Пред 23 години ја отпеа „Сакам кола убава“: Еве како денес изгледа Дарко! (видео + фото)

Не постои човек кој не ја знае безвременската детска песничка „Сакам кола убава“, која пред 23 години на Златно славејче ја отпеа Дарко Давитковски.

А, истиот тој Дарко пред неколку дена рокерскиот стил го замени со одело и „рипна во тавче“, со Ирина, жената на неговиот живот.

Еве како денес изгледа Дарко:

 

Како е да си снаа во Македонија: Ако си слаба, зошто си слаба, а ако си...

Бескрајно духовит, но вистински опис за тоа што значи да бидеш снаа во Македонија, кружи по социјалните мрежи. Тука се пронаоѓаат и снаите и свекрвите. По се изгледа една од “најтешките ” работи во Македоноја е да бидеш снаа, така пишуваат снаите кои се пронајдоа во овој текст.

Вака гласи описот, кој неодамна се појави:

“Еден од најтешки облици на постоење на Земјата е да бидеш снаа. Од една страна свекрвата, од друга золвата, од трета сите роднини. Има снаи кои уште на почеток си ставаат ред и никој не смее да им се меша, а ги има и оние кои на сите им одат по кеф.

Колку и да се трудиш да им се допаднеш, порано или подоцна, ќе ви дојде вода на уста и ќе добиеш желба да се тргнеш далеку од сите. Бидејќи ако си слаба, зошто си слаба, ако си дебела, зошто си дебела, ако не си образована, зошто не си учела, а ако си, тогаш тоа е твоја работа, тие не те терале со зор.

Ако си убава, не е добро, ако си запуштена, пак не е добро. Ако домот ти е среден, значи дека може да биде уште посреден, ако не тие, веднаш да одиш и да се убиеш, не си домаќинка.

Децата обично не ги доиш или храниш како треба, не ги облекуваш доволно и не знаеш да ги воспитуваш. Ако не сакаш да правиш зимница, лоша си, ако сакаш, тогаш не се прави така, не си научила додека си била кај мајка ти.

Ако правиш колачи, можеле да бидат поубави, а ако нарачуваш од слаткарница, треба да се срамиш. Нејзиниот син, и така никој не може да го сака повеќе од неа, па така залудно се натпреваруваш и силиш”…

Вистинска приказна: Скопјанец пие нови експериментални лекови и за неколку дена заработува една просечна плата!

Од колега разбрав дека во Институтот за фармакологија и токсикологија во клиничкиот центар во Скопје, доброволно можеш да се пријавиш како “експериментално глувче“ и добро да заработиш.

Врз триесетгодишниот скопјанец, три години се тестираат разни видови на лекови.

“Вработен сум во една приватан фирма, а во Институтот доаѓам на повик на лекарите. Во клиниката, зависно од лекот кој ми се дава, останувам и по три дена. Во секој случај овие пари ми се добродојден ”, раскажува нашиот соговорник.

Според него, месечно од овој бизнис може да се заработи и една просечна плата, во зависност од лекот.

„Откако ќе го испиете лекот, докторите ви ја следат здравствената состојба, постојано се мери притисокот, телесната температура. Изолирани сте од надворешниот свет, дозволено е дружба со другите луѓе кои исто така се дојдени за тестирање. Обично времето ни поминува играјќи некои друштвени игри. Досега од испитувањата ми се има јавено осип, вртоглавици и повраќање, но тоа е подносливо, објаснува скопјанецот, чиј идентитет согласно Законот нема да го откриеме.

Пред едно лице да биде ставено на оваа листа тој подлежи на ригорозни здравствени контроли. Само исклучиво здрави лица можат да бидат испитаници врз кои се аплицира лекот. За сите генерички лекови се прави студија на биоеквивалентност. Цел свет користи генерички лекови. Ново тестирање на лек врз истиот испитаник, како што објаснуваат докторите, може да се врши само ако поминале два месеци од претходното аплицирање на друг вид лек, велат од Институтот.

