Втората најпопуларна апликација веднаш зад Фејсбук: Интересни факти за Snapchat

Денес Snapchat го освои целиот свет и голем број компании како Facebook и Instagram се обидуваат да ги украдат препознатливите карактеристики, но покрај интересните филтери и инстант пораките и snapchat story, што друго е интересно за оваа апликација?

Проверете ги овие топ 9 факти и дознајте нешто ново:

1. Пијалоците се омилената фотографија за праќање

Според неодамнешни статистики, запрепастувачки 93% од Snapchat корисниците имаат пратено слика на некому од нивниот пијалок,  а повеќе од 60% од пратените слики се на луѓе што не ни ги познаваат.

2. Подобра е само од Facebook

Snapchat сега етолку популарен, што единствен ривал им е Facebook. Оваа апликација редовно се рангира на второто место, веднаш зад нашата омилена социјална апликација.

3. Корисниците беа лути кога Snapchat ја трна можноста Best Friends 

Snapchat корисниците беа прилично лути кога во 2015 година кога апликацијата реши да ја отстрани “best friends” функцијата. Со ваквата опција, корисниците можеа да ги видат најдобрите пријатели на другите корисници. 64% од луѓето се уште сакаат „листата на најдобри пријатели” да се врати.

4. Пред да ја направат Snapchat, основачите се обиделе со уште 34 проекти

Основачите, Еван Спигел, Реги Броун Постер и Боби Марфи, се обиделе со 34 проекти пред да им текне на неверојатната идеа за Snapchat. Нивната идеа била критикувана, но добро направиле што не ги послушале критиките.

5. Оригиналното име пред Snapchat било Picaboo

Кога прв пат започнале да работат на неа во 2011, апликацијата најпрво била именувана како Picaboo, но во 2012 година го смениле името во Snapchat.

6. На Snapchat дневно се споделуваат повеќе од 7 милијарди слики и видеа 

Неверојатниот бум кој го направи Snapchat е и повеќе очигледен од статистиката на корисници. Имено, бројката од 2 милијарди споделени слики и видеа пораснува на 7 милијарди во 2016.

7. Филтерите се едни од најпопуларните функции

Во 2015, Snapchat воведе различни филтери кои корисниците можат да ги додаваат на нивните слики и видеа. Општо познато е дека токму ова придонесе за зголемување на популарноста на апликацијата.

8. Жените повеќе ја сакаат отколку мажите

70% од целокупните корисници се жени, а тоа значи дека само 30% од машката популација употребуваат Snapchat. Од 2014, повеќе од половина од корисниците се помеѓу 13 и 17-gодишна возраст.

9. Facebook очајно сака да ја купи

Марк Зукерберг прво понудил милијарда долари за Snapchat, но кога тие одбиле, тој се вратил со понуда од 3 милијарди долари. Snapchat повторно ја одбиле понудата, но тој се вратил и следниот ден ветувајќи чек од 4 милијарди долари. Неговата понуда не била прифатена и до ден денес Snapchat не е продаден.

ЗИМСКИ СПОРТОВИ! Ќе се изнандите како спортуваат мачките на снег! (ВИДЕО)

Можеби и не сте знаеле, но мачињата се посебна приказна кога станува збор за зимските спортови! Нема да можете да се воздржите, мачињава ќе ве полудат од смеење!

Готвењето никогаш не изгледало подобро! Нај згодниот кувар во светот (ВИДЕО)

Згоден, забавен и иновативен во кујната! Можеби сепак има мажи од соништата. Кои преку стомакот ќе го освојат вашето срце, како што би рекле постарите, „љубовта доаѓа преку стомакот“!

Секако ќе има и што да видите во продолжение на ова видео!

Тијана Пандевска: Оваа програмерка од Струмица го запали интернетот! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Оваа "Instagram" девојка е нашата девојка викендов!

Млада и згодна, 18 годишната Струмичанка е студентка на ФИНКИ во Скопје, моментално е во првата година од студиите, која воедно и  живее во Скопје. 
За тоа што изгледа вака и не е ни чудно, оваа девојка веќе 5 години е исклучиво посветена на спортот и спортските активности, ативно се занимава со фитнес. 

Нема да ве зачуди но нејзиното хоби е ФОТОГРАФИРАЊЕ! Нормално со оглед на нејзината убавина.
Слободното време како и сите студенти го поминува во дружба со своите пријатели, искачање, журки, но исто така обожава и да иде во кино!

Најчитани

Твитови