На овој човек му завидува целиот свет: Со страсниот бакнеж Моника Белучи ги шокираше сите во Кан! (видео)

Вчера во Кан бил отворен јубилејниот, 70. ти по ред Филмски фестивал. И додека некои дами мамеа погледи со тоалетите, други со длабоките деколтеа, трети со процепи, Моника Белучи на сите дами им го украла вниманието со необичен настан на сцената.

Моника заедно со францускиот комичар, Алекс Луко, го водела програмот, а на публиката ѝ бил претставуван филмот "Исмаилски духови" на Арно Деплешен.

Меѓутоа, за да ги забавува гостите, Моника, која воедно и ќе ја затвори овогодинешната манифестација, почнала да танцува, а потоа одненадеж и го бакнала комичарот. Овој бакнеж бил дочекан со воодушевување, а многумина биле шокирани од смелоста на актерката.

Бакнежот траел неколку секунди, а потоа се слушнал громогласен аплауз.

Погледнете го видеото!

 

Ох уж эта Моника)) Канны #cannes #cannes2017 #france #cinema #аннабонд #belarus Моника Белуччи

A post shared by Анна Бонд Anna Bond (@annabondarchuk) on

Новинарката Снежана Лупевска Созен го прослави првиот роденден на својот син (фото)

Македонската новинарка Снежана Лупевска Созен минатата година доби син Микаил, а денес таа и нејзиниот сопруг Еркан Созен го прославија првиот роденден на синот,.

Снежана сподели фотографии на социјалните мрежи од роденденската амтосфера.

Невкусен дипломатски срам сред Скопје: Амбасадорот на Израел направи стој на раце на плоштад „Македонија“

Амбасадорот на Израел, Дан Ориан, по вчерашната средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се упати кон плоштадот „Македонија“.

Тој објави фотографија на Фејсбук на која стои на раце до подземната фонтана на плоштадот.

„На пат кон следниот состанок, по средбата со министерот за надворешни работи, застанав за момент до фонтаната во центарот на градот, ги ставив палтото и актовката на земја и…знаете“, напишал Ориан.

Замина уште една ѕвезда: Почина познатиот српски пејач

Доајенот на српската староградска и народна музика, Предграг Гојковиќ - Цуне почина денеска на 85-годишна возраст, јави РТС.

Гојковиќ е роден во 1932 година во селото Брзан во Шумадија. По завршувањето на средното образование во Белград, се запишал на Трговската академија, но никогаш не ја завршил, посветувајќи се на својата најголема љубов - музиката.

Својата слава покрај со изведбата на староградски песни, Цуне ја стека и со интерппретацијата на народна музика, севдалинки, но и забавни и мексикански песни.

Прекарот Цуне го добил поради реченицата што често ја користела неговата мајка: „Оди, мајка да те цуне (бакне)“. 

Најчитани

Твитови