Производите на ГОРСКА отсега достапни за онлајн нарачка

Како современа компанија која ги следи светските трендови и секогаш во прв план ги зема потребите на потрошувачите, КОДИНГ - ГОРСКА создаде е-продавница, преку која отсега купувачите брзо и лесно ќе можат да ги нарачаат сите производи од нејзината палета, со БЕСПЛАТНА ДОСТАВА.

Навиките за онлајн купување последниов период стекнуваат сè поголема популарност помеѓу македонските потрошувачи. Имајќи ги предвид нивните потреби, брзиот начин на живот, заштедата на време и средства, ГОРСКА ја создаде е-продавницата kupigorska.mk. Преку неа, отсега потрошувачите можат да ги нарачаат сите производите од асортиманот на компанијата како што се - ГОРСКА вода, Староградско пиво, спортските пијалаци Горска Л-Карнитин и Изотоник, Гора сокови и ледени чаеви, Горска Мечка, како и вината на Далвина.

Купувањето преку kupigorska.mk e брзо, едноставно и безбедно, доставата е бесплатна, а истата има подеднаков бенефит како за физичките лица, така и за деловните субјекти, односно компании кои можат да нарачаат освежување од е-продавницата.

КОДИНГ-ГОРСКА е една од водечките компании на македонскиот пазар, препознатлива по квалитетната линија на производи во која спаѓаат вода, сокови, ледени чаеви, како и пиво. Компанијата во 2004 година ја изгради својата фабрика во Конопиште, а веќе следната година започна со производство и дистрибуција на Горска вода која за кратко време го освои домашниот пазар. Асортиманот на компанијата со секоја измината година се збогатуваше со врвни производи кои ја претставуваат силната и свежата страна на природата.

Посетете ја kupigorska.mk и наполнете ја својата кошничка со производите на ГОРСКА!

Некогаш најдобри другарки: Погледнете како изгледале Дара и Карлеуша пред 20 години

Погледнете како изгледале Дара Бубамара и Јелена Карлеуша во емисијата „Музичка кутија“. Тогаш биле во добри односи што може да се забележи.

Ова видео е од 1997 година, а колку се промениле пејачките одтогаш па до сега погледнете во видеото.

Тој има само 15 години и 320 килограми: Еве како изгледа неговиот живот

Џејкоб Милер од раѓање бил голем. Роден е 5 недели порано, а дошол на свет тежок околу 6 килограми.

Докторите тврдат дека е роден со хормонски проблем, кој е причина за неговото дебелееење.

Веќе на година дена, Џејкоб имал 23 килограми. Во понатамошниот развој добивал и по 45 килограми годишно плус.

[Printskrin: YouTube/Cincinnati Children's Hospital Medical Center]

Огромниот вишок килограми му создавал физички и психички проблеми. Милер страда од дијабетес, срцеви проблеми како и проблем со црниот дроб.

Свесен е дека мора да направи огромна промена во начинот на живот за да преживее.

[Printskrin: YouTube/Cincinnati Children's Hospital Medical Center]

Поради тоа се вклучи во програмата што ја осмисли Детската клиника во Синсинати, а кој вклучува различни третмани за дебелите деца.

Воведена му е строга диета која се базира само на здрава исхрана. Изгубил 34 килограми и бил презадоволен од тоа.

Сепак, лекарите не застанаа тука. Направен му е бајпас на желудникот.

За само 6 месеци и неговиот изглед драстично се промени, а за една година навистина има огромна разлика.

Погледнете ја неговата приказна:

Време е за промени: Александра Радовиќ нарави промена, еве како изгледа (фото)

Александра Радовиќ долго  време беше бринета, но сега се одлучи да направи промена.

Но, изгледа тоа и здосадило и се одлучи да направи промена за што веднаш се пофали на социјалните мрежи.

Радовиќ има светли прамени, а нејзините фнаови беа изненадени од новата фризура на пејачката.

Најчитани

Твитови