Работи кои скоро секогаш забораваме да ги направиме кога одиме на одмор

Со нетрпение го чекаме летниот годишен одмор. По напорна работа во текот на годината, време е за заслужен летен одмор на море, за дружење со најблиските за релаксација и разонода.

Со нетрпение го чекаме првиот ден од одморот  кој долго време го планираме со цел се да помине во најдобар ред. Ја избравме локацијата, периодот, ги планираме потребните работи кои треба да ги понесеме, времето на поаѓање, ги проверуваме пасошите, патничкото осигурување. Најчесто најмногу време губиме при изборот на облеката што ќе ја носиме, играчките за децата и многу други потребни и непотребни работи кои ги полнат нашите куфери.

Но постојат неколку работи на кои често забораваме, а кои многу лесно можат да ни го расипат одморот.

Состојбата со гумите.

Забораваме дека од нивниот квалитет и исправност зависи нашата безбедност, како и тоа дека неквалитетната и неисправна гума  е како темпирана бомба, која го чека најчесто најнеповолниот момент. Исклучително е важно пред одмор да се провери нагазниот слој на тркалата, центрирањето и притисокот во пневматиците, како и нивната ротација, и секако зимските гуми да се заменат со летни. Повеќе на kupiguma.mk. Ротацијата се препорачува на секои поминати 8.000-10.000 километри, со цел нивно рамномерно трошење.

Гумите кога се во добра состојба даваат сигурност и стабилност во возењето, овозможуваат навремено да се закочи и брзо да се реагира. Затоа треба да бидат квалитетни, да се набавени од овластени компании http://tranzit.com.mk/ кои обезбедуваат и гаранција за квалитетот.

Проверка на воздушните перничиња.

Пред да се патува потребно е автомобилот да се однесе на проверка во сервис. Мора да бидеме сигурни дека перничињата се исправни и дека може да не заштитат од евентуална незгода.

Осигурување.

Патничкото осигурување покрива многу малку работи кога сте во странство и треба добро да се информирате што се вклучува, а што значи да имате и здравствено осигурување.

Пари во плакарот.

И секако никако не ја оставајте ја дома својата заштеда, зошто празен дом е лесна мета за крадците. Однесете ја во банка, орочете ја на краток рок.

Должината на вашата дланка открива интересни работи за вашиот карактер

Должината на вашата дланка во однос на должината на раката може да открие неколку занимливости за вашиот карактер, како и за вашите таленти и склоности. Ставете ја левата дланка на подлактницата така што палецот да биде покрај лакотот, а средниот прст раширете го што повеќе во обид да ја допрете десната дланка. Ако средниот прст успее да дојде до вашиот зглоб, тоа значи дека имате големи дланки, но доколку е обратно и тој прст не достигнува до зглобот, тогаш вашите дланки се мали.

Долги дланки

Луѓето со долги дланки се перфекционисти и често се добро концентрирани на малите детали. Ако сте тој тип, тогаш мора да бидете свесни дека перфекционизмот исцрпува и тоа би можело да го почувствувате и на некој аспект од вашиот живот. За вас се знае дека сте добар работник чија цел му е сѐ да сработи како што треба.

Дури и кога имате рок во кој морате нешто да направите, попрво ќе го забрзате темпото на работа и ќе се откажете од паузите, отколку квалитетот на она што го правите да биде ставен во прашање.

Многу сте чувствителни на критиките, импулсивни сте и често знаете да претерате, но вие сте свесни за сето тоа. Добро се сложувате со другите луѓе, дури понекогаш до таа мера што се занемарувате себеси.

Кратки дланки

Луѓето со мали дланки имаат слободен дух и не можат да ја дочекаат следната авантура. Сакаат да ризикуваат, па дури и многу уживаат во тоа. Ако сте човек со такви дланки, тогаш мора да знаете дека сте многу способни во решавањето на проблемите.

