10 познати парови на кои големата разлика во висина не им препрека за љубов! (фото)

Иако разликата во висина е повеќе отколку очигледна, за овие познати ѕвезди тоа не претставува препрека кога е во прашање изборот на партнер.

1. Клои Кардашиан и Ламар Одом

Ријалити ѕвездата Клои Кардашијан и кошаркарот Ламар Одом, беа во брак 3 години, а се венчаат само месец дена откако се запознаа. Се разведоа во 2013 година. Клои е висока 177 сантиметри, а Ламар цели 208.

2. Џејда Пинкет Смит и Вил Смит

Актерката Џејда Пинкет Смит и актерот Вил Смит се во брак веќе 19 години и имаат две деца. Џејда е висока 152, а Вил 188 сантиметри.

3. Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт

Пејачката и Дизни ѕвездата Мајли Сајрус и актерот Лиам Хемсворт се запознаа во 2009 година, кога и ја започнаа својата врска која траеше смао години дена, а потоа се разделија. Потоа имаа уште неколку смирувања и раскинувања, се до 2012 година кога парот објави дека ќе се вери. Потоа во 2013 ја откажаа веридбата, за оваа година да се појават гласини дека парот повторно ја обновил љубовната врска. Мајли е висока 165 сантиметри, а Лиам 191.

4. Ферџи и Џош Дијамел

Пејачката Ферџи и актерот Џош Дијамел, почнаа да се забавуваат во 2004 година, а потоа се венчаа во 2009. Во 2013 го добија синот Ексл Џек Дијамел. Ферџи е висока 163, а Џош 192 сантиметри.

5. Џесика Симпсон и Ерик Џонсон

Пејачката и актерката Џесика Симпсон и фудбалерот Ерик Џонсон почнаа да се забавуваат во 2010 година, а се венчаа во 2014 година. Имаат две деца. Џесика е висока 161, а Ерик 191 сантиметар.

6. Ким Кардашијан и Крис Хамфрис

Старлетата Ким Кардашијан и кошаркарот Крис Хамфрис својата врска ја започнаа во 2010, а се венчаа во 2011 година. По само 72 дена брак, парот објави дека се разведува. Бракоразводната парница траеше 2 години. Ким е висока 159 сантиметри, а нејзиниот поранешен сопруг 206.

7. Хајден Панетјер и Владимир Кличко

Актерката Хајден Панетјер и украинскиот професионален боксер Владимир Кличко се запознаа во 2009 година и наскоро после тоа почнаа да се забавуваат. Во 2010 се верија, а веќе во 2011 објавија дека раскинале. Во 2013 се смирија и ја обновија веридбата, а во 2014 добија ќерка. Хајден е висока цели 153, а Владимир 198 сантиметри.

8. Аврил Лавињ и Броди Џенер

Пејачката Аврил Лавињ и моделот Броди Џенер почнаа да се забавуваат во 2010 година, а раскинаа во 2012. Аврил е висока 155 сантиметри, а Броди 183.

9. Оливер Саркози и Мери Кејт Олсен

Францускиот банкар и полубрат на поранешниот претседател на Франција, Оливер Саркози и модната дизајнерка и поранешна актерка Мери Кејт Олсен својата врска ја започнаа во 2012 година, во 2014 се верија, а во 2015 се венчаа. Мери Кејт е висока 157, а Оливер 190 сантиметри.

10. Ева Лонгорија и Тони Паркер

Холивудската актерка Ева Лонгорија и францускиот кошаркар Тони Паркер почнаа да се забавуваат во 2005 година, се верија во 2006, а венчавка правеа во 2077 година. Се разведоа во 2010 година, бидејќи актерката се сомневаше дека Тони ја изневерува. Ева е висока 157 сантиметри, а Тони 188.

Делфините повторно ги изненадија научниците: Може да си го научи името и да реагира на него

Овие чудесни суштества постојано изненадуваат со своите способности кои на моменти се многу слични со човековите.

Не само што можат да решаваат сложени математички проблеми, неодамна покажаа дека си се повикуваат по име, така што за секој делфин имаат различен звук со кој му се обраќаат.

Нивната интелигенција е фасцинантна, а она што повторно ги изненади научниците е најновото откритие за меморијата на делфините.

Имено, долгогодишните истражувања и експерименти покажаа дека делфините имаат меморија која може да се рамни со човековата. Тие се единствените живи суштества (покрај слоновите) кои се сеќаваат на своите блиски дури и по долг период на разделеност.

До неодамна се знаеше дека слончето може да ја препознае својата мајка и по многу години одвоеност, а денес и делфините покажуваат дека имаат ваква меморија.

Во истражувањето биле вклучени 53 делфини кои постојано ги преместувале во разни базени, за да доаѓаат во допир со нови, непознати делфини. Кога на делфините им пуштале снимки со звуци од непознати делфини, не реагирале, но кога ќе слушнеле звук од делфин со кој некогаш другарувале, покажувале неверојатна активност, веднаш се доближувале до звучникот, испуштале звуци очекувајќи пријателот да им одговори.

Реакцијата била иста и кај делфини кои биле разделени цели 20 години.

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Чикаго јасно покажува дека делфините имаат неверојатна меморија со која се издвојуваат од останатиот жив свет.

Овие суштества отсекогаш го привлекувале вниманието на научниците, и многумина ги нарекуваат нечовечки луѓе, токму поради сознанијата кои сè повеќе водат до тоа дека делфините се вторите најпаметни суштества на Планетата, веднаш после човекот.

Лекарите во неверување! Црна лимонада: Се прави од три едноставни состојки и прави чудо за линијата

Иако изгледот на овој напиток не е привлечен, сепак неговиот вкус е идентичен со оној кој сме го навикнале да го пиеме - лимонадата.

Главната чудотворна состојка е активниот јаглен кој нема вкус и е неверојатно здрав зошто има способност да го ослободи телото од несаканите и штетни материи и може да ја смали надуеноста.

Исто така, активниот јаглен може да го намали нивото на холестерол во организмот и да ја подмлади вашата кожа.

Најдобро е да се користи активен јаглен во прав, но ако имате помалку трпение можете да го издробите активниот јаглен кој може да се купи во таблети.

Еве како се прави овој лековит напиток:

Потребни состојки:

-4 чаши филтрирана вода (или квалитетна флаширана)

-четвртина шоља свежо исцеден сок од лимон

-четвртина лажиче активен јаглен (една капсула)

Помешатје ги сите состојки и по желба додадете уште лимон. Напитокот сервирајте го ладен.

Ова не смеете да го правите дома: Легна во када полна со најлутиот сос, а потоа се покаја! (видео)

Сигурно секогаш кога ќе пробате лута храна, ви доаѓаат солзи на очи и посакуватеведнаш да се напиете вода.

Замислете го најлутиот сос на светот наполнет во када и во истиот да се избањате. Луд тип реши тоа навистина да го стори. Погледнете ја неговата реакција во видеото.

Најчитани

Твитови