Џордан ќе игра за Македонија, од кога и кои се условите

Американецот Џордан Теодор член на турската екипа Банвит која беше најдобара во Лигата на шампионите на ФИБА ќе биде новото засилување за македонската репрезентација.

Познатиот кошаркарски менаџер, Дејвид Пик потврди дека, американскиот кошаркар Џордан Теодор добил македонски пасош.

Теодор е роден 1989 година во Њу Џерси, во САД настапувал за универзитетот Сетон Хол, а порфесионалната кариера ја почнува во Турција, во тимот на Анталија. Во моментов настапува за турскиот тим Банвит каде е најдобар кошаркар. Беше прогласен за МВП во куп на Турција, а истата титула ја доби и во ФИБА Лигата на шампионите каде имаше просек од 15.9 поени, 7.7 асистенции и 3.7 скокови по натпревар.

Делфините повторно ги изненадија научниците: Може да си го научи името и да реагира на него

Овие чудесни суштества постојано изненадуваат со своите способности кои на моменти се многу слични со човековите.

Не само што можат да решаваат сложени математички проблеми, неодамна покажаа дека си се повикуваат по име, така што за секој делфин имаат различен звук со кој му се обраќаат.

Нивната интелигенција е фасцинантна, а она што повторно ги изненади научниците е најновото откритие за меморијата на делфините.

Имено, долгогодишните истражувања и експерименти покажаа дека делфините имаат меморија која може да се рамни со човековата. Тие се единствените живи суштества (покрај слоновите) кои се сеќаваат на своите блиски дури и по долг период на разделеност.

До неодамна се знаеше дека слончето може да ја препознае својата мајка и по многу години одвоеност, а денес и делфините покажуваат дека имаат ваква меморија.

Во истражувањето биле вклучени 53 делфини кои постојано ги преместувале во разни базени, за да доаѓаат во допир со нови, непознати делфини. Кога на делфините им пуштале снимки со звуци од непознати делфини, не реагирале, но кога ќе слушнеле звук од делфин со кој некогаш другарувале, покажувале неверојатна активност, веднаш се доближувале до звучникот, испуштале звуци очекувајќи пријателот да им одговори.

Реакцијата била иста и кај делфини кои биле разделени цели 20 години.

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Чикаго јасно покажува дека делфините имаат неверојатна меморија со која се издвојуваат од останатиот жив свет.

Овие суштества отсекогаш го привлекувале вниманието на научниците, и многумина ги нарекуваат нечовечки луѓе, токму поради сознанијата кои сè повеќе водат до тоа дека делфините се вторите најпаметни суштества на Планетата, веднаш после човекот.

Лекарите во неверување! Црна лимонада: Се прави од три едноставни состојки и прави чудо за линијата

Иако изгледот на овој напиток не е привлечен, сепак неговиот вкус е идентичен со оној кој сме го навикнале да го пиеме - лимонадата.

Главната чудотворна состојка е активниот јаглен кој нема вкус и е неверојатно здрав зошто има способност да го ослободи телото од несаканите и штетни материи и може да ја смали надуеноста.

Исто така, активниот јаглен може да го намали нивото на холестерол во организмот и да ја подмлади вашата кожа.

Најдобро е да се користи активен јаглен во прав, но ако имате помалку трпение можете да го издробите активниот јаглен кој може да се купи во таблети.

Еве како се прави овој лековит напиток:

Потребни состојки:

-4 чаши филтрирана вода (или квалитетна флаширана)

-четвртина шоља свежо исцеден сок од лимон

-четвртина лажиче активен јаглен (една капсула)

Помешатје ги сите состојки и по желба додадете уште лимон. Напитокот сервирајте го ладен.

Ова не смеете да го правите дома: Легна во када полна со најлутиот сос, а потоа се покаја! (видео)

Сигурно секогаш кога ќе пробате лута храна, ви доаѓаат солзи на очи и посакуватеведнаш да се напиете вода.

Замислете го најлутиот сос на светот наполнет во када и во истиот да се избањате. Луд тип реши тоа навистина да го стори. Погледнете ја неговата реакција во видеото.

Најчитани

Твитови