Во состојба сте да ги решите и оние најтешките и најкомплицираните проблеми, од кои другите брзо се откажуваат, бидејќи сметаат дека не постои решение. Драмата во животот ви е движечка сила, па често можете да се најдете и во односи во кои има многу драма, подеми и падови, силни емоции…

СОЊА ОДГОВОРИ ЗА 5-ТЕ ИЛЈАДИ ЕВРА МЕСЕЧНО ОД БУЏЕТОТ: ЗА ВО СКОПЈЕ НИ ОСТАНУВАА САМО 270 ЕВРА

Oтворено писмо до јавноста испрати сопругата на Јохан Тарчуловски, Соња, откако беше објавено дека „Семејството на Јохан Тарчуловски месечно примало по 5.000 евра од државниот буџет“. Ви го пренесуваме во продолжение:

Кој ви рече дека некој бега да одговори на прашањето за надоместокот за трошоците околу патувањата во Хаг каде што бевме предадени и обвинети.

Каде побаравте одговор?

Одговорот требаше да го побарате кај мене, Соња Тарчуловска.

Еве јас ќе ви кажам.

Во периодот од 8 години додека Јохан Тарчуловски лежеше затвор за Македонија, секој месец државата ни исплатуваше надомест од 5000 евра.

 

Душегрижници прочитајте добро.

Еве Ви ја пресметката :

Јас Соња Тарчуловска, Мелани и мајката на Јохан.

Авионскиот билет чинеше 800 евра x 3=2400

Најевтиниот хотел во Хаг чинеше 150 евра од вечер за тројца по 7 дена, 1050 евра.

Транспортот од хотелот до затворот во два правци чинеше 40 евра, значи 280 евра.

Секој месец по 1000 евра префрлавме на сметка во затворот за прехрана и телефонски картички, тоа се 4730 евра.

Со останатиот дел од 270 евра преживувавме месечно во Скопје.

Ова воопшто не е правдање и немам намера никому да се правдам, но бидејки јас и моето семејство бевме повикани да не оцрните, наводно сме се богателе од државна сметка, не можете да не оцрните.

Знаете ли зошто?

Затоа што нас не можеше да не скрши и оцрни и затворот.

Нас не не раздели и душманот.

Не можете да ги оцрнете и скршите нашите деца, затоа што растеа без татко додека вие ги гледавте вашите секој ден.

Со ни една изјава не успеавте и нема да успеете мене како сопруга и мајка да ме омаловажите дека сум неморална.

А да не заборавам да одговорам на сите оние кои беа загрижени дека мојот сопруг ме фрлил од тераса. Само едно ке ви кажам: НЕ, ЈОХАН НЕ МЕ ФРЛИ ОД ТЕРАСА.

Може да сонувате да имате брак како нашиот и никогаш не би се избориле со искушенијата низ кои поминавме ние.

Ова е мое прво обраќање после 5 години.

Верувајте ниту една дечја солза невреди за никакви пари.

Ниту една изгубена младост не вреди за никакви пари.

Ниту една празнина и страв не се надополнува со пари.

За крај ние не предадовме никого, нас не предадоа.

Зошто крвта секогаш се вади од четвртиот прст?

Дали некогаш сте се запрашале зошто секогаш кога докторите вадат крв од четвртиот прст?

Кога ни вадат крв од прст поради некои анализи, скоро секогаш ни го боцкаат четвртиот прст.

Палецот и малиот прст се многу подобро поврзани со зглобот на раката отколку останатите прсти. Тоа значи дека теоретски инфекција од палецот или малиот прст многу побрзо би се проширила и би ја зафатила раката.

Поради тоа крвта генерално се вади од кој било прст освен палецот и малиот прст.

Но, во четвртиот прст воглавно има нешто помалку рецептор за болка, па боцкањето е помалку непријатно. Освен тоа, овој прст го користиме поретко од другите, па и кожата е потенка.

А поради тоа и раните на овој прст зараснуваат побрзо отколку на останатите прсти.

Најчитани

Твитови