Инстаграм гори: Ергенот објави селфи од автомобил, на кое позира со најголемата љубов! (фото)

Турскиот заводник, Бариш Ардуч или кај нас попознат како вљубениот ерген Омер, ја запали социјалната мрежа Инстаграм.

Имено, тој објави селфи од автомобилот, на кое позираат со неговото милениче, кое дефинитивно е негова најголема љубов. А, за нештата да бидат уште поинтересни за помалку од еден час тој собра повеќе од 150.000 лајкови и над 7.000 коментари.

 

A post shared by Barış Arduç (@arducbrs) on

Новинарката Снежана Лупевска Созен го прослави првиот роденден на својот син (фото)

Македонската новинарка Снежана Лупевска Созен минатата година доби син Микаил, а денес таа и нејзиниот сопруг Еркан Созен го прославија првиот роденден на синот,.

Снежана сподели фотографии на социјалните мрежи од роденденската амтосфера.

Невкусен дипломатски срам сред Скопје: Амбасадорот на Израел направи стој на раце на плоштад „Македонија“

Амбасадорот на Израел, Дан Ориан, по вчерашната средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се упати кон плоштадот „Македонија“.

Тој објави фотографија на Фејсбук на која стои на раце до подземната фонтана на плоштадот.

„На пат кон следниот состанок, по средбата со министерот за надворешни работи, застанав за момент до фонтаната во центарот на градот, ги ставив палтото и актовката на земја и…знаете“, напишал Ориан.

Замина уште една ѕвезда: Почина познатиот српски пејач

Доајенот на српската староградска и народна музика, Предграг Гојковиќ - Цуне почина денеска на 85-годишна возраст, јави РТС.

Гојковиќ е роден во 1932 година во селото Брзан во Шумадија. По завршувањето на средното образование во Белград, се запишал на Трговската академија, но никогаш не ја завршил, посветувајќи се на својата најголема љубов - музиката.

Својата слава покрај со изведбата на староградски песни, Цуне ја стека и со интерппретацијата на народна музика, севдалинки, но и забавни и мексикански песни.

Прекарот Цуне го добил поради реченицата што често ја користела неговата мајка: „Оди, мајка да те цуне (бакне)“. 

Најчитани

Твитови