Ваква девојка секој посакува во кујна: Водителката Наскова од На шанк замина да мие чаши (видео + фото)

Убава и згодна, секогаш занимлива и интересна во улога на супер водителка на емисијата „На шанк“, Ивана Наскова. Периодов ја заокружи втората успешна сезона од емисијата, а во финалната емисија на гледачите им приреди вистинско изненадување.

Кога сме кај изненадувањата, Ивана знае да застане позади шанк и да влезе во кујна дури и кога се исклучени рефлекторите и камерите. Фотографијата е доказ за тоа дека Наскова покрај на професионално поле е повеќе од успешна и на приватно поле и работни задачи во кујна. Ваква девојка секое момче посакува во кујна.

Во последната емисија од втората сезона на публиката им го откри човекот кој цело време беше позади шанкот, а воедно со тоа Наскова најави дел од новите содржини на емисијата „На шанк“ која третата сезона ќе ја доживее на есен. Дечкото кој ќе биде освежување во емисијата и партнер-водител на Ивана е долгогодишен радиски водител и медиумско лице, Димитар Бабалков - Димса.

Но покрај сето тоа, Ивана има и други соработки со својот колега Димса. Месеци наназад соработуваат на проектот стенд ап видео клипчиња кои и тоа како допираат до се поголема маса на луѓе. Последниот нивен запис е на тема: „Македонци на одмор“, погледнете го и насмејте се од срце:


Ексклузивно дознаваме, наскоро за читателите ќе биде достапна и книгата која наголемо ја подготвува Ивана. Истата ќе биде насловена „Совршениот странец“.

СИЛНО НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАТИ БЛАЦЕ: ГРАДОТ ГО СОБИРАА СО БАГЕР, ПРИЧИНЕТА ОГРОМНА ШТЕТА

Невреме проследено со силен град утрово околу 8 часот зафати неколку села во општината Блаце при што беше причинета огромна штета.

Настрадаа градините, пченката, малините, капините и сливарниците во оваа српска општина која се наоѓа во близина на Прокупље.

Село Гргуре беше зафатено од големото невреме каде падна град со големина на орев, и во неговото собраиње мораше да се вклучи и багер.

Докторот сакал да ѝ го исче прстот, а златарот прстенот - на крај го извадиле на овој начин

"Impressive World" е страница на Фејсбук која објавила навистина импресивно видео. 

Станува збор за едноставен трик за кој никому не би му паднало на памет додека не го види.

Како што се гледа на видеото, на жената ѝ се заглавил прстен на прстот.

Погледнете како успешно ѝ бил отстранет:

Нов земјотрес регистриран кај Охрид

Земјотрес со јачина од 3.1 степени според европската сеизмичка скала вечерва е почувствуван во охридскиот регион.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 19.11 часот, бил на четири километри од Охрид, односно на седум километри од Косел.

Ова е последниот од серијата земјотреси кои повеќе од еден месеци го тресат охридскиот регион.

Најчитани

Твитови