Продолжуваат подготовките на македонските фудбалери за настапот на ЕП во Полска

Македонската репрезентација до 21 година во одлична атмосфера ги продолжува подготовките за првиот натпревар против Шпанија на Европското првенство во Полска.

„Атмосферата во репрезентацијата е секогаш одлична. Опуштени сме, но работиме со полна пареа. Благодарни сме за поддршката која ја добиваме од навивачите во Македонија, но на стара слава не се живее. Сега сме на неколку дена од првиот натпревар во квалификациите и максимално сме посветени на пресметката против Шпанија. Оваа репрезентација покажа дека може да биде на високо ниво, а верувам дека добро ќе ја затвориме одбраната – секако со помош на целата екипа, бидејќи одбраната не зависи само од двајца стопери“, вели Дарко Велковски.

И неговиот соиграч од репрезентацијата Енис Барди очекува добар настап и резултати на ЕУРО 2017.

„Веројатно кај сите се чувствува позитивна трема, но тоа е добро – на тој начин знаеме дека ќе бидеме подготвени. Фокусирани сме на тренинзите и задачите кои ни ги дава селекторот. Подготвени сме за предизвикот, знаеме дека поминавме тежок, исцрпувачки пат до пласманот на Европското првенство и ќе дадеме се од себе да продолжиме со позитивни резултати. Имаме амбиција и ентузијазам, знаеме и кои е нашиот прв противник, но ќе дадеме максимум за некои работи на теренот да се прашаме и ние“, истакнува  Барди.

Првиот натпревар на ЕП Македонија ќе го игра на 17 јуни (сабота) против Шпанија, а потоа следат мечеви против Србија (20 јуни) и Португалија (23 јуни).

Немате клима? Разладете се со помош на овие трикови

Доколку немате клима или не сакате клима овие неколку совети би можеле да ви помогнат да се разладите за време на ноќта и колку толку полесно да заспиете.

Влажен пешкир на прозорецот

Отворете го прозорецот и преку отворот поставете влажен пешкир или некоја друга ткаенина кога за време на жешката ноќ ќе функционира како клима уред.

Коцки мраз пред вентилаторот

Пред спиење собата разладете ја така што чинија со коцки мраз ќе поставите пред вентилаторот.

Ладна купка за нозе

Една ладна купка не само што ќе ве разлади, туку и ќе ви помогне полесно да заспиете. Изладувањето на нозете го опушта целиот организам.

Ледени чорапи

Посебно во топлите ноќи ќе ве освежат ледените чорапи. Само ставете ги чорапите во замрзнувач и облечете ги пред спиење. Ист ефект може да постигнете и со изладување на маица или на некој помала перница.

Сопругата на Аца Лукас им „мавна“ шамар на сите и им ја затвори устата со еден потег (фото)

По сите пишувања на медиумите во Србија дека сопругата на Аца Лукас го изневерила со Марко Jариќ, таа чекаше ситуацијата да се смири па со една фотографија им ја затвори устата на сите. Соња објави селфи со Лукас со кое покажа дека се е совршено меѓу нив.

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ПОНЕДЕЛНИК (26 ЈУНИ 2017)

Овен 

Нов почеток на работната недела, нови проблеми. Потрудете се да ги разберете коментарите на вашите колеги, дури иако ве нервираат. Завршете ги обврските кои се бараат од вас, а потоа испијте го вкусното попладневно кафе во последниот ден од овој месец.

Бик

Конечно вашето расположение оди во нагорна линија, а тоа веројатно се должи на настаните од изминатиов викенд. Некоја личност од минатото повторно ќе се обиде да ви се врати, а вие едвај чекате да ја продолжите романсата, но внимавајте на вашите останати обожаватели.

Близнаци

Немојте да дозволите шармот на некоја личност од спротивниот пол да ви го занесе умот пред да го запознаете нејзиниот карактер. Размислете добро какво однесување би ви одговарало на вам и вашата личност.

Рак

На вашиот љубовен живот потребен му е излез од монотонијата. Затоа, изведете ја вашата сакана личност на вечера и приредете ѝ романтично изненадување, а доколку не сте во врска, соберете храброст и поканете ја на состанок личноста која ви се допаѓа.

Лав

Утрото ќе ви започне со добра вест. Таа вест ќе ве држи цел ден во живот. Убавите моменти споделете ги и со вашите блиски. Вечерта дозволете си да присуствувате на некоја забава и да си поминете убаво. Заслуживте.

Девица

Летото штотуку започна, па затоа би ви било препорачливо да почнете да размислувате за годишниот одмор и однапред да го испланирате буџетот кој ќе ви биде потребен. Кон крајот на денот очекувајте важен разговор со вашиот партнер кој можеби ќе ве растревожи.

Вага

Потребно е да вложувате повеќе труд и одговорност на професионално поле, во спротивно може некој друг да го заземе вашето место. Направете некој баланс помеѓу пријателите и партнерот, бидејќи толку многу поминато време со партнерот брзо прераснува во монотонија.

Шкорпија

Вашите чувства оставете ги за вас, не споделувајте ги со другите, бидејќи така полесно ќе можете да најдете решение на вашите проблеми. Доколку не сте во врска, денеса ќе започнете разговор со некоја личност која ќе ви се допадне, а дали тое ќе прерасне во нешто поголемо, зависи од вас.

Стрелец

Се сеќавате на онаа личност која веќе цел месец не ви излегува од мислите? Е, па токму со таа личност денеска ќе имате можност да разговарате, а ако сѐ оди според планот, ќе добиете понуда за состанок. Совршен крај на монотониот месец.

Јарец

Запаметете дека себичноста не е добра особина, па затоа потрудете се да бидете по великодушни кога станува збор за пријателството, љубовта и секојдневните работи. Денеска направете нешто ново што ќе ви прерасне во понатамошна традиција.

Водолија

Време е да излезете од дома и да се социјализирате. Отидете во најблиското кафуле и забавувајте се. Летото ви ги носи прекрасните сончеви денови, па зошто да не ги искористите до максимум? Не заборавајте дека рекреацијата е важен дел од денот.

Риби

Не заборавајте дека луѓето не се обврзани да го прават она што вие ќе го кажете и дека не може сѐ да иде според вашиот план. Што побрзо го сфатите тоа, толку подобро за вас. Не преоптеретувајте се со ситни детали од секојдневниот живот, туку уживајте во спонтаноста.

Најчитани

Твитови