„Матурска парада“ на плоштад „Македонија“

Традиционалната манифестација „Матурска парада 2017“ ќе се одржи денеска напладне на плоштадот „Македонија“.

На „Матурската парада“ традиционално учениците кои го завршуваат средното образование танцуваат квадрил. Годинава ќе танцуваат и матурантите од Струга, Охрид, Струмица и Гевгелија. 

Се очекува учество на околу 1.000 матуранти од 16 средни училишта од Скопје и нивните врсници од Струга, Охрид, Струмица и Гевгелија или околу 2.000 ученици. Moмчињата ќе носат сини, а девојките жолти маички. 

Официјалниот дел на програмата ќе почне во 11:40 часот со обраќање на претставник од Град Скопје, а потоа матурантите ќе ја кажат заклетвата за ненасилство. Точно напладне со посредство на Македонското радио - Радио Скопје ќе биде преземен сигналот од Радио Словенија од каде доаѓа музиката од Штраусовата опера „Лилјакот“, на која матурантите ќе го танцуваат квадрилот. По завршувањето на парадата ќе има честитка од Делегацијата на ЕУ во Скопје и кратка забавна програма со дел од учесниците во мјузиклот „Тајно моја“ во продукција на Македонската опера и балет.

Годинава, матурантите ќе танцуваат и салса на музиката „Shape of you“. 

Покровители на „Матурската парада“ се Град Скопје и Делегацијата на Европската унија во Скопје. 

Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“ од Скопје. 

Ги закопаа „ратните секири„ Дара призна: Карлеуша е голема и слатка

Некогаш добри другарки, а потоа жестоки непријатели - Јелена Карлеуша и Дара Бубамара изгледа одлучија да ги закопаат воените секири.

Најпрпвп Јелена изјави дека Дара и недостасува, и дека била “малечка и слатка“, а потоа Бубамара одлучи да и одговори.

„Мене кој еднаш ќе ме засака, ме сака цел живот. И мажи и жени. Неа никогаш не сум ја мразела и воопшто луѓето со кои некогаш сум се дружела не можам да ги мразам. Се е тоа шоу бизнис. Таа и јас сме на иста бранова должина, што се однесува до фазоните. Јас престанав во последно време, а гледам дека и недостасувам, ќе се вратам можеби (се смее). Таа рече дека сум слатка, мала и слатка, а јас ќе кажа, дека таа е голема и слатка“, изјави Дара.

Момчето ја кршело од ќотек и ја терало да се прејадува: Имала 130 килограми, а сега изгледа вака

Девојката која не сакала да го каже своето име постави на Имгур фотографија од својот напредок откако побегнала од една ужасна врска.

Имено, како што напиша под фотографиите, таа трпела малтретирање во врската, а меѓудругото момчето со ќотек ја присилувало да се прејадува.

Така со висина од метар и пол имала 130 килограми. Со години го трпела насилството од негова страна, а потоа конечно побегнала од таа врска.

Таа сега се опоравува и физички и психички, а на сликите се гледа дека е многу подобро и дека напредува.

-Сега имам 88 килограми и среќна сум, иако сум свесна дека има уште прилично долг пат пред мене, напиша девојката.

Ги изненади фановите - Цеца направи селфи во тоалет

Најголемата фолк ѕвезда на Балканот Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе две години има профил на Инстаграм, но ретко кога таму објавува фотографии.

Но, сепак кога тоа ќе се случи секогаш привлекува огромно внимание.

Сега кога Цеца се отографирала во тоалетот во елегантна црна креација во рок од 1 час успеала да заработи скоро 20.000 лајкови.

Нјезините фанови воодушевени пишувале коментари.

Најчитани

Твитови