Зависно од лекот кој треба да се анализира различна е групата врз која треба да се аплицира истиот. Максимум групата треба да брои 70 испитаници, а долната граница не може да биде помала од 20 луѓе. Тие по давањето на лекот 24 или, пак, 48 часа се под постојан лекарски надзор и престојуваат во Институтот. Постојано се во придружба на медицинско лице дури и кога одат во тоалет. Засега како што тврдат лекарите не се регистрирани фатални нус појави од лекот што се тестира врз луѓето.

Време е за јако кафе и доза астрологија!

Овен 

Иако работите не се одвиваат на најдобар начин – главата горе! Ако не внимавате, анксиозноста и емоционалната раздразливост би можеле да ве стават во непријатна положба. Можеби премногу сте насочени на една работа, а во исто време заборавате нешто што е многу важно.

Бик

Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем. Имате премногу обврски и не можете да ги следите вашите соработници. Очекувате дека сакана личност ќе заземе некаква заштитничка улога. Наместо тоа, застанете на свои нозе.

Близнаци

Имате прилика за патување, искористете ја за да се тргнете малку од секојдневието. Вашето расположение се подига па ќе имате можност за некои нови и интересни познанства. Нема потреба да одржувате илузии и занес кон личност која не ја познавате доволно. Бидете трезвени и одете чекор по чекор со двете нозе на земја.

Рак

Важно е да го оправдате вашиот углед на работното место. Понекогаш различните обврски можат да бидат товар, но тоа не е оправдување за неодговорно завршената работа. Обидете се да поттикнете кај себе поголема одговорност. Во семејните односи покажете повеќе доверба. Секому е потребна емотивна поддршка.

Лав

Околностите се одлични, искористете ги во целост. Ако сте емотивно спремни, влетајте во нешто ново без размислување. Можностите сами ќе ви доаѓаат. Енергијата е брза и јака. Ослободете се од сите оние работи што ве ограничуваат и насочете се кон остварување на вашите желби.

Девица

Барате начини за подобра организација на секојдневните активности. Некои од вас ќе бидат насочени кон разубавување на домот. Односите со семејните членови стануваат многу важни; ќе мора да покажете зрелост и стабилност во разговорот со еден од членовите од семејството.

Вага

Денес вашиот ум е целосно отворен и во полн капацитет. Насочете се кон решавање на финансиските и другите важни прашања, затоа што ќе можете да сметате на вашата луцидност и интуиција. Бидете самоуверени и слушајте го внатрешното водство во изборите. Голема е веројатноста дека ќе успеете да превртите некоја ситуација во ваша корист.

Скорпија

Вашата потсвест е активна и немирна. Некои сомнежи од минатото повторно се присутни. Ќе бидете притаени и постојано ќе размислувате. Можеби ви се потребни одговори на некои прашања од минатото. Доколку сте во брак или врска, покажете поголемо разбирање за психичката отсутност на партнерот.

Стрелец

Загрижени сте за една блиска личност. Се обидувате да ја разберете и барате начин како да ја подобрите нејзината ситуација. На работноното место имате впечаток дека се случува нешто без ваше знаење или дека саканата личност користи изговори. Не бидете импулсивни и ќе видите дека се е во ред.

Јарец

Продолжете во истражувањето на можностите кога се во прашање правните и административните прашања, затоа што постои можност да најдете совршено решение, совет или опција која отвора нови видици. Бидете свесни за ова! Од друга страна, многумина од вас ќе имаат контакт со личности од други култури и нации.

Водолија

Притаено работите и не сакате многу контакти со луѓе. Длабоките размислувања и анализи ќе ви помогнат подобро да се разберете самите себе. Вашиот систем на вредности веќе извесно време врви низ фаза на промени и се  уште не е дефиниран. Можеби треба да си дадете некое време. Обидете се да не бидете сурови кон себе.

Риби

Денес ќе бидете стимулирани на различни начини. Ќе бидете фасцинирани од се што блеска, па внимавајте да не ги идеализирате работите. Воздржете се од донесување одлуки и обидете се да бидете трезвени и рационални.

Најчитани

Твитови