Порасна просечната плата во Македонија, еве колку е сега

Просечната нето плата исплатена во мај 2016 година изнесува 22.889 денари и бележи раст од 2,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен за 14,2 отсто, Стручни, научни и технички дејности 5,8 отсто и Преработувачка индустрија 5,5 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Стручни, научни и технички дејности за 5,2 отсто, Рударство и вадење на камен 4,5 отсто и Градежништво за 4 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 33.640 денари и бележи раст од 2,6 проценти.

Во мај 2017 година, 1,2 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата. 

Горат социјалните мрежи: Познатата пејачка се соблече на 48 години

Сања Ѓорѓевиќ отсекогаш може да се пофали со витка линија, но ретко можевте да ја видите во бикини.

Меѓутоа, Сања одлучи да ги почасти фановите со провокативни фотографии во разни пози, па го покажа своето затгнато тело на кое работеше во текот на ладните денови.

Некогаш најдобри другарки: Погледнете како изгледале Дара и Карлеуша пред 20 години

Погледнете како изгледале Дара Бубамара и Јелена Карлеуша во емисијата „Музичка кутија“. Тогаш биле во добри односи што може да се забележи.

Ова видео е од 1997 година, а колку се промениле пејачките одтогаш па до сега погледнете во видеото.

Тој има само 15 години и 320 килограми: Еве како изгледа неговиот живот

Џејкоб Милер од раѓање бил голем. Роден е 5 недели порано, а дошол на свет тежок околу 6 килограми.

Докторите тврдат дека е роден со хормонски проблем, кој е причина за неговото дебелееење.

Веќе на година дена, Џејкоб имал 23 килограми. Во понатамошниот развој добивал и по 45 килограми годишно плус.

[Printskrin: YouTube/Cincinnati Children's Hospital Medical Center]

Огромниот вишок килограми му создавал физички и психички проблеми. Милер страда од дијабетес, срцеви проблеми како и проблем со црниот дроб.

Свесен е дека мора да направи огромна промена во начинот на живот за да преживее.

[Printskrin: YouTube/Cincinnati Children's Hospital Medical Center]

Поради тоа се вклучи во програмата што ја осмисли Детската клиника во Синсинати, а кој вклучува различни третмани за дебелите деца.

Воведена му е строга диета која се базира само на здрава исхрана. Изгубил 34 килограми и бил презадоволен од тоа.

Сепак, лекарите не застанаа тука. Направен му е бајпас на желудникот.

За само 6 месеци и неговиот изглед драстично се промени, а за една година навистина има огромна разлика.

Погледнете ја неговата приказна:

Најчитани

Твитови