ЕКСЛУЗИВНO: Слаб е на одлични забави, места, а богами и на девојки - Спејко си ја разголи душата!

Откако заврши реалното шоу „Големиот брат“, новинарите не престануваат да пишуваат за него, а тој како вистински „воркохолик“ сака да биде застапен секаде. Дарко Петковски или подобро кажано Спејко, вели дека победата во „Големиот брат“ му овозможила да ги тестира своите способности:

„Се впуштив во музичките води, па сега зад себе имам две песни, а подготвувам и нов материјал. Паралелно почнав да работам и како блогер, почнав да ги правам своите фотосесии, со помош на партнерите кои застапуваат врвни брендови. Го ангажирав најдобриот стилист Тодор, најдобриот фотограф Амел, а ни се придружи уште еден модел, а тоа е преубавата одбојкарка Верица“.

Веќе знаете дека тој започна со блогерство, а еве и зошто се одлучи за овој чекор:

„Го променив својот стајлинг, сега публиката која го следеше „Големиот брат“ може нема ни да ме препознае. Низ своите фотосесии, сакам да го претставам мојот стил на живеење, преубави места и локации, бесни автомобили, скапи пијалоци, луди журки, омилени брендови, убави девојки и нормално спортот“.

Првата фотосесија екслузивно ја погледнавте овде, но верувајте вторава е уште подобра. Спејко и неговата партнерка во оваа приказна, одбојкарката Верица Донев завршија добра работа, а хотел Парк им ги отвори вратите за реалиција на идеата!

ЧЕСТИТКИ: Сека Алексиќ доби нов член во семејството, еве ги првите фотографии

Сека Алексиќ често објавува фотографии на социјалните мрежи и тоа најчесто со својот син Јаков или пак со нејзините домашни милиничиња.

Таа на своите следачи на Инстаграм им откри дека во нивниот дом се всели нов член, односно ново милениче. Станува збор за куче кое пејачката го крси Арон Рон.

Пожар во стан во Скопје, повредени 3 лица

Три лица се повредени во пожар во стан во Скопје кој изгорел целосно. Пожарот се проширил и во два соседни стана.

Полицијата соопшти дека  пожарот избувнал ноќеска, околу еден час по полноќ, во стан во зграда на ул.Сава Ковачевиќ сопственост на М.С. (73), која била сама.

Од пожарот, дошло до пукање на цевките од парното, при што се оштетени и станот сопстеност на В.М. (36) и станот сопственост на Б.А. (40).

Исто така, од пожарот со повреди се здобиле М.Ј (52) и С.Ј. (52) – станари во истата зграда, кои со возила на Итната медицинска помош биле пренесени во ГОБ „8-ми Септември“, каде по укажаната лекарска помош им биле констатирани телесни повреди.

Пожарот е изгаснат.

Ова е причината зошто утринското кафе протерува!

Дали забележавте дека кога ќе го испиете кафето, особено она првото утринско, веќе после неколку минути чувствувате потреба за да го посетите тоалетот...

Сите ги имаат истите симптоми. Не е кофеинот, ако мислевте на тоа. Обидете се со кока-кола ако сакате, нема да го добиете истиот ефект, затоа што овде кафето е во прашање.

Се уште не е научно потврдено која од супстанците во кафето имаат лаксативен ефект, кој не тера да одиме во тоалет. Станува збор за два хормона, чие количество се зголемува - гастрин, кој ја поттикнува перисталтиката на цревата и холецистокин - задолжен да регулира колку често имаме потреба да одиме во тоалет. Научниците заклучуваат дека некоја од компонентите што го зголемува кафето, ги лачи овие хормони и не тера да го извршуваме она...

Се надеваме дека наскоро ќе се открие точно која супстанца не протерува, затоа што ќе им помогне многу на оние што страдаат од тврда столица.

Најчитани

Твитови