Погледнете ја пенал серијата и огромното славје на „пелистерци“ пo голот на Илијоски! (видео)

Пелистер го освои 25-от Куп на Македонија, откако во финалето во Струмица по изведувањето на пеналите со 4-3 славеше против Шкендија.

Алими го погоди првиот пенал за Шкендија, но израмни Филип Петров (1-1). Бесарт Ибраими го промаши целиот гол, а Гоце Тодоровски го доведе Пелистер во водство (1-2).

Марјан Радески беше прецизен во третата серија за Шкендија, а Лукас Фереира не погоди за Пелистер (2-2).

Илче Петровски го одбрани ударот на Бесарт Абдурахими, а Мартин Ковачев реализираше важен пенал за водство на Пелистер (2-3).

Ферхан Хасани израмни, но Баже Илијоски го донесе триумфот за Пелистер и пехарот од Купот на Македонија. А, потоа и големо славје за „Чкембарите“…

Жари и пали: Кејт Аптон најсекси жена за 2018 година! (ФОТО)

Американскиот топ модел Кејт Аптон повторно ја краси насловната страна на списанието „Максим“, и овој пат со минимално облека на себе успеа да го привлече вниманието на сите. Без конкуренција и оваа година Кејт ја понесе титулата најсексапилна жена!

Фотосесијата за списанието е снимена во Израел од познатиот француски моден фотограф Жил Бенсимон, кој е поранешен сопруг на супермоделот Ел Мекферсон! 

Палецот на раката го открива карактерот: Кликнете и откријте повеќе! (ФОТО)

Дали сте знаеле дека должината на вашиот палец открива многу за вашата личност?

Првата половина подолга од втората

Вие сте од оние луѓе кои се верни и страствени. Кога ќе се заљубите во некоја личност, имате тенденција да бидете опсесивни, а тоа не е необично за вас. Лесно ќе полудите ако вашиот партнер не одговори на пораките во даден период. Но, треба да бидете внимателни, бидејќи може да го исплашите партнерот кој на крајот само ќе си оди од вас.

Првата половина е пократка од втората

Вие сте искрена личност. Вашите вештини се многу добри. Темелно размислувате за сите работи, пред да направите нешто. Тоа секако се одразува и на вашиот љубовен живот. Кога имате судир со некого, обично ги ставате настрана своите чувства.

Должината на првата половина е еднаква на втората

Вие сте добри во планирање на работите и активностите, секогаш имате посебен пристап на работите кој ви го олеснува патот кон целите. Без оглед на ситуацијата, вие секогаш сте иста личност во поглед на љубовта. Ваквите личности често имаат судири со партнерот, кои доведуваат до комплициран однос.

Еве зошто лекарите препорачуваат да конзумирате бел лук на празен желудник!

Белиот лук е секогаш корисен и често го препорачуваат експертите за подигнување на имунитетот и за бројни други здравствени погодности. Меѓутоа, што се случува кога јадете бел лук на празен стомак?

Научниците откриле дека јадењето бел лук на празен стомак ја зголемува неговата ефикасност како природен антибиотик. Тоа се случува бидејќи бактериите се откриени и не можат да се одбранат од „страшниот бел лук“. Белиот лук содржи околу 400 активни материи, богат е со витамини и минерали: аденозин, алицин, аминокиселини, растителни влакна, растителни масти, витамин А, витамин Б1 и Б2, витамин Ц, железо, ензими, етерични масла, јод, калиум, калциум, селен, сулфур и фосфор.

Со редовна примена ја стимулира циркулацијата и го олеснува протокот на крв, го намалува зголемениот крвен притисок и маснотии во крвта, штити од болести на срцето. Одличен е и како антиоксиданс.

Најчитани

Твитови