Мурињо по финалето виде момче во дресот на Јунајтед, останатото момчето ќе го памети цел живот! (ВИДЕО)

За Жозе Мурињо секој може да има свое мислење, од најдобро до најлошо, но сепак мора да признаете дека навистина е посебен, како што и самиот се нарекува. Португалскиот стручњак направи гест по свечената церемонија за доделување на медалите на Супер купот во кој неговиот тим беше поразен од Реал Мадрид.

Тренерот на Манчестер Јунајтед виде момче во дрес на тимот на трибините, му пријде и му ја даде неговата медаља.

-Би завршила некаде во мојата куќа, а на тоа дете ќе му значи како нешто вредно и назаборавно. Имаше дрес на Јунајтед. Не знам од каде е. Мислам дека ова нема никогаш да го заборави. Мене медаљите не ми значат многу ни кога ќе победам, а не пак кога ќе изгувам- објасни Мурињо на крајот на мечот.

Шерифовиќ и го фотографирала газето на Карлеуша (ВИДЕО)

Снимњето на „Ѕвездите на Гранд“  трае по 12 часа, па челновите на жириото постојано наоѓаат начин како да се забавуваат. Пејачката Марија Шерифовиќ  е снимана како и го фотографира газето на Јелена Карлеуша.

Гледајте го видеото:

Тијана воодушеви како Џеси Џеј во ТЛЗП (ФОТО)

Македонската претставничка во шоуто „Твоето лице звучи познато“, Тијана Дапчевиќ, во епизодата што се прикажуваше вчеравечер го имитираше настапот на Џеси Џеј. Тијана повторно беше одлична, ги пееше Bang Bang и Burning Up, а добриот настап резултираше со високи оценки од жирито, но и пофалби на социјалните мрежи.

„Ќе видите вечер како помина снимањето. Јас си поминав одлично. Ќе се гордеете со мене“, ни рече Тијана неколку часа пре епизодата да се прикаже на телевизија.

Таа следната недела ќе има малку поинаков лик за имитација, фолк пејачката Дара Бубамара.

Борко Ристовски стана татко! (ФОТО)

Чуварот на македонската репрезентативна ракометна мрежа за прв пат ќе се најде во улогата на татко, откако на социјалните мрежи се редеа честитки за неговата нова родителска улога заедно со неговата сакана Нина.

Прекрасната Николина, Борко знаеше како да ја сочува далеку од очите на јавноста, иако атрактивната и шармантна девојка можеше понекогаш да се забележи како го бодри од трибините на неговите натпревари.

На нејзиниот профил, која неодамна го прослави својот 25 роденде, осамна фотографија на која таа го покри лицето на момчето до неа со розово срценце, но она што може да се забележи е дека мистериозниот лик  има иста тетоважа на левата рака, како и Борко.

Најчитани

Твитови