Без грам шминка, во буквална смисла! Погледнете како изгледа Наташа Беквалац приватно (фото)

Наташа Беквалац неодамна се разведе од Љубе Јовановиќ, а сега ужива во врската со поранешниот кошаркар Лука Лазукиќ. По се изгледа новата врска и тоа како и годи, па со доза на самодоверба го покажа лицете без грам на шминка.

Имено, пејачката на социјалните мрежи сподели фотографија од тоа како се релаксира покрај базен, а еве како Наташа навистина изгледа.

ЌЕ ЈА СЛУШАТЕ ПОВЕЌЕ ПАТИ: „Ми амор“ е новата шпанско-македонска песна на Марко Логаут (ВИДЕО)

„Ми амор“ или „Љубов моја“ е најновото музичко остварување на кралот на ноќните забави во Македонија, Марко Милановиќ или на повеќето од вас познат како - Марко Логаут.

Станува збор за шпанско-македонска песна која Марко ја исполнува со перуанецот Валентино Де Васко, а за која е снимен и видеозапис во кој се појавува убавата балерина Татјана Кипровска.

Текстот за песната го направија Марко и Валентино, музиката е исто така на Марко, додека аранжманот е дело на Рубин Димкоски. Како режисер на видеото се потпишува Никола Китановски.

- Доколку треба да издвојам некој збор за новата песна, тие зборови би биле да уживате во наредните четири минути во еден лесен и необичен дует. Ова е само уште еден чекор кој мене лично ми е поттик да продолжам да творам нова музика. Очекувајте нови песни во иднина - вели Марко Логаут.

Инаку Марко Логаут важи за еден од најбараните забавни изведувачи во земјава, а доказ за тоа е атмосферата од неговите настапи, за која Марко вели дека кој не бил, не знае што пропушта ...

Слушнете и погледнете го видеото за неговата најнова песна:

Михајловски со статус за поразот на ВМРО ДПМНЕ: После 12 победи само спектакуларен пораз доаѓаше во обѕир, а вие учествувавте во него.

Актерот Тони Михајловски кој беше дел од ГДОМ преку својот Фејсбук статус испрати јасна и моќна порака за денешната политичка состојба.  Вели дека овој пост е наменет за оние со кои три години беа по контрапротести, ГДОМ, ГИ4 и слично.

Неговиот статус го пренесуваме во целост:

Како оџа баклава ја лапнавте коската на Сорос, СДС и ШР за реформи во ВМРО. И не ви беше чудно што тоа го почнаа Ѓеро, Фрчко, Тричко и сличните му “душогрижници” на ВМРО? Што за тоа најмногу напињаа и се секираа оние што најмногу не мразат и најрадо би не затвориле, прогониле или убиле? Одработевте за нив. И тоа ќе стои вечно на вас. Како жиг на купен роб. Какви и да биле вашите намери, а не верувам дека биле чесни и бесплатни, вие бевте нивниот тројански дрвен, од махагони, ама коњ.

Вие, и тие, велите дека раководството било нечесно, а вие бевте едно со раководството. Дека не работело како треба, а вие бевте тие што работевте со раководството. Со најтесното. Трпевте или трпавте? Кога го дознавте тоа? Кога ви се јавија да ви кажат? Трепетот на предавството, лагата која ве поти, стравот кој ви ја суши устата ве издаваат дека одработувате и дека сте алчни за пари. Се друго е добредојдено.

И не е завршен инженерингот. Крајот допрва треба да дојде. На “нив” им треба ново реформирано ВМРО-ДПМНЕ. По можност без ВМРО. На “нив” најмногу им треба ново раководство кое вие и тие заедно ќе го составите. Поразот беше единствената домино коцка што може да го турне Никола Груевски. И тој се случи. После 12 победи само спектакуларен пораз доаѓаше во обѕир, а вие учествувавте во него. Не за пари. ЗА МНОГУ ПАРИ.

И, сега ние треба да му свртиме грб? Да се откажеме од него баш како што бараат Ѓеро, Фрчко, Тричко, Шарените? Нема да биде ништо ново нели? Ни во постарата а уште помалку во поновата историја. Во заедничкава ќе биде прв. И на еден друг лидер му се свртеа грб. И се откажаа од него. Тогаш го уништуваа “љубчовизмот” кој ја доведе земјата до пропаст. Сега “груевизмот” е на мета. Уствари го уништуваат вмроизмот ако тоа така се вика.

Ќе се надеваме дека ќе дојде некој кој ќе ја обедини партијата во следните 4 години опозиција, и ќе ја донесе победата? Како што го направи тоа, тој што сега вие и тие најмногу го обвинувате. Или ќе почекаме подолго? Или никогаш нема да дочекаме.

Најпоштено сепак би било, бидејќи тие го дадоа предлогот и ја почнаа “реформата” да ги прашаме кој да ни биде лидер. Ѓеро, Фрчко, Тричко, Бајли да кажат кој им е добар на нив тој да биде, па дури и ти.. [🙂]

Дури им е лош на олошот што го слушате и ве плаќа за ова, мене ми е добар. Зошто? Затоа што во нивните црни тефтери секогаш биле запишувани големи Македонци. Вас ќе ве запишат во белите книги. И заради тоа. За инат на вас пичињата.. [🙂]

Сигурно ќе доживееме реформи. Ќе мора. Се надевам ќе бидат без вас. И дека нема да сте во раководството. Пак. Или со него. Затоа што вие сте послушници на Ѓеро, Фрчко, Тричко и ШР. Пеете иста песна и трошите исти пари.

Реформи можат направат луѓе кои не се уценети, чесни и искрени луѓе што не ги држат за јајца, да простите. Вие тоа не сте. Да не се лажеме.- напиша Михајловски.

Кејт и Вилијам очекуваат бебе во април

Третото дете на британскиот принц Вилијам и Кетрин, Војвотката на Кембриџ, ќе се роди во април. Тоа се вели во официјалното соопштение на палатата Кенсингтон, цитирано од агенцијата Ројтерс, откако со тоа ги негираа гласините, дека Кејт чека близнаци.

Како и со претходните две бремености, војвотката страда од тешко утринското гадење (хиперемезис гравидариум) и досега се појави јавно само два пати од прогласувањето на веста.

Кралското семејство веќе има две деца – принцот Џорџ Александар Луис, роден во 2013 година, и принцезата Шарлот Елизабет Дајана, која се роди во 2015 година. Поради Шарлот, законот за наследување беше така променет што таа е четврта во редот на наследување на круната (по дедо и Чарлс, татко и Вилијам и принцот Џорџ) и не може да биде поместена од родените по неа браќа.

Двете претходни бремености на војвотката беа објавени пред дванаесеттата недела, поради тешката нејзина состојба. Хиперемнезис гравидариум влијае на околу 1 на двесте жени и се изразува со остро нерасположение и повраќање, кое може да биде опасно поради дехидратацијата.

Најчитани

Твитови