Преку Google maps најдете го паркираниот автомобил (видео)

На напредокот на техонологијата и нема крај. Особено интернетот. Со оглед на тоа што во повеќе случаи ни ги олеснува и некои ситни но сепак битни работи. Освен што преку апликацијата google street преку која можете однапред да го видите местото во кое што ќе претстојувате,одсега апликацијата Google Maps на корисници им нуди нова опција, односно им помага да најдат каде го паркирале автомобилот.

Ви се случило на некој паркинг да го заборавите автомобилот од која страна е паркиран или на бесконечните паркинзи особено во друте земји да не можете да го пронајдите својот автомобил. Новата опција на Google maps го поедностави тоа со помош на апликацијата. Инаку опцијата прво беше дел од бета верзијата на Google Maps од март годинава и тоа само за корисниците на оперативниот систем Android, a сега е на располагање на сите корисници на уреди со Android и iOS.

За да ја активирате опцијата на Android треба да ја допрете сината точка на дисплејот и да изберете “Save your parking”, а потоа ќе се појави ознака на мапата што ја покажува локацијата на паркираниот автомобил.

Може да додадете и потсетник, односно попрецизни инструкции за подоцна, да поставите тајмер со 15-минутно потсетување, да ја пратите локацијата на автомобилот на пријатели, како и да ја зачувате фотографијата на местото каде е паркиран автомобилот.

За корисниците на iPhone, процедурата е речиси иста. Треба да ја кликнете сината точка и да ја одберете опцијата “Set as parking location”. Потоа корисникот ги добива истите опции како кај корисниците на Android.

ПОГЛЕДНЕТЕ како изгледа Саша Матиќ без своите црни наочари!

Во текот на едно гостување во емисијата „Ѕвезде Гранда“, Саша Матиќ е фотографиран без своите црно наочари, по кои стана препознатлив. На општо изненадување на сите, пејачот на момент се ’ослободи’ од своите наочари, со цел да му ја поправат шминката.

Очигледно е дека Саша изгледа многу помладо без своите очила, и нема да биде невообичаено ако тој почне да се појавува без нив, какот што направи оперскиот пејач, Андреа Бочели. Со, или без очила, неопсорен е фактот дека Матиќ е еден од најдобрите пејачи на Балканот...

Погледнете кои се најубавите Македонки (ФОТО)

Македонија како држава, е позната по тоа што има многу убави девојки и сигурно се едни од најубавите на Балканот. Жените од нашата држава секогаш се во тек со најновите модни стилови.Ова се некои од најубавите девојки во нашата држава...

Катарина Ивановска

 Ивановска е нашиот најпознат фото-модел кој изгледа неверојатно. Таа се занимава и со глума а своето деби го имала во филмот „Трето полувреме“. 

Соработувала со агенции како International Scouting Office Belgrade, Women Mgmt Paris, Women Mgmt New York City, Women Mgmt Milan и Select Model Mgmt London.

Иванна Хаџиевска

Ивана е некогашен тв-водител на многу емисии, меѓу кои и популарниот А1 Екслузив. Шармантната водителка знае да застане зад апартот на познатите фотографи и да направи прекрасна фото-сесија. Таа од 2012 година е во брак со нејзиното долгогодишно момче Влатко.

Сузана ал Салкини

Многумина ја паметат Сузана како една од најубавите Македонки, кои чекореа по модните писти низ целиот свет. Таа долго време беше изолирана од јавноста и најголем дел од времето беше во Дубаи.

Марјана Станојковска

Позната како лото-девојка, Марјана плени со својата убавина, каде и да се појави. Долги години е во оваа наградна игра а честопати прави фантастични фото-сесии и ангажирана во различни реклами.

Драгана Чуприна

Драгана минатиот октомври го кажа судбоносното “ДА“ но и покрај се, го привлекува вниманието каде и да се движи низ светот. Таа имаше успешна епизода во естрадниот магазин „Бекстејџ“, а на 20-ти декември, 2016 година, на свет го донесе синот Даријан.

Елена Ристеска

Нашиот евровизиски претставник во 2006 година, со песната „Нинанајна“, Елена Ристеска долги години е на музичката сцена и не престанува да ги воодушевува нејзините фанови. Прекрасната насмевка и е заштитен знак на оваа девојка.

Дали некогаш сте се запрашале: Зошто сме левичари и десничари?

Повеќето од нас пишуваат со десна рака, но некој помал процент од луѓето се левучари. Зошто е тоа така? Дали со текот на времето човекот и дава предност со вежбање на едната рака, или тоа е нешто што го прават невролошките врски уште од самото наше раѓање? Дали левучарите се навистина позлобни или можеби поинтелегентни од десничарите, или можеби тоа е само шпекулација?

Според една нова студија, ова дефинитивно нема никаква врска со нашиот мозок, а ниту со нашиот невролошки развој. Во еден прилично задоволувачки пресврт на заговор, се чини дека нашата лева или десна страна е всушност поразвиена и вкоренета во нашата биологија уште пред да се родиме, но во форма на одреден метеж на ‘рбетни гени, а не мозочни.

“Нашите податоци укажуваат на ‘рбетни, а не на кортикални, почнувајќи од хемисферните асиметрии,” велат научниците во нивниот труд.
 

Тимот на научници од Германија, Холандија и Јужна Америка, предводен од психолози од Рур Универзитетот во Бохум, внимателно ја следеле генетската експресија која се одвива во рамките на ‘рбетните нерви на бебиња кои сеуште се наоѓаат во матката, помеѓу осмата и дванаесеттата недела од бременоста.

Долго време се претпостравува дека генот за активност во мозокот зависи од тоа која хемисфера покажува повеќе активност, што дефинира дали некој ќе биде левучар или десничар. Сепак, врз основа на активноста на овие прото-‘рбетниот врски, се чини дека некои асиметрии се случуваат онаму каде што никогаш досега не е откриено.

Оваа новооткриена активност се одвива долго пред да се развие делот од мозокот кој е одговорен за движење – моторниот кортекс. Се чини дека е центрирана на делови од ‘рбетот , одговорни за пренос на електрични импулси на дланките, рацете, нозете и стапалата, и оваа асиметрија дефинира дали едно лице ќе пишува со лева или со десна рака.

Најчитани

Твитови