Ново Лото 7/34 со нова 7ка во Куманово: Со уплата на 100 денари до добивка од 100 000 евра

Во 48мото коло од играта НовоЛото 7/34 чие извлекување се одржа во сабота на 17ти јуни 2017, постигната беше добивка 7ка со вредност од шест милиони (6.000.000,00) денари.

Уплатата е реализирана во Куманово во среќното место Кеопс. Уплатени се четири комбинации од по 20 денари и еден Џокер број од 20 денари со што вкупната уплата на играчот изнесува 100 денари. Добитна беше третата комбинација, а среќните броеви кои на играчот  му носат 100.000 евра се:  6, 10, 15, 20, 25, 30 и 34.

Уплатата е реализирана на 16ти јуни, ден пред извлекување, а ова е токму 16тата седумка од почетокот на приредување на играта на среќа НовоЛото 7/34.

Среќното место Кеопс во Куманово по втор пат во историјата на оваа игра на среќа е уплатно место на постигната 7ка и ова е прв пат што се повторува 7ка во исто среќно место.  До сега градови во кои е постигната 7ка се: Скопје со вкупно осум постигнати седумки, Битола со четири постигнати седумки, Куманово со две седумки, Свети Николе и Тетово со по една постигната седумка.

Највредната седумка до сега носеше 27.503.930,00, со броеви уплатени во киоск на Југодрво во Скопје, минатата, 2016та година.

Оваа 16та седумка е втора по ред во оваа година, а година со најголем број седумки е 2015та кога се постигнати дури четири 7ки. Се надеваме дека до крајот на оваа година ќе успееме со нашите лото играчи да го надминеме бројот на до сега рекордната 2015та, по број на постигнати 7ки.

Фондот за 7ка за наредното коло изнесува 6.000.000,00 денари, а премијата за дополнителната игра Џокер ќе надмине 1.000.000,00 денари.

Среќниот добитник на оваа 16та 7ка го очекуваме во просториите на Државна лотарија на Македонија со електронската потврда за уплата на неговите среќни броеви, во врска со кои веруваме дека ќе добиеме интересна приказна која ќе ја споделиме со вас.

Играта НовоЛото 7/34 ја носи најголемата добивка во Македонија, а кој игра, тој добива.

За добро!

Како близначка на Драгана Мирковиќ: Протече фотографија од Леа Киш пред 27 години

Оние кои ја следат Леа Киш не можат да ја замислат без русокоса рамна коса и силна шминка. Меѓутоа, протече фотографија од 1900 година на која водителката изгледа потполно различно.

На прв поглед сите помислија дека станува збор за Драгана Мирковиќ. Голема насмевка и цртите на лицето потсетуваат на пејачката на своите почетоци.

Грозно изненадување: Пресекол дрво, а потоа видел нешто од што се заледува крвта!

Кога пред неколку дена Рајан Сандерс сечел дрва во шума, не го очекувал ова.

Имено, кога пресекол едно стебло, во средината забележал крв. Ја вклучил камерата и се приближил.

Во дрвото имало преполовена змија. Како змијата завршила во средината на стеблото никој не знае...

По ова, никогаш нема да ги фрлите семките од лубеницата - Немате поим колку се корисни!

Голем број луѓе ги фрлаат семките од лубеницата кога го јадат ова овошје, но не би требало да е така. Семето од лубеницата е здраво, иако ќе се согласите дека не е толку вкусно како лубеницата. Сепак, нутриционистите советуваат да го изедете заедно со овошјето бидејќи е богато со протеини, витамин Б, магнезиум… Овие состојки го намалуваат нивото на лошиот холестерол, ризикот од воспаление и ризикот од срцеви заболувања.

Семките од разни овошја се генерално добри за здравјето, но семето на лубеницата поради сите хранливи состојки на некој начин е ѕвезда меѓу семките, велат експертите.

Исто така, нутриционистите советуваат дека најдобро е да се јаде семето од лубеницата кога ќе никне, бидејќи тогаш е вистинско протеинско богатство. Ако изедете количина семки кои стојат во сад од 0,2 дл, ќе внесете 10 грама протеини.

За да ја искористите лековитоста на семките потребно е тие да се сварат, сомелат или испечат, за да можете да дојдете до драгоцената содржина. Тие во себе содржат диетски влакна, неопходни за нормална работа на пробавниот тракт, помагаат во случај на појава на цревни паразити, како и за лечење на болни од жолтица, водени болести и воспаленија во организмот.

Семките од лубеница ја содржат супстанцата цитрулин, која делува како антиоксиданс, помага за ширење на крвните садови, при артериосклероза, кај висок крвен притисок и ангина пекторис.

Американски научници во почетокот на 20 век, напишале дека семките од лубеница се многу корисни за лекување на бубрезите и мочните патишта. Според нивните кажувања, користењето на чајот од свежи семки е прекрасен диуретик и се препорачува за отстранување на камчиња и песок од бубрезите и мочните патишта.

Рецепт за чај

Се земаат 4 лажици свежи семки од лубеница, се дробат или мелат во млин за кафе. Се варат 15 мин во 2 литри вода. Оваа количинасе распоредува и се пие во текот на два дена, а третиот ден се прави пауза. Овој процес се прави неколку седмици по истиот редослед. Два дена се пие, третиот ден пауза.

Најчитани

Твитови