Хаос во кампот за Пивофест во Прилеп – ги тепале со шипки поради расправија за девојки

 Во саботата, во 12 часот во Полициска станица Прилеп, Т.С.(46) од Скопје, пријавил дека истиот ден додека кампувал со шатор поставен во паркот кај Могилата на непобедените заедно со своето семејство, му пришле две непознати лица, прашувајќи го за некои девојки, а потоа влегле во соседниот шатор, каде започнале расправија со лицето што било во него и две девојки.

Откако Т.С. влегол внатре да ги смири, непознатите лица заминале. По околу десетина минути, лицата се вратиле заедно со група од околу 20-30 лица и почнале да удираат по возилата со раце и шипки, а потоа го нападнале Т.С., неговиот син и пријателот, нанесувајќи им видливи повреди.

Полициска станица Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на настанот.

Дете повредено во сообраќајка во гостиварско, возачот избегал

Патничко моторно возило непозната марка и регистарски ознаки управувано од засега непознат возач удрило во седум годишно дете од с.Старо Чајле-Гостивар и го напуштил местото на настанот.

По незгодата детето е однесено во Медицински центар Гостивар, каде и се констатирани тешки телесни повреди (фрактура на десна потколеница) и по укажаната лекарска помош е препратена на Клинички центар Скопје за понатамошно лекување.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Гостивар.

Kaролина повлече нога: Денес се мажи познатата српска пејачка!

Дефитнитивно оваа година е плодна за естрадата во регионот. Од самиот почеток на јануари, место песни се нижеа свадби. Така, последна која го кажа да досега беше Каролина, која во саботата се омажи за Михаил. Но. не се запира тука, во очекување на свадбата е и на Јана Бурческа.

Меѓутоа, вечерва свадба прави Наташа Беквалац и Лука Лазукиќ. Тие, како и нивните гости одмараат во луксузна вила каде што е готов базенот за забава.  А свадбата ќе биде во ресторан покрај море.

ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ: Победникот на Евровизија е во лоша здраствена состојба!

Победникот на „Евровизија“, Салвадор Собрал ги откажа сите настапи, а неодамна е префрлен во болница каде што ќе му биде извршена трансплатација на срце. Португалските медиуми пренестуваат дека и живтот му е загрозен.

За неговите проблеми со срцето се пишуваше уште во мај, откако настапуваше на Евровизија во Киев. Последниот настапо го одржа на 8ми септември, па се повлече од сцената.

Најчитани

Твитови