Тешка сообраќајка на Партизанска кај Силбо - во автомобилот бил Богдан Илиевски

Тешка сообраќајна несреќа вчера вечерта се случила на булеварот Партизански одреди на раскрсницата кај Силбо. Во автомобилот кој бил удрен одзади бил Богдан Илиевски - Бетмен, еден од предводниците на инициајтивата За заедничка Македонија.

Тој вчера утрово својата верзија за настанот ја објави на Facebook

Без многу драмење, вака стојат нештата:

-синоќа на пат за дома виа Силбо без во автомобилот (сребрениот мерцедес) на наш многу добар пријател, заедно со брат ми - јас седев на задно, брат ми на сувозачко седиште

-50 метра пред вртењето за Силбо од средна во десна лента, уредно со сигнализација и брзина по пропис (што е и нормално кога треба да вртиш), од позади со голема брзина не удира црн мерцедес, без свирење, без ништо. Шибал во трета лента, имал доволно време малку да не избегне и да не удри на ќошот на автомобилот. Слушнав само тресок, не ми беше јасно што се случува, се вртевме неколку пати и застана колата. Луѓе моментално дотрчаа на помош, излеговме прекачувајќи се преку вратите кои беа свртени нагоре.

-Сите помагаа, сите, со води, благо, нудеа брза помош итн итн, освен некоја мала шуга на која поважно и било на Српче кандидатот за градоначалник на Центар, директор на ПОЦ и сопственик на Центарњуз да му го подзамие праќајќи му слики кои он ќе ги објави само во контекст на сообраќајка, слика од мене и од две скршени коли, ќе напише „бетмен славеше за мандатот“, ќе ја постави перцепцијата дека јас сум сторил некое зло пошо нели Српче ме објавува, а сме од башка табори, сигурно нешо сум засрал, па ќе ликува на незгода и ќе овозможи масовно оргијашење на фејс се во рамките на нечовечките параметри кои ги поставија он и мактеловци, докази и слични дилајли.

-Ако бев и јас мала шуша ко нив, ќе го прогласев ова за обид за убиство. Фала богу ниту сум, ниту беше таков обид, дечкото не беше под дејство на алкохол, исто како и шоферот на нашата кола, но за жал јебига ни возачка дозвола ни 18 години имаше. Други описи се небитни, човек е човек, згрешил за среќа без последици (освен објавите на вакви мегаморонски постови „бетмен славеше мандат кекеке“.

Па види ја колата бе дечко, можевме многу лесно во семафор да влеземе и сеа да не е уопште смешно шо некој малолетник со црна мечка не зденал од позади со сто на саат, а тебе тоа ти е баш вицкасто и духовито пошо ти си славел мандат и мозокот не ти работел посабајлечки.

Не ми е јасно како колата во која бевме се намести на онаа позиција, меѓу семафор и стубчиња... како некој со рака да ја ставил таму. Имало Господ и Фала му на Бога.

Немам ни гребаница, нека не се секира никој.

А на ваквите ликувања над сообраќајки на неистомисленици, нека им суди Горниот. Човече боже, какви дегени има, еј. Која е бре оваа омраза, од каде е, како било кој може да ја заслужи и дали сте свесни што правите?

ЧЕСТИТКИ: Сека Алексиќ доби нов член во семејството, еве ги првите фотографии

Сека Алексиќ често објавува фотографии на социјалните мрежи и тоа најчесто со својот син Јаков или пак со нејзините домашни милиничиња.

Таа на своите следачи на Инстаграм им откри дека во нивниот дом се всели нов член, односно ново милениче. Станува збор за куче кое пејачката го крси Арон Рон.

Пожар во стан во Скопје, повредени 3 лица

Три лица се повредени во пожар во стан во Скопје кој изгорел целосно. Пожарот се проширил и во два соседни стана.

Полицијата соопшти дека  пожарот избувнал ноќеска, околу еден час по полноќ, во стан во зграда на ул.Сава Ковачевиќ сопственост на М.С. (73), која била сама.

Од пожарот, дошло до пукање на цевките од парното, при што се оштетени и станот сопстеност на В.М. (36) и станот сопственост на Б.А. (40).

Исто така, од пожарот со повреди се здобиле М.Ј (52) и С.Ј. (52) – станари во истата зграда, кои со возила на Итната медицинска помош биле пренесени во ГОБ „8-ми Септември“, каде по укажаната лекарска помош им биле констатирани телесни повреди.

Пожарот е изгаснат.

Ова е причината зошто утринското кафе протерува!

Дали забележавте дека кога ќе го испиете кафето, особено она првото утринско, веќе после неколку минути чувствувате потреба за да го посетите тоалетот...

Сите ги имаат истите симптоми. Не е кофеинот, ако мислевте на тоа. Обидете се со кока-кола ако сакате, нема да го добиете истиот ефект, затоа што овде кафето е во прашање.

Се уште не е научно потврдено која од супстанците во кафето имаат лаксативен ефект, кој не тера да одиме во тоалет. Станува збор за два хормона, чие количество се зголемува - гастрин, кој ја поттикнува перисталтиката на цревата и холецистокин - задолжен да регулира колку често имаме потреба да одиме во тоалет. Научниците заклучуваат дека некоја од компонентите што го зголемува кафето, ги лачи овие хормони и не тера да го извршуваме она...

Се надеваме дека наскоро ќе се открие точно која супстанца не протерува, затоа што ќе им помогне многу на оние што страдаат од тврда столица.

Најчитани

Твитови