Што прават наставниците додека се на ,,распуст”: Aко тоа може да се нарече распуст

На 10 јуни започнува летниот распуст за учениците. Многумина мислат дека истото важи и за наставниците. Замислете, дури и моите дома до пред некоја година ме прашуваа, дали секој ден ќе одам на работа. А секој втор што ме сретнува ми го поставува прашањето „ И што правите сега кога немате деца? Зошто воопшто одите на работа?

Овој текст е за сите оние што не знаат што работат наставниците кога нема ученици. Па да почнеме од почеток.

Уште првиот ден од распустот започнуваат одделенските совети на кои се утврдува успехот и поведението на учениците, потоа следи и наставнички совет. Потоа се пополнуваат извештаи за истото, во извештајот пополнуваш табела со успех по предмети, табела со успех на ученици по национален и полов состав. табела со оправдани и неоправдани изостаноци по пол, осипани ученици, отпишани и запишани ученици, ученици со изречени педагошки мерки итн.

Откако ќе се утврди успехот следува пишување на оцените за крајот на второто полугодие и годишните оцени во дневникот на паралелката, запишување на изостаноците, мерките и средниот успех по ученик. Препишување на сето тоа во главната книга. Истите тие податоци треба да се внесат и во електронскиот дневник и на крај е пишувањето на свидетелствата. Многу е и ако пишуваш бројчани оцени а замислете како е со описните ( една оцена на  има минимум 500 зборови)

И тоа не е се! (во стилот на Топ-шоп )

Следи подготовка на извештајот за работата на училиштето за изминатата година. Значи повторно наставниците и стручните соработници членови на тимови изготвуваат извештаи за:  приоритетите на училиштето, детска организација, естетско уредување на училиштето и училишниот двор, ученичко – училишна заедница, работата на стручен актив на одделенска настава, стручен актив на општествено – јазична група на предмети, стручен актив на природно-математичка група на предмети, за организирање на ученички екскурзии,  културно- забавен живот, црвен крст, професионален развој на наставниците во училиштето, подобрување на следењето на планирањето на наставата и наставниот процес, подобрување на примената на стекнати знаења од обуките, изготвување на ученичко досие, ЕКО, за работа со надарени ученици,  подобрување на квалитетот на додатна и дополнителна настава,  подобрување и продлабочување на соработката со родителите, инклузија на учениците со посебни потреби и емоционални потешкотии, професионална ориентација на учениците,  меѓуетничка интеграција во образованието, превенција од насилното однесување во училиштето, следење, анализа и поддршка на оценувањето, за увид во педагошка евиденција и документација,  за грижа за здравјето на учениците ….

Од сето тоа и уште многу други податоци се составува годишниот извештај што е поголем од отчетот на една влада.

И тоа не е се! Работата на наставниците не завршува тука. Наставниците треба уште и да го пополнат своето професионално досие со докази за посетување обуки, часови со примена на современи методи, со примена на ИКТ, со примена на диференциран пристап, со итегрирани цели од меѓуетничка интеграција, намалување на насилството, ЕКО, професионална ориентација на учениците, тестови со диференцирани задачи, подготовки и докази за одржана додатна и дополнителна настава, учество во проекти, држење обуки, објавени трудови итн.

Е тука веќе се гледа крајот! Нооооооооо , тоа не е се! Веќе е месец јули и новата учебна година опасно се наближува, мораме да почнеме со изработка на новите акциони планови за сите оние горенаведени тимови и полека да ја изработуваме годишната програма за наредната година.

А кога ќе се вратиме од нашиот летен распуст кој завршува негде околу 12 Август ќе имаме време да ги подготвиме нашите годишни и тематски планирања за наставата и предметите кои ги предаваме, да направиме распоред на часови, план за писмени проверки, план за еко активности, план за посети и екскурзии, план за соработка со родители и родителски состаноци, план за слободни активности, план за секции …… иииии сакате ли уште да набројувам или Ви е јасно што работат наставниците кога нема ученици во училиштето?

