Хаос на вчерашното дерби: Лежел на тревата погоден во глава! (видео)

Дербито во второто коло од плеј-офот во грчкиот шампион меѓу Панатинаикос и ПАОК беше прекинат на почетокот на второто полувреме по општата тепачка на играчите на теренот.

Но, непосредно пред тоа тренерот на солунскиот клуб Владимир Ивиќ беше погоден со конзерва во глава што и доведе до општ хаос. Судиите се повлекоа во соблекувалните.

Грчкиот портал Прототема, наведува како Владими Ивиќ по погодувањето во глава останал да лежи испружен на тревата. Потоа бил префрлен во болница.

До моментот на прекин ПАО водеше со 1:0 со голот на Маркус Берг. Така и остана, затоа што мечот не беше продолжен. Останува да се види што челниците на Сојузот ќе одлучат.

Познато е дека ривалитетот меѓу Панатинаикос и ПАОК е еден од поголемите во грчкиот спорт, но овој пат навистина се претера.

Да потсетиме и на неодамнешните хорор сцена од финалето на купот кога актерите во конфликтот во и околу стадионот во Волос беа навивачи на ПАОК и АЕК.

Во продолжение можете да видите на што личи главата на српскиот тренер.

 

Новинарката Снежана Лупевска Созен го прослави првиот роденден на својот син (фото)

Македонската новинарка Снежана Лупевска Созен минатата година доби син Микаил, а денес таа и нејзиниот сопруг Еркан Созен го прославија првиот роденден на синот,.

Снежана сподели фотографии на социјалните мрежи од роденденската амтосфера.

Невкусен дипломатски срам сред Скопје: Амбасадорот на Израел направи стој на раце на плоштад „Македонија“

Амбасадорот на Израел, Дан Ориан, по вчерашната средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се упати кон плоштадот „Македонија“.

Тој објави фотографија на Фејсбук на која стои на раце до подземната фонтана на плоштадот.

„На пат кон следниот состанок, по средбата со министерот за надворешни работи, застанав за момент до фонтаната во центарот на градот, ги ставив палтото и актовката на земја и…знаете“, напишал Ориан.

Замина уште една ѕвезда: Почина познатиот српски пејач

Доајенот на српската староградска и народна музика, Предграг Гојковиќ - Цуне почина денеска на 85-годишна возраст, јави РТС.

Гојковиќ е роден во 1932 година во селото Брзан во Шумадија. По завршувањето на средното образование во Белград, се запишал на Трговската академија, но никогаш не ја завршил, посветувајќи се на својата најголема љубов - музиката.

Својата слава покрај со изведбата на староградски песни, Цуне ја стека и со интерппретацијата на народна музика, севдалинки, но и забавни и мексикански песни.

Прекарот Цуне го добил поради реченицата што често ја користела неговата мајка: „Оди, мајка да те цуне (бакне)“. 

Најчитани

Твитови