Речиси пред распаѓање е автомобилот со кој Аркан дошол по Цеца, како невеста (ФОТО)

Свадбата на Цеца и Жељко Ражнатовиќ Аркан беше свадба на векот за која пишуваа дури и американските медиуми, а на Си Ен Ен беше сензација.

Двојката по 2 години врска се венчаше на 19 февруари 1995 година, а пред Бога се заколнаа во храмот Свети Архангел Гаврил.

Тие на венчавката пристигнале во луксузна бордо лимузина „јагуар“ која била вистинска атракција во тоа време, погледнете.

Никој не се раѓа со пеги! Но од што се појавуваат?

Кога сте изложени на сонце, пегите почнуваат да темнеат, а губат на доминација во зимскиот период т.е. кода е помал интензитетот на сонцето.

Никој не се раѓа со пеги, тие се создаваат под влијание на сонцето, па затоа не можете да видите преслатко мало бебе со пеги. Но има вистина и во генетиката и пегите. Пегите многу лесно се пренесуваат и по генетски пат. Пегите се поврзани со генот МC1R кои се поврзани и реагираат на бојата на кожата и косата, а и на меланинот.

Ако имате активни МС1R ген, вашето тело ќе произведува повеќе еумеланин, што значи дека ќе имате потемна боја на косата и кожата. Ако вашиот MC1R ген не е активен, вашето тело ќе лачи повеќе pheomelanin, што значи дека ќе имате светол тен и веројатно плава коса. Но поголема е и веројатноста дека ќе имате пеги.

И научно докажано - пивото нѐ прави посреќни

Пивото има неверојатна моќ по самое една испиена голтка да ви го подигне расположението. Чудесно, зарем не?

Според едно неодамнешно истражување, било утврдено дека само една голтка пиво влијае на создавањето на хормонот допамин, кој е попознат по неговото второ име - хормонот на среќата.

Во истражувањето учествувале доброволци чија задача било да дегустираат 15 мл. пиво во текот на 45 минути. По пиењето нивниот мозок бил скениран, а резултатите покажале дека со помош на само една голтка пиво, се јавува чувство на задоволство и среќа.

Ослободувањето на допамин се случува во адреналински и возбудливи ситуации, но и под дејство на дрога и алкохол. Меѓутоа, пивото не нѐ расположува од тие причини, бидејќи за расположеноста е задолжен само неговиот добар вкус кој ја буди среќата во луѓето. 

Иако резултатите не се изненадувачки, прв пат научно е докажано "среќното" дејство на пивото. На здравје!

Како да се решите од „пивскиот" стомак

Мажите и жените имаат различни метаболизам, па поради тоа, добивањето и губењето на екстра килограмите е доста поразлично.

На мажите им е потребно повеќе храна од жените па затоа и диетите за нив се разликуваат од оние на понежниот пол.

Исхрана здрава за срцето
Мажите се сколони кон болестите на срцето, бидејќи кај нив често се акумулираат штетни масти во крвта. Токму поради ова диетата со ниско ниво на холестерол е добро за нив. Немасно месо, како и немасни млечни производи се главни намирници на оваа диета, заедно со рибата, зеленчукот и овошјето.

Диета богата со протеини
Мажите треба да внесуваат повеќе протеини од жените, бидејќи протеините им помагаат да ги изгубат вишокот килограми. Исто така, треба да го намалат внесувањето на јаглехидратите и од својата исхрана да го изостават солот, путерот, сирењето, лебот итн.

"Пивски" стомак
Постојат два виновници за големиот стомак кај мажите, а тоа се стресот и големите количини на рафинирани јаглехидрати. Квалитетниот сон е уште еден важен чекор до цврст стомак па осум часа се пожелни. Кафето пијте го само наутро.

Најчитани

Твитови