Имала страшна главоболка два дена по што починала: Oбратете внимание на овие симптоми

Некои приказни се едноставно тажни и често туѓите искуства ги прифаќаме како предупредување.

Случајот со Шарлот од Северна Каролина уште од малечка патела од мигрена меѓутоа не посетувала доктор, туку со болката се справувала со таблети.

Така било со години, се додека еден ден мигрената не станала неподнослива, никој не верувал дека може да биде толку опасно.

Ерик се шокирал кога дознал дека неговата сопруга има аневризма во мозокот, и дека сите тие болки биле поради тоа. Аневризма претставува меур кој се создава во мозокот и прави притисок. Тој расте и доаѓа до пукање на крвните садови што доведува до крварење.

Ако на време се открие може да се реши, но Шарлот чекала премногу долго, па два дена по неподносливата болка и откако и откриле дека има меур на мозокот таа починала.

Нејзиниот сопруг ја споделил со сите својата тажна судбина, за да ги предупредеи сите останати, да внимаваат на себе.

Шарлот зад себе оставила сопруг и четири деца.

Ова се симптомоите на Аневризма:

- силна мигрена

- губење на чувство во пределот на лицето

- вртоглавица

- слабост и повраќање

Најдобриот наставник во светот: Секој месец платата им ја давал на сиромашните ученици!

Наставникот Питер Табиќи од Кенија, кој својот поголем дел од заработката ја дава на сиромашни ученици, е избран за најдобриот наставник во светот. Неговата награда вредна милион долари, му е доделена во Дубаи.

Питер предава математика и физика, а 80% од неговата плата, тој ја донира за да им помогне на сиромашните ученици во селото Пвани.

Во ова село, кое се соочува со проблемите од типот на суша и глад, речиси третина од децата се сирачиња или имаат по само еден родител.

Табиќи (36) е избран меѓу 10.000 кандидати, од 179 земји. Водител на церемонијата на која тој ја добил наградата ја водел актерот Хју Џејман, пишува „Асоишејтед прес“.

Наградата ја установила фондацијата „Варки“ во Дубаи.

Со маска од ПАВЛАКА до неверојатен ефект!

Павлаката е производ кој поседува уникатни својства, кои се должат на нејзиниот балансиран состав од лековити материи, масти и витамини (А, Е, Б1, Б2, и Ц). Таа се апсорбира лесно и речиси не остава мрсни траги.Маските од павлака се идеални за сите типови кожа.

За приготвување на маската ви е потребно:

- една лажица павлака,

- една жолчка од јајце,

- една лажица алое.

Алое ќе најдете речиси во сите наши аптеки, во поголема опаковка, но ќе го употребите за приготвување на многу други маски.

Нанесете неколку слоеви од маската на лицето, деколтето и вратот ( штом се исуши едниот слој, нанесете нов ). После 20-30 минути исплакнете го лицето најпрво со топла, а после тоа со ладна вода. Маската има неверојатен ефект, подмладува, ја освежува и храни кожата.

Најчитани

Твитови