ПОТРЕСНА ИСПОВЕД НА ЈЕЛЕНА БАЧИЌ - АЛИМПИЌ: „Бев неподвижна, ползев до тоалетот“!

Никогаш не ја крие насмевката, по која е препознатлива. Па така и овој пат, за еден српски медиум низ насмевка зборуваше за тешките моменти во животот, кои ги преживеала изминатата година и кога останала сама. Имено, авторката на едни од најтрогателните романи, Јелена Бачиќ - Алимпиќ проговори за здравствените промени за кои досега не зборувала, само за да не привлекува внимание. Вели дека луѓето имаат и поголеми проблеми од нејзините.

„Не зборував за ова бидејќи не сакам некој да мисли дека привлекувам внимание. Ништо не е толку драстично, освен што требаше да одам на операција. Тоа се случи минатото лето, додека го истражував градот за својата нова книга, која ќе излезе на 11 мај. Па затоа минатото лето бев во Сицилија“ - вака ја почна својата приказна.

А, потоа започна да раскажува како точно се случило.

„Ми испадна дискот помеѓу двата пршлени во 'рбетот. Останав неподвижна. Потполно сама во Сицилија, со денови под инјекции, без можност да се поместам... Ползев до тоалетот. Тоа беа страшни денови. Кога се вратив од Италија, морав да одам на терапија за да ја избегнам операцијата. Тоа траеше половина година, но, верувајте ми бев одлучна да ја одбегнам операцијата. Не сакам од тоа да правам никаков спектакл. Постојат многу полоши работи во животот. Тогаш Бог ме опомена да застанам и да прикочам. Потоа направив магнетна резонанса и ги поминав сите терапии. Успеав да го тргнам дискот кој го притискаше нервот и ми го оневозможуваше движењето“ - раскажува Јелена.

По оваа случка, сфатила колкава моќ има во позитивните мисли.

„На сите им велам никогаш да не ја губат надежта, верата и упорноста на крајот победуваат. Дури и себе треба да се победиш. Јас се победив себе си. После тоа имав уште еден здравствен проблем. Неодамна... но, тоа е навистина премногу интимно, за отворено да зборувам. И тоа успеав да го пребродам и да ја завршам книгата. Па затоа можам да кажам дека оваа книга настана во најтешкиот период во мојот живот и верувам дека тоа и ќе се почувствува. Навистина е клише, но е вистина дека тоа што не ве убива - ве прави посилни“ - вака авторката ја заврши својата трогателна приказна.

ЗИМСКИ СПОРТОВИ! Ќе се изнандите како спортуваат мачките на снег! (ВИДЕО)

Можеби и не сте знаеле, но мачињата се посебна приказна кога станува збор за зимските спортови! Нема да можете да се воздржите, мачињава ќе ве полудат од смеење!

Готвењето никогаш не изгледало подобро! Нај згодниот кувар во светот (ВИДЕО)

Згоден, забавен и иновативен во кујната! Можеби сепак има мажи од соништата. Кои преку стомакот ќе го освојат вашето срце, како што би рекле постарите, „љубовта доаѓа преку стомакот“!

Секако ќе има и што да видите во продолжение на ова видео!

Тијана Пандевска: Оваа програмерка од Струмица го запали интернетот! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Оваа "Instagram" девојка е нашата девојка викендов!

Млада и згодна, 18 годишната Струмичанка е студентка на ФИНКИ во Скопје, моментално е во првата година од студиите, која воедно и  живее во Скопје. 
За тоа што изгледа вака и не е ни чудно, оваа девојка веќе 5 години е исклучиво посветена на спортот и спортските активности, ативно се занимава со фитнес. 

Нема да ве зачуди но нејзиното хоби е ФОТОГРАФИРАЊЕ! Нормално со оглед на нејзината убавина.
Слободното време како и сите студенти го поминува во дружба со своите пријатели, искачање, журки, но исто така обожава и да иде во кино!

Најчитани

Твитови