Швајцарија го доби најдолгиот висечки пешачки мост во светот (галерија)

Најдолгиот висечки пешачки мост во светот вчера беше пуштен во употреба. Мостот се наоѓа во Ранда, Швајцарија и e на висина од околу 28 ката над земјата над клисурата Грабенгуфер. Мостот се градеше само два и пол месеци, долг е околу 500 метри, а висок околу 85 метри.

Планинарите сега можат повторно да пешачат по познатата планинарска патека Europaweg (Europe Bridge), која опфаќа некои од највисоките врвови во Швајцарија, благодарение на мостот Europabruecke, кој ги поврзува населените места Грехен и Цермат.

Новиот мост го заменува претходниот кој беше затворен во 2010 година поради штети настанати од одрони на камења. Бидејќи мостот е широк само 65 сантиметри и е на огромна висина, локалните власти предупредуваат дека е само за планинари кои не се плашат од висина.

Шерифовиќ и го фотографирала газето на Карлеуша (ВИДЕО)

Снимњето на „Ѕвездите на Гранд“  трае по 12 часа, па челновите на жириото постојано наоѓаат начин како да се забавуваат. Пејачката Марија Шерифовиќ  е снимана како и го фотографира газето на Јелена Карлеуша.

Гледајте го видеото:

Тијана воодушеви како Џеси Џеј во ТЛЗП (ФОТО)

Македонската претставничка во шоуто „Твоето лице звучи познато“, Тијана Дапчевиќ, во епизодата што се прикажуваше вчеравечер го имитираше настапот на Џеси Џеј. Тијана повторно беше одлична, ги пееше Bang Bang и Burning Up, а добриот настап резултираше со високи оценки од жирито, но и пофалби на социјалните мрежи.

„Ќе видите вечер како помина снимањето. Јас си поминав одлично. Ќе се гордеете со мене“, ни рече Тијана неколку часа пре епизодата да се прикаже на телевизија.

Таа следната недела ќе има малку поинаков лик за имитација, фолк пејачката Дара Бубамара.

Борко Ристовски стана татко! (ФОТО)

Чуварот на македонската репрезентативна ракометна мрежа за прв пат ќе се најде во улогата на татко, откако на социјалните мрежи се редеа честитки за неговата нова родителска улога заедно со неговата сакана Нина.

Прекрасната Николина, Борко знаеше како да ја сочува далеку од очите на јавноста, иако атрактивната и шармантна девојка можеше понекогаш да се забележи како го бодри од трибините на неговите натпревари.

На нејзиниот профил, која неодамна го прослави својот 25 роденде, осамна фотографија на која таа го покри лицето на момчето до неа со розово срценце, но она што може да се забележи е дека мистериозниот лик  има иста тетоважа на левата рака, како и Борко.

Најчитани

Твитови