Верувале или не, но и тоа е можно! Жена феномен: Доживува 180 оргазми на ден (видео)

Американката Кара Анаја има ретка болест, која и предизвикува по 90 оргазмот на час.

„Некому можеби ќе му се пристори прекрасно, но за мене тоа е вистински пекол“, вели 30 -годишната жена од државата Аризона. Таа страда од редок синдром на постојана генитална возбуда. Тој и предизвикува големи непријатности кога го носи детето на училиште или кога пазарува.

„Се чувствувам како вистинска развратница, без да имам и најмала вина за болеста“, се доверува Кара.

Болеста која практично е неизлечлива  и била дијагностицирана пред 3 години. Кара живее со 34 годишниот сопруг Тони Карлизи и со 10  годишниот син Тони. Болеста тотално и ги нарушува односите со детето. Таа се чувствувала виновна и непристојна пред него, а не може да му ја објасни природата на страдањето, бидејќи тој е се уште премногу мал.

Погледнете како изгледа нејзиниот живот:

И научно докажано - пивото нѐ прави посреќни

Пивото има неверојатна моќ по самое една испиена голтка да ви го подигне расположението. Чудесно, зарем не?

Според едно неодамнешно истражување, било утврдено дека само една голтка пиво влијае на создавањето на хормонот допамин, кој е попознат по неговото второ име - хормонот на среќата.

Во истражувањето учествувале доброволци чија задача било да дегустираат 15 мл. пиво во текот на 45 минути. По пиењето нивниот мозок бил скениран, а резултатите покажале дека со помош на само една голтка пиво, се јавува чувство на задоволство и среќа.

Ослободувањето на допамин се случува во адреналински и возбудливи ситуации, но и под дејство на дрога и алкохол. Меѓутоа, пивото не нѐ расположува од тие причини, бидејќи за расположеноста е задолжен само неговиот добар вкус кој ја буди среќата во луѓето. 

Иако резултатите не се изненадувачки, прв пат научно е докажано "среќното" дејство на пивото. На здравје!

Како да се решите од „пивскиот" стомак

Мажите и жените имаат различни метаболизам, па поради тоа, добивањето и губењето на екстра килограмите е доста поразлично.

На мажите им е потребно повеќе храна од жените па затоа и диетите за нив се разликуваат од оние на понежниот пол.

Исхрана здрава за срцето
Мажите се сколони кон болестите на срцето, бидејќи кај нив често се акумулираат штетни масти во крвта. Токму поради ова диетата со ниско ниво на холестерол е добро за нив. Немасно месо, како и немасни млечни производи се главни намирници на оваа диета, заедно со рибата, зеленчукот и овошјето.

Диета богата со протеини
Мажите треба да внесуваат повеќе протеини од жените, бидејќи протеините им помагаат да ги изгубат вишокот килограми. Исто така, треба да го намалат внесувањето на јаглехидратите и од својата исхрана да го изостават солот, путерот, сирењето, лебот итн.

"Пивски" стомак
Постојат два виновници за големиот стомак кај мажите, а тоа се стресот и големите количини на рафинирани јаглехидрати. Квалитетниот сон е уште еден важен чекор до цврст стомак па осум часа се пожелни. Кафето пијте го само наутро.

Што никогаш не смеете да кажете на пар со едно дете

Тоа што некој пар има само едно дете може да биде резултат на личен избор, но, и неможност за зачнување. Во секој случај, ова е лична работа во која нивната околина не би смеела да се меша, исто како што не би смееле на пар кој нема деца, да им сугерирате да имаат.

Следниве изјави имаат моќ да ги повредат, но, и навредат некои луѓе. Затоа внимавајте!

"Ќе има ли наскоро второ дете?"

Ова прашање е погрешно од многу причини, било да е тоа жената да не сака друго дете или очајнички го посакува, но, не може да го има. Исто така, постојат низа други интимни причини поради кои еден пар не се одлучуваат за носење на свет на второ дете, кои едноставно не сакаат да ги споделат со луѓето.

"Ќе видите со второто дете!"

Ваквите изјави ги омаловажуваат родителите со едно дете, сугерирајќи дека тие се "помалку родители" поради бројот на децата кои го имаат, или во овој случај го немаат. Оваа изјава остава впечаток дека квалитетот и способноста на родителите и родителската љубов е правопропорционална со бројот на децата.

"Толку сте среќни што имате само едно дете!"

На овие изјави се склони родителите со повеќе деца кои мислат дека нивниот живот е многу повеќе тежок и преполн со обврски, додека родителите на единците имаат време за одмор и уживање. Не само што е ваквата изјава е погрешна,но, се потценува и туѓиот живот.

"На секое дете му треба брат или сестра"

Тврдењето дека единците се осамени, склони на размазување или слични изјави се научно недокажани, а се знае дека на детскиот карактер најголемо влијание има примерот кој ќе го остават родителите. Затоа сугерирањето дека на детето му треба брат или сестра како тоа би било подобар човек се еднакво безобразни, како и неточни.

"Лесно е да се изгледа така по само едно породување!"

Оваа изјава обично излегува од устата на оние жени кои за своите вишок килограми ја обвинуваат единствено бременоста. Не се свесни дека еднакво е тешко да се дојде до посакуваната фигура после една или повеќе бремености. Единствена тајна на успехот е добрата волја.

"Не сакате сега девојче или момче?"

Оваа изјава има еднаков ефект со онаа првата, но, за некоја нијанса полоша поради тоа што подразбира дека сите родители треба да имаат деца од двата пола, бидејќи животот може да им биде некомплетен доколку ја немаат совршената комбинација.

Најчитани

Твитови