ПО КРАТКАТА „ИГРА“ КОЈА И ЈА СЕРВИРАА НА ЈАВНОСТА СЕ СЛУЧИ ТОА ШТО СИТЕ ГО ОЧЕКУВАА... Самсоненко: Си одам од Вардар!

Рускиот газда Сергеј Самсоненко откри дека се повлекува од семејството Вардар. По кратката „игра“ која и сервираа на јавноста, се случи тоа што главно се навестуваше изминатиов период а многумина го очекуваа… Тој се повлекува од ФК Вардар, РК Вардар и ЖРК Вардар. По завршувањето на сезоната, а можеби и порано, ќе ги врати трите клуба на претходните сопственици.

Во целост ви го пренесуваме соопштението на Сергеј Самсоненко до јавноста:

Почитувани граѓани на Македонија, пријатели! 

Вчеравечер се вратив во Скопје и бев длабоко вознемирен од сето она што го прочитав во медиумите, на социјалните мрежи, порталите… Првото прашање што си го поставив себеси беше со што  јас и моите колеги од Вардар заслуживме вакви навреди? 

Македонија е дом за мене и за моето семејство веќе 11 години, во овој период од срце инвестирав огромни средства во развој на спортовите во земјава. Драги пријатели, цената на ниту еден билет не може ниту, пак, сакам да го врати тоа што го вложив без никаква задршка во македонскиот ракомет, фудбал, тенис и друго… токму поради тоа јас, од мое име и од името на управата на ФК Вардар, донесов одлука. 

Долго време се воздржував да реагирам на навредите што ги пласираа против мене одредени медиуми и поединци… и сакам да кажам, доста е! Никогаш во животот не сум доживеал ваков линч, навреди и омаловажување какво што доживеав во изминативе денови. 

Ви благодарам многу, се чини дека ова е  надомест за  сè  што направив. Доста е, одлуката, колку и да ми беше тешко, ја донесов. Ова е последна сезона во која јас, Сергеј Самсоненко, како инвеститор вложувам во сите три спортски клуба во Македонија. По оваа сезона, ќе ги вратам трите клуба на поранешните сопственици во одлична состојба, со шампионски титули, добар ранкинг и без долгови. `

Во врска со билетите за натпреварот Вардар-Фенербахче, одлучив да ги продаваме сите билети по единечна цена од 300 денари, без разлика на сектор или трибина. На сите кои купиле билет по стара цена, средствата ќе им бидат рефундирани. 

Напред Вардар! 

Сергеј Самсоненко

Горат социјалните мрежи: Познатата пејачка се соблече на 48 години

Сања Ѓорѓевиќ отсекогаш може да се пофали со витка линија, но ретко можевте да ја видите во бикини.

Меѓутоа, Сања одлучи да ги почасти фановите со провокативни фотографии во разни пози, па го покажа своето затгнато тело на кое работеше во текот на ладните денови.

Некогаш најдобри другарки: Погледнете како изгледале Дара и Карлеуша пред 20 години

Погледнете како изгледале Дара Бубамара и Јелена Карлеуша во емисијата „Музичка кутија“. Тогаш биле во добри односи што може да се забележи.

Ова видео е од 1997 година, а колку се промениле пејачките одтогаш па до сега погледнете во видеото.

Тој има само 15 години и 320 килограми: Еве како изгледа неговиот живот

Џејкоб Милер од раѓање бил голем. Роден е 5 недели порано, а дошол на свет тежок околу 6 килограми.

Докторите тврдат дека е роден со хормонски проблем, кој е причина за неговото дебелееење.

Веќе на година дена, Џејкоб имал 23 килограми. Во понатамошниот развој добивал и по 45 килограми годишно плус.

[Printskrin: YouTube/Cincinnati Children's Hospital Medical Center]

Огромниот вишок килограми му создавал физички и психички проблеми. Милер страда од дијабетес, срцеви проблеми како и проблем со црниот дроб.

Свесен е дека мора да направи огромна промена во начинот на живот за да преживее.

[Printskrin: YouTube/Cincinnati Children's Hospital Medical Center]

Поради тоа се вклучи во програмата што ја осмисли Детската клиника во Синсинати, а кој вклучува различни третмани за дебелите деца.

Воведена му е строга диета која се базира само на здрава исхрана. Изгубил 34 килограми и бил презадоволен од тоа.

Сепак, лекарите не застанаа тука. Направен му е бајпас на желудникот.

За само 6 месеци и неговиот изглед драстично се промени, а за една година навистина има огромна разлика.

Погледнете ја неговата приказна:

Најчитани

Твитови