Научниците открија како изгледал човек кој живеел пред 700 години

Британски истражувачи го открија лицето на човекот, чие име е познато како Контекст 958, а кој живеел во 13-от век.

Експертите на Фестивалот за наука во Кембриџ претставија лице кое е реконструирано врз основа на коските на черепот. Тој бил низок по раст и живеел во сиромаштија.

Научниците неговото лице го реконструираа во рамките на проектот „По чумата“, кој се занимавал со истражување на скелети пронајдени во средновекововен гроб под една од зградите на Универзитетот во Кембриџ.

Телата кои поттекнуваат од периодот меѓу 1200 и 1400 година биле погребани сроти болницата „Свети Јован Богослов“.

Контекст 958 имал нешто повеќе од 40 години и силен скелет со оштетување, што најверојатно значи дека работел тешка физичка работа. За разлика од другите сиромашни современици, тој јадел месо и риба. 

ЧЕСТИТКИ: Сека Алексиќ доби нов член во семејството, еве ги првите фотографии

Сека Алексиќ често објавува фотографии на социјалните мрежи и тоа најчесто со својот син Јаков или пак со нејзините домашни милиничиња.

Таа на своите следачи на Инстаграм им откри дека во нивниот дом се всели нов член, односно ново милениче. Станува збор за куче кое пејачката го крси Арон Рон.

Пожар во стан во Скопје, повредени 3 лица

Три лица се повредени во пожар во стан во Скопје кој изгорел целосно. Пожарот се проширил и во два соседни стана.

Полицијата соопшти дека  пожарот избувнал ноќеска, околу еден час по полноќ, во стан во зграда на ул.Сава Ковачевиќ сопственост на М.С. (73), која била сама.

Од пожарот, дошло до пукање на цевките од парното, при што се оштетени и станот сопстеност на В.М. (36) и станот сопственост на Б.А. (40).

Исто така, од пожарот со повреди се здобиле М.Ј (52) и С.Ј. (52) – станари во истата зграда, кои со возила на Итната медицинска помош биле пренесени во ГОБ „8-ми Септември“, каде по укажаната лекарска помош им биле констатирани телесни повреди.

Пожарот е изгаснат.

Ова е причината зошто утринското кафе протерува!

Дали забележавте дека кога ќе го испиете кафето, особено она првото утринско, веќе после неколку минути чувствувате потреба за да го посетите тоалетот...

Сите ги имаат истите симптоми. Не е кофеинот, ако мислевте на тоа. Обидете се со кока-кола ако сакате, нема да го добиете истиот ефект, затоа што овде кафето е во прашање.

Се уште не е научно потврдено која од супстанците во кафето имаат лаксативен ефект, кој не тера да одиме во тоалет. Станува збор за два хормона, чие количество се зголемува - гастрин, кој ја поттикнува перисталтиката на цревата и холецистокин - задолжен да регулира колку често имаме потреба да одиме во тоалет. Научниците заклучуваат дека некоја од компонентите што го зголемува кафето, ги лачи овие хормони и не тера да го извршуваме она...

Се надеваме дека наскоро ќе се открие точно која супстанца не протерува, затоа што ќе им помогне многу на оние што страдаат од тврда столица.

Најчитани

Твитови