Почнува Кански филмски фестивал – македонска копродукција меѓу можните лауреати

Филмот „Насоки“ на Стефан Командарев со учество на македонски копродуценти во компетитивната програма „Un Certain regard“- со жирито ќе преседава Ума Турман.

Со филмот “Les Fantômes d’Ismaël” (Духовите на Исмаил), новиот филм на режисерот Арноа Деплешен (Arnoa Deplešena), утревечер ќе биде отворена најзначајната филмска смотра во светот-Канскиот филмски фестивал, кој годинава слави седум децении од постоењето. Домаќин на престижната церемонија е италијанската актерка Моника Белучи.

Вкупно ќе бидат прикажани 49 филмови од 29 земји, меѓу кои 12 режисери од понежниот пол.

 

Статуетката „Златна палма“ ќе отиде во рацете на еден од 18-те филмови селектирани во главната програма. Во оваа програма има по четири филмови од Франција и САД, два од Јужна Кореја и по еден од Унгарија, Велика Британија, Австрија, Русија, Украина, Грција, Германија и Јапонија. Меѓу фаворитите се филмот на Софија Копола „Измамената“ со Никол Кидман и Кирстен Данст, новите филмови на Франсоа Озон, Михаел Ханеке и Фатих Акин.

Со високореномираното жири ќе преседава големиот шпански режисер Педро

Алмодовар.

Македонска копродукција во компетитивната програма „Un Certain regard“

Филмот „Насоки“ на бугарскиот режисер Стефан Командарев, со учество на македонските продуценти Владимир Анастасов и Ангела Несторовска ќе биде прикажан во програмата  „Извесен поглед“, втора по важност компетитивна програма.

За филмот да го изоди патот до црвениот тепих во Кан, заслужни се и македонската костимографка Жаклина Крстевска и потписникот на шминката Мартин Павловски.

Жанровски, „Насоки“ е драма, снимена на бугарски јазик. Инаку, Командарев е еден од водечките бугарски и европски режисери.

Филмот е поддржан и од Македонската агенција за филм.

Во конкуренција со филмот „Насоки“ се селектирани уште петнаесет филмски остварувања, меѓу кои на режисерите Мишел Франко, Куросава Кијоши, Анарита Замбрано.

Минатата година престижната „Златна палма“ ја доби британскиот режисер Кен Лоуч за филмот „Јас, Даниел Блејк“.

Направете сами: Пунџа како од фризерски салон, за само 2 минути! (Видео)

Петок, започнува долго очекуваниот викенд, па дами за денеска спремивме едно посебно видео за вас, каде ќе го научите најдобриот трик како за само 2 минути, на вашата коса да и дадете фризура како од салон, која ќе ви даде елегантен изглед и ќе блескате. 

Во следното видео ќе ви покажеме како сами да си направите фризура со која ќе изгледате како сега да се излегле од фризерски салон. Елегантна и со многу стила, оваа пунџа ќе ви стане омилена…

ВНИМАВАЈТЕ: Харизматичните лидери, исто така имаат добри и лоши страни!

Влијанието на лошата харизма е исто толку силна како и влијанието на добрата харизма. Харизматичните лидери може да направат чуда за компанијата. Но, бидете внимателни, харизмата може да има и лоши страни. Еве неколку лоши карактеристики на лошото харизматично лидерство:

Огледало, огледало

Лидерот кој може да инспирира група, да ја пренесе визијата, и со самото влегување во просторијата да стане центар на внимание, навистина има среќа дека со мал напор може да спроведе одлични идеи. Но исто така, харизматичниот лидер може да падне во замка шармирајќи се себе си.
Решение: Лидерот мора да биде свесен дека харизмата може да му го „замати“ видикот, па затоа мора секогаш да учи и да анализира. И тоа, не само за сопствена сатисфакција, туку и за сопствената компанија и вработени.

Компанија „зависник“

Исто како што лидерот може да стане зависен од компанијата, така и компанијата може да стане зависна од него. Харизматичниот поединец привлекува внимание кон себе, но истовремено го одвлекува фокусот од компанијата. Последици? Вработените ќе зависат премногу од ликот и делото на лидерот, па ќе бидат оневозможени да носат и помалку важни одлуки.
Решение: Лидерот мора да се запраша колку неговите вработени се вклучени во донесувањето на одлуките. Дали тој носи важни одлуки, а за останатите има доверба во своите вработени?

Замаглен хоризонт

Харизматичните луѓе водат компании за кои имаат визија. Харизмата е таа која ги поттикнува да ја следат визијата. Колку што е поголема визијата, толку поголема треба да биде харизмата.
Решение: Многу е разумно да си го поставите следното прашање:

„Што ќе се случи со компанијата ако јас престанам да работам или немам повеќе добри идеи?“.

Освестете ја својата ранливост

Ако сте навистина харизматичен водач, мора да бидете свесни дека луѓето тоа веќе го забележале. Вашата харизма е продуктивна, само доколку ја држите под контрола.
Решение: Гледајте ја како да е една од вашите добри карактеристики. Иако вашето влијание е силно, дозволете вашата компанија да излезе од вашата сенка и посветете се на нејзините објективни потреби.

СПРЕЧЕТЕ ГО ОВА: Подигање на свеста за безбедни матурски прослави!

Потсетете се на безбројните собраќајки кои сте ги виделе, а некои трагично завршиле и одземале живот! 
„Кога пиете не возете, а кова возите не пијте“, тоа е златно правило кое треба да го почитуваме сите, без разлика дали станува збор за после матурска прослава, свадба или некој сосема обичен ден кога сте козумирале поголема количина на алкохол. 
Вреди ли да го жртвувате и својот и туѓиот живот само поради желбата да се докажете дека и во пијана состојба можете да возите?

Размислете двапати пред да седнете во автомобилот зад вола, и две чашки алкохол да сте испиле препштете го воланот на које кој не пиел, некој кој е трезен. 

Каењето никогаш нема да не врати назад, никогаш нема да го поправи тоа што можеби сме можеле да го спречиме, но сме избрале да испоробаме. 

Една проба може да чини ЖИВОТ, ЗАТОА ВНИМАВАЈТЕ!

 

Најчитани

Твитови