Светски, а од наши изведувачи! Уникатно остварување од The Planktons, кои настапуваат и на Д Фестивал (видео)

Уникатни и препознатливи, со еден збор препознатливи. Да, тоа се The Planktons.  „Сон“ е еден од сингловите кои ќе се најдат на нивниот албум „Денес“. Албумот излегува кон крајот на оваа или почетокот на наредната година. До тогаш слушајте ја „Сон“ и уживајте во летото.

Со нив се дружите на одлична забава во рамки на Д Фестивал 2017.

СИЛНО НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАТИ БЛАЦЕ: ГРАДОТ ГО СОБИРАА СО БАГЕР, ПРИЧИНЕТА ОГРОМНА ШТЕТА

Невреме проследено со силен град утрово околу 8 часот зафати неколку села во општината Блаце при што беше причинета огромна штета.

Настрадаа градините, пченката, малините, капините и сливарниците во оваа српска општина која се наоѓа во близина на Прокупље.

Село Гргуре беше зафатено од големото невреме каде падна град со големина на орев, и во неговото собраиње мораше да се вклучи и багер.

Докторот сакал да ѝ го исче прстот, а златарот прстенот - на крај го извадиле на овој начин

"Impressive World" е страница на Фејсбук која објавила навистина импресивно видео. 

Станува збор за едноставен трик за кој никому не би му паднало на памет додека не го види.

Како што се гледа на видеото, на жената ѝ се заглавил прстен на прстот.

Погледнете како успешно ѝ бил отстранет:

Нов земјотрес регистриран кај Охрид

Земјотрес со јачина од 3.1 степени според европската сеизмичка скала вечерва е почувствуван во охридскиот регион.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 19.11 часот, бил на четири километри од Охрид, односно на седум километри од Косел.

Ова е последниот од серијата земјотреси кои повеќе од еден месеци го тресат охридскиот регион.

Најчитани

Твитови