Заљубени како првиот ден: Нијагарините водопади сведок на големата љубов на Јелена и Иван! (видео)

Тие важат за најзаљубениот пар во Србија, па дури и пошироко. Станува збор за пејачката Јелена Томашевиќ и актерот Иван Босиљчиќ. Тие долги години се заедно и како плод на нивната љубов е ќеркичката Нина.

Имено, овој пат Јелена и Иван работните обрвски во Канада ги искористија и за мала прошетка. Тие двајцата се прошетаа до Нијагарините водопади, како што направија еден интересен „бумеранг“, кој Јелена го објави на Инстаграм, а истиот изобилува со љубов.

Ги закопаа „ратните секири„ Дара призна: Карлеуша е голема и слатка

Некогаш добри другарки, а потоа жестоки непријатели - Јелена Карлеуша и Дара Бубамара изгледа одлучија да ги закопаат воените секири.

Најпрпвп Јелена изјави дека Дара и недостасува, и дека била “малечка и слатка“, а потоа Бубамара одлучи да и одговори.

„Мене кој еднаш ќе ме засака, ме сака цел живот. И мажи и жени. Неа никогаш не сум ја мразела и воопшто луѓето со кои некогаш сум се дружела не можам да ги мразам. Се е тоа шоу бизнис. Таа и јас сме на иста бранова должина, што се однесува до фазоните. Јас престанав во последно време, а гледам дека и недостасувам, ќе се вратам можеби (се смее). Таа рече дека сум слатка, мала и слатка, а јас ќе кажа, дека таа е голема и слатка“, изјави Дара.

Момчето ја кршело од ќотек и ја терало да се прејадува: Имала 130 килограми, а сега изгледа вака

Девојката која не сакала да го каже своето име постави на Имгур фотографија од својот напредок откако побегнала од една ужасна врска.

Имено, како што напиша под фотографиите, таа трпела малтретирање во врската, а меѓудругото момчето со ќотек ја присилувало да се прејадува.

Така со висина од метар и пол имала 130 килограми. Со години го трпела насилството од негова страна, а потоа конечно побегнала од таа врска.

Таа сега се опоравува и физички и психички, а на сликите се гледа дека е многу подобро и дека напредува.

-Сега имам 88 килограми и среќна сум, иако сум свесна дека има уште прилично долг пат пред мене, напиша девојката.

Ги изненади фановите - Цеца направи селфи во тоалет

Најголемата фолк ѕвезда на Балканот Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе две години има профил на Инстаграм, но ретко кога таму објавува фотографии.

Но, сепак кога тоа ќе се случи секогаш привлекува огромно внимание.

Сега кога Цеца се отографирала во тоалетот во елегантна црна креација во рок од 1 час успеала да заработи скоро 20.000 лајкови.

Нјезините фанови воодушевени пишувале коментари.

Најчитани

Твитови