Дневен хороскоп (06.19.2017) Понеделник

ОВЕН

Ако денес се изненадите кога ќе видите колони од прекрасни мали креатури низ сокаците и улиците, ќе ви текне, се надевам, дека денес е први април, ден на шегата, од неодамна и ден на маските, а за некоја година верувам дека и на Рио ќе му бидеме конкуренција. Значи очекувајте некој денес да се обиде да ве излаже, а како мене ми стојат работите можеби и ќе успее посебно на финансиски план. Тоа сепак нема да биде првоаприлски обид, па не е згора да внимавате.

БИК

Денес ќе морате да внимавате на обиди да бидете излажани на некаков патетичен начин, но ако притоа забележите некакви инсинуации на тема на вашиот интимен живот или љубовнички статус, треба да си ставите прст на чело дали има основа за ваквите инсинуации. Ако нема, ви е гајле, можете и да ја прифатите играта, но ако има ќе треба да размислите за можните опасни последици од вашиот таен љубовен живот. Веќе премногу луѓе знаат за вашите активности, па иако некој последен дознава, сепак ќе дознае.

БЛИЗНАЦИ

. Се подразбира дека сите смислени лаги за вашата околина ќе пројдат мазно, бидејќи, како да речам, вие сте еден од мајсторите на лагата во зодијачкиот циркус, а и за мимикрија ве бива. Можете да бидете кој лик сакате. И без костим или шминка.

РАК

Денес вашата владетелка Месечината нема никакви аспекти со другите планети и небески тела на небото, и според старите астролошки ќитапи, на таков ден се добива уште една година од животот плус како бакшиш. Мислам денов можете да го направите посебен, и поради своите деца, и не мора да “пропадне” во дневната рутина, работа, дома. Еднаш во годината е први април, и секој е неповторлив. Забавувајте со своите најмали бидејќи и тие еден ден ќе речат дека им е доста глупирање на овој ден. А тоа ќе биде знак дека тие пораснале, а вие сте остареле.

ЛАВ

Познавајќи ве, мислам дека нема да имате никаков проблем да се прошетате со своите најмили онака горди поради нивниот костим и шминка, а секако и вашата креативност. Ќе стокмите еден куп на фотографии и снимки на камерата обележувајќи го настанот, а тоа е можеби е најзначајното што ќе го направите денов, бидејќи после низа години истово ќе ви изгледа како најголемо богатство. Нема вас да ве лажат денов, барем не онака запалено, настојчиво, бидејќи и така ви се укажува почитување.

ДЕВИЦА

Се надевам дека никаде не брзате и не туфкате секому дека брзате и имате работа и немате време за глупирање со вашите најмили, кои гордо ги шетаат костимите низ градските џадиња. Знам дека имате состаноци, обврски, знам дека вашиот претпоставен има деца на факултет, и дека нема поим што значи први април освен дека е дата во календарот. Сето тоа ми е познато, та и јас го живеам истиов живот, но можете ли барем на момент да бидете задоволни, ако не и среќни, поради среќата на вашите џуџиња.

ВАГА

Не се сомневам дека вие сте ги смилиле, ако не и направиле костимите за денешниот карневал и маскенбал, иако онака стегнати, наконтени и целите во крцкање не баш да се вклопувате во целата карневалска атмосфера, а не трпите хаос, макар и да е креативен. Денес е сепак убав ден за рекреативност на духовен план и можеб ќе треба малку повеќе да ја доживеете атмосферата на денешните случувања, за да го разберете сопствениот живот. Може да биде ем поучно, ем весело.

СКОРПИЈА

Бадијала фрчите и се премислувате како да фатите џада, бидејќи искрено речено ситуацијата со први април ве нервира, и сите тие преправања, маскирања, глупирања. Иако најдовте костими за најмалите доколку ги имате, другото е се губење на време. Ова е поради навистина големите обврски ама и поради мала непријатност и заборавање кога последен пат сте се опуштиле. Можеби е ова тој ден за опуштање. Обидете се, може да ви биде забавно.

СТРЕЛЕЦ

Мислам дека вашите деца ве обожаваат, бидејќи во првиот април сте целите влезени, исто како вашите најмали, со иста жар и сериозност, како од денешнава парада да зависи и судбината на светот. Ако така навистина се чувствувате, тогаш знајте дека од овој ден и вашето расположение што го ширите и пренесувате на другите и зависи иднината на светот, само што вашата околина тоа не го знае. Сите костими и маски се убави и нема место за победени и победници. Се согласувам. Не мора од сенешто да правиме политика.

