Оваа фотографија го згрози интернетот - погледнете зошто

На спорната фотографија се гледа маж како седи на оградата на мостот, како и добро расположено друштво кое неговата закана за самоубиство ја сфатило како добра забава.

На друштвените мрежи овој викенд се прошири фотографија од неколку лица во Лос Анџелес кои позираат, додека во позадината се гледа човек кој само што не извршил самоубиство скокајќи од мост. Најмалку 14 возачи излегле од своите автомобили, бидејќи на мостот собрааќајот на кратко бил запрен, со намера да се сликаат за спомен, пренесе Јутарњи лист.

Додека тие позирале, неколку десетици метри зад нив полицијата се обидувала да преговара со неименуван маж кој се заканувал дека ќе скокне од мостот. По три часа преговори полицијата успеала да го разубеди мажот во својата намера да скокне.

Погледнете како тоа изгледало:

СИЛНО НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАТИ БЛАЦЕ: ГРАДОТ ГО СОБИРАА СО БАГЕР, ПРИЧИНЕТА ОГРОМНА ШТЕТА

Невреме проследено со силен град утрово околу 8 часот зафати неколку села во општината Блаце при што беше причинета огромна штета.

Настрадаа градините, пченката, малините, капините и сливарниците во оваа српска општина која се наоѓа во близина на Прокупље.

Село Гргуре беше зафатено од големото невреме каде падна град со големина на орев, и во неговото собраиње мораше да се вклучи и багер.

Докторот сакал да ѝ го исче прстот, а златарот прстенот - на крај го извадиле на овој начин

"Impressive World" е страница на Фејсбук која објавила навистина импресивно видео. 

Станува збор за едноставен трик за кој никому не би му паднало на памет додека не го види.

Како што се гледа на видеото, на жената ѝ се заглавил прстен на прстот.

Погледнете како успешно ѝ бил отстранет:

Нов земјотрес регистриран кај Охрид

Земјотрес со јачина од 3.1 степени според европската сеизмичка скала вечерва е почувствуван во охридскиот регион.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 19.11 часот, бил на четири километри од Охрид, односно на седум километри од Косел.

Ова е последниот од серијата земјотреси кои повеќе од еден месеци го тресат охридскиот регион.

Најчитани

Твитови