Гоко со два гола најави нова младост во Џенова

Екипата на Џенова ја отвори новата сезона со традиционалниот контролен дуел во Австрија со селекцијата на областа Тирол.

Горан Пандев беше стартер на мечот а во победата на Џенова од 17-0 постигна два погодоци уште во првото полувреме со што најави дека на него може сериозно да се смета и во наредната сезона која ќе биде трета за македонскиот интернационалец во оваа екипа. 

Во вториот дел блесна Симеоне со дури 7 погодоци.

СИЛНО НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАТИ БЛАЦЕ: ГРАДОТ ГО СОБИРАА СО БАГЕР, ПРИЧИНЕТА ОГРОМНА ШТЕТА

Невреме проследено со силен град утрово околу 8 часот зафати неколку села во општината Блаце при што беше причинета огромна штета.

Настрадаа градините, пченката, малините, капините и сливарниците во оваа српска општина која се наоѓа во близина на Прокупље.

Село Гргуре беше зафатено од големото невреме каде падна град со големина на орев, и во неговото собраиње мораше да се вклучи и багер.

Докторот сакал да ѝ го исче прстот, а златарот прстенот - на крај го извадиле на овој начин

"Impressive World" е страница на Фејсбук која објавила навистина импресивно видео. 

Станува збор за едноставен трик за кој никому не би му паднало на памет додека не го види.

Како што се гледа на видеото, на жената ѝ се заглавил прстен на прстот.

Погледнете како успешно ѝ бил отстранет:

Нов земјотрес регистриран кај Охрид

Земјотрес со јачина од 3.1 степени според европската сеизмичка скала вечерва е почувствуван во охридскиот регион.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 19.11 часот, бил на четири километри од Охрид, односно на седум километри од Косел.

Ова е последниот од серијата земјотреси кои повеќе од еден месеци го тресат охридскиот регион.

Најчитани

Твитови