Генералниот директор на “Неуромедика” Д-р Емил Угриновски го доби признанието Личност на Југоисточна Европа за 2017 година

Генералниот директор на “Неуромедика” Д-р Емил Угриновски го доби признанието Личност на Југоисточна Европа за 2017 година (SEE Personality 2017) што се доделува во рамки на Фестивалот на кинематографиите од Југоисточна Европа  (SEE a Paris - South-East European Film Festival 2017). Реномираната манифестација ќе се одржи од 31.05-03.06 во Париз во престижниот “Theatre Le Palace”. Организаторите на фестивалот ова признание на Д-р Емил Угриновски му го доделуваат за заслуги и достигнувања од областа на бизнисот, медицината и како особен придонес за европеизација на земјите од Југоисточна Европа.

“Оваа заслуга е резултат на мојата долгогодишна посветеност на отворената соработка помеѓу бизнис секторите во државите во Југоисточна Европа. Веќе 25 години со многу ентузијазам и енергичност посветен сум на унапредување на здравстевениот и бизнис секторите во мојата држава Македонија, а нашите практики и методи веќе долго време ги споделуваме и со повеќе земји од Балканот. Огромно задоволство ми претставува тоа што жирито кое го доделува ова признание е составено од врвни уметници и интелектуалци кои несомнено имаат значителен придонес во напредокот на културата и соработката помеѓу земјите во Југоисточна Европа. Јас како најмлад добитник на оваа заслуга си земам за задача и во иднина да продолжам активно да работам на ширење на позитивни културни, општествени и бизнис вредности низ земјите од Југоисточна Европа. Признанието го добивам во вистинско време во најзначајната година на мојата бизнис кариера, кога славиме 25 години Неуромедика и отворање на новата болница Неуромедика во центарот на Скопје кое е закажано на 28-ми јуни 2017.”, истакнува Д-р Емил Угриновски.

Во рамки на доделувањето Д-р Емил Угриновски ќе биде почесен гостин на симпозиумот во склоп на фестивалот “Eвропеизација на Балканот и балканизација на Европа” каде ќе има кратко излагање по покана на Жан-Патрик Конрад, Претседател на Европската Академија на науките, уметностите и книжевностите.

Д-р Емил Угриновски е најмлад добитник на оваа заслуга, а досегашни добитници на овие признанија се и Бранислав Мичуновиќ министер за култура на Црна Гора, актерите Мики Манојловиќ и Мето Јовановски, бизнисмените Трифун Костовски, Силјан Мицевски и Живко Мукаетов. Покрај Д-р Емил Угриновски оваа година признанија ќе им бидат доделени и на Душан Макавејев од Србија за заслуга “Легенда на ЈИЕ” и Јон Карамитру од Романија со заслуга за “Актер на ЈИЕ”.

За “Неуромедика” и Д-р Угриновски ова е трето признание за една година, во октомври 2016 наградите “Најдобра болница” и “Менаџер на годината” од страна на “Europe business assembly” и награда “Stubrand 2017”, Прв избор на студентите кога станува збор за здравствена заштита и прва приватна болница сертифицирана како STUBRAND во Македонија.

 

 

Како близначка на Драгана Мирковиќ: Протече фотографија од Леа Киш пред 27 години

Оние кои ја следат Леа Киш не можат да ја замислат без русокоса рамна коса и силна шминка. Меѓутоа, протече фотографија од 1900 година на која водителката изгледа потполно различно.

На прв поглед сите помислија дека станува збор за Драгана Мирковиќ. Голема насмевка и цртите на лицето потсетуваат на пејачката на своите почетоци.

Грозно изненадување: Пресекол дрво, а потоа видел нешто од што се заледува крвта!

Кога пред неколку дена Рајан Сандерс сечел дрва во шума, не го очекувал ова.

Имено, кога пресекол едно стебло, во средината забележал крв. Ја вклучил камерата и се приближил.

Во дрвото имало преполовена змија. Како змијата завршила во средината на стеблото никој не знае...

По ова, никогаш нема да ги фрлите семките од лубеницата - Немате поим колку се корисни!

Голем број луѓе ги фрлаат семките од лубеницата кога го јадат ова овошје, но не би требало да е така. Семето од лубеницата е здраво, иако ќе се согласите дека не е толку вкусно како лубеницата. Сепак, нутриционистите советуваат да го изедете заедно со овошјето бидејќи е богато со протеини, витамин Б, магнезиум… Овие состојки го намалуваат нивото на лошиот холестерол, ризикот од воспаление и ризикот од срцеви заболувања.

Семките од разни овошја се генерално добри за здравјето, но семето на лубеницата поради сите хранливи состојки на некој начин е ѕвезда меѓу семките, велат експертите.

Исто така, нутриционистите советуваат дека најдобро е да се јаде семето од лубеницата кога ќе никне, бидејќи тогаш е вистинско протеинско богатство. Ако изедете количина семки кои стојат во сад од 0,2 дл, ќе внесете 10 грама протеини.

За да ја искористите лековитоста на семките потребно е тие да се сварат, сомелат или испечат, за да можете да дојдете до драгоцената содржина. Тие во себе содржат диетски влакна, неопходни за нормална работа на пробавниот тракт, помагаат во случај на појава на цревни паразити, како и за лечење на болни од жолтица, водени болести и воспаленија во организмот.

Семките од лубеница ја содржат супстанцата цитрулин, која делува како антиоксиданс, помага за ширење на крвните садови, при артериосклероза, кај висок крвен притисок и ангина пекторис.

Американски научници во почетокот на 20 век, напишале дека семките од лубеница се многу корисни за лекување на бубрезите и мочните патишта. Според нивните кажувања, користењето на чајот од свежи семки е прекрасен диуретик и се препорачува за отстранување на камчиња и песок од бубрезите и мочните патишта.

Рецепт за чај

Се земаат 4 лажици свежи семки од лубеница, се дробат или мелат во млин за кафе. Се варат 15 мин во 2 литри вода. Оваа количинасе распоредува и се пие во текот на два дена, а третиот ден се прави пауза. Овој процес се прави неколку седмици по истиот редослед. Два дена се пие, третиот ден пауза.

Најчитани

Твитови