ЈАРЕЦ

Еден доста патетичен ден е пред вас. Можеби и некој ќе се обиде апла да ве излаже и ќе наседнете, бидејќи одамна бевте мали и го мразевте денот кога сите се преправаа во нешто што не се, и се лажеа меѓусебно. Вие сте реални и практични и мразите какви било преправања. Сепак тоа не е причина да не им овозможите на своите најмали да се развеселат, со костимите и маските кои самите сте ги направиле. Во принцип за вакви работи не давате пари. Да, освен ако не запне другата половина.

ВОДОЛИЈА

Секогаш сте подготвени за џангрлак, па и со деца ако треба. Се плашам дека и вас едвај ве држи срцето да не се џитнете во некој костим на некој Марсовец или друг вонземјанин. Муабетот ми беше дека би било многу убаво барем денес да ги заборавиме постојните и дневните грижи и да не офкаме и стенкаме кај им текна баш денес да е маскембал, карневал и се друго на купче. Се надевам паметите колку бевте весели за овој ден на училиште кога можеби и немаше маски купени од странство, ама имаше доста шеги.

РИБИ

И вие сте подготвени со своите деца гордо да прошетате низ улиците и маалата и да ги покажете своите наследници костимирани и маскирани според вашите замисли. Нормално говорам за женскиот дел од знаков, кој сериозно си ја разбрал среќата и радоста на децата. Машкиот дел како помалку да се срами од целава ситуација. Нека не ве нервираат индиферентните минувачи и запенавените пензионери во политички муабети, кои око не фрлаат и насмевка не пуштаат на вашите горди и костимирани џуџиња. Нив штрковите ги донеле како големи и остарени.

извор:репотер

Како близначка на Драгана Мирковиќ: Протече фотографија од Леа Киш пред 27 години

Оние кои ја следат Леа Киш не можат да ја замислат без русокоса рамна коса и силна шминка. Меѓутоа, протече фотографија од 1900 година на која водителката изгледа потполно различно.

На прв поглед сите помислија дека станува збор за Драгана Мирковиќ. Голема насмевка и цртите на лицето потсетуваат на пејачката на своите почетоци.

Грозно изненадување: Пресекол дрво, а потоа видел нешто од што се заледува крвта!

Кога пред неколку дена Рајан Сандерс сечел дрва во шума, не го очекувал ова.

Имено, кога пресекол едно стебло, во средината забележал крв. Ја вклучил камерата и се приближил.

Во дрвото имало преполовена змија. Како змијата завршила во средината на стеблото никој не знае...

По ова, никогаш нема да ги фрлите семките од лубеницата - Немате поим колку се корисни!

Голем број луѓе ги фрлаат семките од лубеницата кога го јадат ова овошје, но не би требало да е така. Семето од лубеницата е здраво, иако ќе се согласите дека не е толку вкусно како лубеницата. Сепак, нутриционистите советуваат да го изедете заедно со овошјето бидејќи е богато со протеини, витамин Б, магнезиум… Овие состојки го намалуваат нивото на лошиот холестерол, ризикот од воспаление и ризикот од срцеви заболувања.

Семките од разни овошја се генерално добри за здравјето, но семето на лубеницата поради сите хранливи состојки на некој начин е ѕвезда меѓу семките, велат експертите.

Исто така, нутриционистите советуваат дека најдобро е да се јаде семето од лубеницата кога ќе никне, бидејќи тогаш е вистинско протеинско богатство. Ако изедете количина семки кои стојат во сад од 0,2 дл, ќе внесете 10 грама протеини.

За да ја искористите лековитоста на семките потребно е тие да се сварат, сомелат или испечат, за да можете да дојдете до драгоцената содржина. Тие во себе содржат диетски влакна, неопходни за нормална работа на пробавниот тракт, помагаат во случај на појава на цревни паразити, како и за лечење на болни од жолтица, водени болести и воспаленија во организмот.

Семките од лубеница ја содржат супстанцата цитрулин, која делува како антиоксиданс, помага за ширење на крвните садови, при артериосклероза, кај висок крвен притисок и ангина пекторис.

Американски научници во почетокот на 20 век, напишале дека семките од лубеница се многу корисни за лекување на бубрезите и мочните патишта. Според нивните кажувања, користењето на чајот од свежи семки е прекрасен диуретик и се препорачува за отстранување на камчиња и песок од бубрезите и мочните патишта.

Рецепт за чај

Се земаат 4 лажици свежи семки од лубеница, се дробат или мелат во млин за кафе. Се варат 15 мин во 2 литри вода. Оваа количинасе распоредува и се пие во текот на два дена, а третиот ден се прави пауза. Овој процес се прави неколку седмици по истиот редослед. Два дена се пие, третиот ден пауза.

Најчитани

Твитови