Мала револуција: HTC U11, телефон кој реагира на притисок (видео)

Во моментот кога е тешко да се осмисли нешто ново во светот на технологијата, HTC навистина успева да изненади. Тие го претставија телефонот HTC U11 кој реагира на притисок, односно на стисокот на корисникот.

Ова е навистина револуционерен чекор за кој HTC се надева дека ќе заживее, како што е случајот со екранот на допир. Тој функционира така што во долниот дел на телефонот се сместени огромен број на сензори кои, кога ќе се притиснат со прстите, извршуваат одредени задачи како што се отворање на апликации, фотографирање или снимање на аудио запис. Опцијата е наречена Edge Sense и може да се користи во речиси сите ситуации.  

Камерата е исто така унапредена. Предната камера има 16MP и UltraPixel светлосна чувствителност за појасни фотографии, а задната камера има 12 MP. HTC U11 е првиот телефон кој на сите пазари ќе се појави со Qualcomm Snapdragon 835 и батерија со капацитет од 3000mAh.

Што се однесува до дизајнот, HTC U11 поседува импресивна “течна” стаклена површина која е направена со помош на Optical Spectrum Hybrid Deposition технологија. Овој модел има 5,5-инчен екран и Quad HD резолуција, а самиот телефон е и водоотпорен.

Ова што е ново кај овој телефон е комбинацијата од дури три дигитални асистенти: HTC Sense Companion, Google Assistant и Amazon Alexa. На пример, подобрениот HTC Sense Companion е доволно “паметен” да забележи доколку имате некои обврски подоцна во денот, ќе Ве потсети да ја дополните батеријата додека имате време или ќе Ви каже да си понесете додатна екстерна батерија. HTC U11 е првиот телефон на пазарот кој овозможува активација со глас и пристап до сервисот на Amazon, но моментално само за корисниците во Америка, Британија и Германија.

HTC U11 е достапен во сребрена, сафирно сина, сјајно црна, студено бела и сончево црвена боја, а истиот ќе се најде во продажба од следниот месец.

Новинарката Снежана Лупевска Созен го прослави првиот роденден на својот син (фото)

Македонската новинарка Снежана Лупевска Созен минатата година доби син Микаил, а денес таа и нејзиниот сопруг Еркан Созен го прославија првиот роденден на синот,.

Снежана сподели фотографии на социјалните мрежи од роденденската амтосфера.

Невкусен дипломатски срам сред Скопје: Амбасадорот на Израел направи стој на раце на плоштад „Македонија“

Амбасадорот на Израел, Дан Ориан, по вчерашната средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се упати кон плоштадот „Македонија“.

Тој објави фотографија на Фејсбук на која стои на раце до подземната фонтана на плоштадот.

„На пат кон следниот состанок, по средбата со министерот за надворешни работи, застанав за момент до фонтаната во центарот на градот, ги ставив палтото и актовката на земја и…знаете“, напишал Ориан.

Замина уште една ѕвезда: Почина познатиот српски пејач

Доајенот на српската староградска и народна музика, Предграг Гојковиќ - Цуне почина денеска на 85-годишна возраст, јави РТС.

Гојковиќ е роден во 1932 година во селото Брзан во Шумадија. По завршувањето на средното образование во Белград, се запишал на Трговската академија, но никогаш не ја завршил, посветувајќи се на својата најголема љубов - музиката.

Својата слава покрај со изведбата на староградски песни, Цуне ја стека и со интерппретацијата на народна музика, севдалинки, но и забавни и мексикански песни.

Прекарот Цуне го добил поради реченицата што често ја користела неговата мајка: „Оди, мајка да те цуне (бакне)“. 

Најчитани

Твитови