Затруени лица во најпознатата скопска сендвичара

Од Министерството за здравство велат дека е извршен инспекциски надзор, а објектот е затворен.

Труење во скопската сендвичарница „Седмица“ во Карпош. Дванаесет лица со симптоми на труење од храна се хоспитализирани. Јаделе сендвичи со плескавици и пилешко месо со кечап и мајонез. Од Министерството за здравство велат дека е извршен инспекциски надзор, а објектот е затворен.

Од увидот во сендвичарницата било утврдено дека општата санитарно-хигиенска состојба во објектот е добра и дека во него не се врши подготовка на храна, туку се спрема во друга работилница, лоцирана на улица Борис Трајковски и со две наменски возила се дистрибуира во овој и уште неколку објекти низ градот.

Од Министерството велат дека за сите вработени лица доставени се уредно заверени санитарни книшки за месец март.

Од сендвичарницата земени се примерок, испирок од раце на вработена која ги подготвувала плескавиците, брисеви од грло и нос на три вработени кои послужуваат на пулт и брисеви од работни површини и мостри од храна.

Од Министерството соопштија дека до завршување на вонредниот надзор, бројката на лица со стомачни тегоби, дијареа, гадење, повраќање и висока температура 39-40 степени изнесува 12.

Девет од нив се згрижени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а на инфективното одделение во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ во моментот во дневна болница се згрижени уште тројца пациенти.

Инспекторите донеле решение за затворање на сендвичарницата и наложиле превентивно да се изврши вонредно темелно механичко чистење на просторот, опремата и работните површини, да се изврши вонредна дезинфекција, дезинсекција и дератизација и да се изврши преглед на вработените.

Фановите во шок: Познатитот водител се повлекува од ТВ екраните?

Повеќе од десет години водителот Огнен Амиџиќ се труди да биде интересен и забаван на публиката. И успеа во тоа.

Зад себе има успешни проекти, но почна да размислува за промена. КОга станува збор за амбиции Огнен вели дека себе се гледа зад камерите како уредник, а не како водител на некоја успешна емисија.

 

Луксуз на сите страни: Ѕирнете во домот на Цеца Ражнатовиќ

Светлана Цеца Ражнатовиќ заедно со своето семејство живее на Дедиње. Нејзиниот дом е осветлен и со многу огледала низ куќата.

Иако многу не го покажува својот дом, како нејзините колешки понекогаш таа и нејзината жерка знаат да објават селфи од некој дел од куќата.

Бидејќи куќата има повеќе спратови, мермерните скали имаат бакарна ограда, а во ходникот има и мермерни столбови.

Најчитани

Твитови