Доколку мажот ги прави овие работи со вас, очигледно сака само секс со вас!

Излегувањата, состаноците, анализите и потези што би требало или не би требало да се направат на првиот состанок се дел од комплицираните машко-женски односи кои се понекогаш забавни, а понекогаш ужасни. Лошата страна се јавува кога девојката ќе сфати дека тој сакал само секс и ништо повеќе.

Директен пристап

Многу мажи не кријат дека сакаат само да спијат со жената и тоа отворено го кажуваат. Но еднакво толку жени тоа свесно го игнорираат надевајќи се дека во целата приказна ќе стане збор и за нешто повеќе од секс. Тоа можеби во многу мал процент од случаите е возможно, но ако тој ви каже дека од вас сака само секс за една вечер, тогаш, веројатно тоа и го мисли.

Приказната за сексот

Кога сте на состанок со потенцијалното следно момче, обратете внимание колку и кога ќе почне да зборува за секс. Ако уште на почетокот почнува разговорот да го води во таа насока, значи дека сака секс и испитува дали е тоа возможно. Жените често овој потег го заменуваат со идејата дека тој е толку привлечен од нив и инсистира тоа да го покаже, игнорирајќи го очигледниот знак дека се работи само за секс и ништо повеќе.

На првиот состанок сака повеќе од бакнеж

Без оглед на очигледната хемија меѓу вас, на мажот на кој девојката навистина му се допаѓа, ќе му биде доволен и еден бакнеж на крајот од заедничката вечер. Доколку не е задоволен со бакнеж, а ако вие барате сериозна врска, подобро да се откажете од него уште од старт.

Пријатели со „бенефит“

Доколку од вас бара да бидете пријатели со „бенефит“ и да се задоволувате меѓусебно додека не сте во врска или имате љубовни кризи – дефинитивно мисли само на секс.

Не е заинтересиран за вашиот живот

Ако забележите дека со вас разговара само за површни работи и не го интересираат вашите хобија и интереси, кариерата и општите очекувања од животот, може да очекувате повик во кревет на првиот состанок. Исто така, може да се случи во текот на разговорот да ви ласка, бидејќи ќе сака да бидете добро расположени за да го прифатите неговиот план.

Очекува нешто за возврат

Сте биле на вечера шго тој великодушно ја платил, но пред крајот на пријатното дружење и неколку чаши вино, ви се чини дека очекува секс за возврат? Ако е така, тогаш единствена причина поради која ве повикал на вечера е за да завршите во неговиот кревет. Затоа, бегајте.

Ви се јавува само кога му треба рамо за плачење

Ви се јавува само кога е сам, нема други планови или се жали на лош ден, па значи дека му е потребна утеха. А што е подобро од секс после напорен ден? Немојте да потклекнете на тажниот глас и да попуштите, бидејќи тоа не е вистинска врска.

Не сака врска, туку само забава

Сте излегле неколку пати, а тој го заборавил паричникот или сѐ уште не му е стигната платата, па се сте плаќале вие, сте го префрлиле до дома и на крајот сте имале секс? Размислете малку. Дали е тоа врска, дали води кон каква било врска или само му пружате комплетна услуга без никакви повратни информации и желба за понатамошна блискост?

Избегнува интимност

Не го интересира никаков разговор, ниту активност која на крајот не води до секс. Сѐ е кристално јасно.

Заминува веднаш после сексот

Некои мажи по сексот се задржуваат подолго, некои пократно, но сите остануваат барем на кратко. Доколку заминува веднаш откако ја испуштил воздишката на задоволство, сигурно во мислите му се врти само една работа, а не е ни толку пристоен за да ја одигра таа игра до крај.

Ги закопаа „ратните секири„ Дара призна: Карлеуша е голема и слатка

Некогаш добри другарки, а потоа жестоки непријатели - Јелена Карлеуша и Дара Бубамара изгледа одлучија да ги закопаат воените секири.

Најпрпвп Јелена изјави дека Дара и недостасува, и дека била “малечка и слатка“, а потоа Бубамара одлучи да и одговори.

„Мене кој еднаш ќе ме засака, ме сака цел живот. И мажи и жени. Неа никогаш не сум ја мразела и воопшто луѓето со кои некогаш сум се дружела не можам да ги мразам. Се е тоа шоу бизнис. Таа и јас сме на иста бранова должина, што се однесува до фазоните. Јас престанав во последно време, а гледам дека и недостасувам, ќе се вратам можеби (се смее). Таа рече дека сум слатка, мала и слатка, а јас ќе кажа, дека таа е голема и слатка“, изјави Дара.

Момчето ја кршело од ќотек и ја терало да се прејадува: Имала 130 килограми, а сега изгледа вака

Девојката која не сакала да го каже своето име постави на Имгур фотографија од својот напредок откако побегнала од една ужасна врска.

Имено, како што напиша под фотографиите, таа трпела малтретирање во врската, а меѓудругото момчето со ќотек ја присилувало да се прејадува.

Така со висина од метар и пол имала 130 килограми. Со години го трпела насилството од негова страна, а потоа конечно побегнала од таа врска.

Таа сега се опоравува и физички и психички, а на сликите се гледа дека е многу подобро и дека напредува.

-Сега имам 88 килограми и среќна сум, иако сум свесна дека има уште прилично долг пат пред мене, напиша девојката.

Ги изненади фановите - Цеца направи селфи во тоалет

Најголемата фолк ѕвезда на Балканот Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе две години има профил на Инстаграм, но ретко кога таму објавува фотографии.

Но, сепак кога тоа ќе се случи секогаш привлекува огромно внимание.

Сега кога Цеца се отографирала во тоалетот во елегантна црна креација во рок од 1 час успеала да заработи скоро 20.000 лајкови.

Нјезините фанови воодушевени пишувале коментари.

Најчитани

Твитови