Синот за роденден посакал -Мамо сакам да умрам, не можам да издржам повеќе

Потерсна приказна за детенце од Велика Британија кое боледува од тешка кожна болест.

Детенцето страда од егзема уште од својот четврти месец, а неиздржливите болки му го попречуваат нормалниот развој.

Мајката, Дана Бисхоб, плачела од тага кога малиот Морган за неговиот 5 роденден и рекол: „Мамо, сакам да умрам, не можам да издржам повеќе“.

Дана разкажува за британски „Mirror“ дека нејзиното синче не можело нормално да се движе, бидејќи кожата на стапалата на нозете и задниот дел од колената му била толку иритирана што детето не можело да си игра со другарчињата.

Малиот Морган не можел ниту да започне со своето образование поради тоа што не можел да го држи моливот, а и често навечер се будел од неиздржлива болка.

Родителите веќе го однеле на третмани, па се надеваат дека ќе има некаков ефект.

СИЛНО НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАТИ БЛАЦЕ: ГРАДОТ ГО СОБИРАА СО БАГЕР, ПРИЧИНЕТА ОГРОМНА ШТЕТА

Невреме проследено со силен град утрово околу 8 часот зафати неколку села во општината Блаце при што беше причинета огромна штета.

Настрадаа градините, пченката, малините, капините и сливарниците во оваа српска општина која се наоѓа во близина на Прокупље.

Село Гргуре беше зафатено од големото невреме каде падна град со големина на орев, и во неговото собраиње мораше да се вклучи и багер.

Докторот сакал да ѝ го исче прстот, а златарот прстенот - на крај го извадиле на овој начин

"Impressive World" е страница на Фејсбук која објавила навистина импресивно видео. 

Станува збор за едноставен трик за кој никому не би му паднало на памет додека не го види.

Како што се гледа на видеото, на жената ѝ се заглавил прстен на прстот.

Погледнете како успешно ѝ бил отстранет:

Нов земјотрес регистриран кај Охрид

Земјотрес со јачина од 3.1 степени според европската сеизмичка скала вечерва е почувствуван во охридскиот регион.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 19.11 часот, бил на четири километри од Охрид, односно на седум километри од Косел.

Ова е последниот од серијата земјотреси кои повеќе од еден месеци го тресат охридскиот регион.

Најчитани

Твитови