Одделенски наставник,

Тања Метикош

Oбвинетите признаа вина за НАЈГОЛЕМИОТ ГРАБЕЖ НА БАНКА во историјата на Македонија

На вчерашното рочиште во Основниот суд Скопје 1 Скопје во врска со грабежот во Тутунска банка, четворицата обвинети опфатени со Обвинителен акт признаа вина за кривичните дела што им се ставаа на товар.

Како што соопшти Основното јавно обвинтелство ,  тие се изјасниле  за виновни дека со умисла и во повеќе временски поврзани дејствија, искористувајќи ја својата работна позиција и познавање на процесите на работата во банката, противправно присвоиле парични средства во значителен износ од 400.000 швајцарски франци и 375.000 евра. На 10.04 2017 извршиле кражба и на 2.000.000 швајцарски франци и 270.000 евра. Иако ги признале во целост наводите од Обвинителниот акт, обвинетите не откриле што сториле со украдените парични средства.

Согласно Обвинителниот акт, првообвинетиот се гонеше за сторени кривични дела – Затајување од член 239 став 5 во врска со став 3 и 1 и во врска со член 45, што значи дека делото е сторено повеќе пати во низа како повеќекратно остварување на истото дело, како и за сторено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 3 од Кривичниот законик. Второто лице се товареше за истите кривични дела – Затајување и Тешка кражба, но во врска со член 24 од Кривичниот законик, односно за помагање. Третиот обвинет со Обвинителниот акт се товари за кривичното дело – Тешка кражба со помагање, додека пак четвртото лице е обвинето за кривичното дело – Затајување во врска со член 22 од Кривичниот законик, односно за соизвршителство.

Откако обвинетите ја признаа вината, судијата закажа рочиште на 27.10.2017 година, на кое ќе бидат изнесени завршните зборови во предметот против нив. За кривичното дело – Тешка кражба од член 236 став 3, што се однесува на предмети во вредност од големи размери, пропишана е затворска казна од 3 месеци до 10 години. За кривичното дело од член 239 став 5 – Затајување, законикот пропишува затворска казна од една до 10 години.

Надлежниот обвинител кој постапува во предметот до судот достави и Обвинителен предлог против други четири лица, на кои како одговорни лица во банката врз основа на општ акт, со посебно овластување им биле доверени определен круг на работи, несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа го овозможиле противправното присвојување на паричните средства во горенаведениот износ. Две лица се товарат дека сториле кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353 став 5 во врска со член 45 од Кривичниот законик, што предвидува вршење кривично дело од продолжен вид, додека другите двајца се товарат за истото кривично дело – Несовесно работење во службата, но за негово еднократно сторување.

Постапката против овие четири лица продолжува одвоено.

Разголена и без грам шминка – селфито на Сека е хит на интернет

Пејачката Светлана Сека Алексиќ ги заинтригира своите фанови со фотографија која ја споделила на Инстаграм, а на која открива сѐ, а ништо не покажува.

Сека се фотографирала во својот дом прекриена само со капут со крзно и без шминка. Сепак, нејзиното беспрекорно лице не успеало да го намали воодушевувањето од деколтето кое Сека го покажала.

Нејзината фотографија за само неколку минути доби илјадници лајкови.

Се појави најлудиот кондом на светот за најмоќниот политичар (ФОТО)

Владимир Путин, претседателот на Руската Федерација, за роденден доби еден куп роденденски подароци. Од песни па преку разни животни, кучиња, мали тигри, кози и коњи, филмски реквизити…

Сега на ред дојде и кондом со неговите лик и име.

Новиот презерватив со име „Put in“, што во превод значи „стави го“, за првпат е виден на саемот за еротика во Њујорк.

Фотографијата на кондомот со интересната амбалажа ја постираше на социјалните мрежи една Русинка, а останува да погодуваме дали таа овој сувенир го понела со себе и го искористила.

Во секој случај, сите се воодушевени од овој предмет кој може да послужи како идеален подарок за љубителите на ликот и делото на Владимир Путин.

Најчитани

Твитови