачката Марија Шерифовиќ  е снимана како и го фотографира газето на Јелена Карлеуша.

Гледајте го видеото:

Тијана воодушеви како Џеси Џеј во ТЛЗП (ФОТО)

Македонската претставничка во шоуто „Твоето лице звучи познато“, Тијана Дапчевиќ, во епизодата што се прикажуваше вчеравечер го имитираше настапот на Џеси Џеј. Тијана повторно беше одлична, ги пееше Bang Bang и Burning Up, а добриот настап резултираше со високи оценки од жирито, но и пофалби на социјалните мрежи.

„Ќе видите вечер како помина снимањето. Јас си поминав одлично. Ќе се гордеете со мене“, ни рече Тијана неколку часа пре епизодата да се прикаже на телевизија.

Таа следната недела ќе има малку поинаков лик за имитација, фолк пејачката Дара Бубамара.

Борко Ристовски стана татко! (ФОТО)

Чуварот на македонската репрезентативна ракометна мрежа за прв пат ќе се најде во улогата на татко, откако на социјалните мрежи се редеа честитки за неговата нова родителска улога заедно со неговата сакана Нина.

Прекрасната Николина, Борко знаеше како да ја сочува далеку од очите на јавноста, иако атрактивната и шармантна девојка можеше понекогаш да се забележи како го бодри од трибините на неговите натпревари.

На нејзиниот профил, која неодамна го прослави својот 25 роденде, осамна фотографија на која таа го покри лицето на момчето до неа со розово срценце, но она што може да се забележи е дека мистериозниот лик  има иста тетоважа на левата рака, како и Борко.

Најчитани

Твитови