Манџукиќ бесен на медиумите: Никогаш не сум рекол нешто такво за Дани и Лео

Не се чекаше долго на реакција од Марио Манџукиќ, на измисленото интервју од италијанските медиуми, како што истакна хрватскиот фудбалер, за тоа што всушност рекол за расправијата меѓу Дани Алвеш и Бонучи пред ЛШ финалето.

Италијанските медиуми, заедно со српските, лансираа приказна и некое интервју кое наводно го направиле со Манџукиќ, кој наводно им потврдил дека пред финалето во ЛШ годинава, имало тежок инцидент помеѓу Алвеш и Бонучи.

Манџукиќ веднаш реагираше со статус на Инстаграм:

„Измислен разговор со мене поврзан за Дани и Лео. Никогаш не сум изјавил такво нешто. Кој и да ме познава, знае дека никогаш не зборувам за моите соиграчи зад грб. Ако имам нешто да им кажам, тоа ќе им го кажам во лице, ова не се мои зборови“, истакна Манџукиќ.

СИЛНО НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАТИ БЛАЦЕ: ГРАДОТ ГО СОБИРАА СО БАГЕР, ПРИЧИНЕТА ОГРОМНА ШТЕТА

Невреме проследено со силен град утрово околу 8 часот зафати неколку села во општината Блаце при што беше причинета огромна штета.

Настрадаа градините, пченката, малините, капините и сливарниците во оваа српска општина која се наоѓа во близина на Прокупље.

Село Гргуре беше зафатено од големото невреме каде падна град со големина на орев, и во неговото собраиње мораше да се вклучи и багер.

Докторот сакал да ѝ го исче прстот, а златарот прстенот - на крај го извадиле на овој начин

"Impressive World" е страница на Фејсбук која објавила навистина импресивно видео. 

Станува збор за едноставен трик за кој никому не би му паднало на памет додека не го види.

Како што се гледа на видеото, на жената ѝ се заглавил прстен на прстот.

Погледнете како успешно ѝ бил отстранет:

Нов земјотрес регистриран кај Охрид

Земјотрес со јачина од 3.1 степени според европската сеизмичка скала вечерва е почувствуван во охридскиот регион.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 19.11 часот, бил на четири километри од Охрид, односно на седум километри од Косел.

Ова е последниот од серијата земјотреси кои повеќе од еден месеци го тресат охридскиот регион.

Најчитани

Твитови