Света Елена – местото во кое најголема навреда е да не го поздравите случајниот минувач

До изолираниот бисер на Атлантскиот океан, островот Света Елена, што веќе 500 години се наоѓа под британскат круна, може да се дојде само со брод.

Света Елена е сместена 2.000 километри западно од реката Куена, што се наоѓа на границата меѓу Намибија и Ангола, во југозападниот дел на Африка и 4.000 километри источно од Рио де Жанеиро.

Островот било ненаселено кога Португалците го откриле во 1502 година, а со векови било важна попатна станица за бродовите што патувале кон Европа од Азија и Јужна Африка.

Островот е познат и по тоа што по поразот кај Ватерло и егзилот, Наполен своето засолниште го нашол токму тука.

По 500 години изолација, работите на островот ќе се променат. Додека до неодамна бродовите до Света Елена возеле еднаш месечно, сега на овој остров слетуваат и авиони.

 Изграден е аеродром, а првиот комерцијален лет беше реализиран минатата година.

Се очекува сериозен раст на туристите, а тука навистина има што да се види: планинарски патеки низ вулкански ридови, стари камени тврдини што даваат прекрасен поглед кон морето, огромни ајкули, два национални парка, музеи и др.

Ексклузивно дознаваме: Гастоз станува татко, Анамарија е трудна (видео)

Јавен секс скандал ги раздрма Анамарија и Гастоз по информацијата дека Анамарија е трудна и Гастоз станува татко.

„Парови“ веднаш се посомневаа дека се случуваат промени и дека наскоро двајцата ќе бидат родители. Гастоз се уште не се огласи, барем јавно, а Анамарија само кажа:

„Донесете ми тест за бременост“

Урнебесено stand up видео: Земаш кредит за да ја викнеш комшиката Трајанка на МАТУРА! (видео)

Матурските прослави во полн ек, но некако родителите како да се позагреани за тој момент отколку самите матуранти.

Секоја фамилија се труди да биде што помодерна и подобра во однос на другите, околу тоа како и што ќе има на масата, каде ќе се прослави матурската на синот/ќерката и останато. Има случаи кога родители специјално за матурска земаат кредит. Е ова е само дел од овој урнебесен stand up видео материјал на Ивана Наскова.

Бијонсе си купи црква стара 118 години!

Бијонсе го зголеми бројот на недвижнини кои ги поседува. Според американскиот портал TMZ, поп дивата потроши нови 850.000 американски долари на црква од 7.500 квадратни метри стара 118 години во Њу Орлеанс.

Како што тврдат сигурни извори нејзината сестра Соланж живее во близина на црквата, па кралицата Б веројатно доволно добро ја познава оваа населба. 

Според ТМZ црквата нема да биде отворена за посетители, туку единствените луѓе кои ќе ја посетуваат се семјството на пејачката и нејзини блиски луѓе. Но едно е сигурно, дека надвор од неа постојано ќе има посетители и фанови кои со нерпение ќе бидат таму секоја недела очекувајќи ја Б!  

 

Најчитани

Твитови