Возила, машини, солариуми, масажери, лаптопи - еве што се може да се најде на електронска аукција во УЈП

Голем број патнички и товарни возила, машини, опрема, солариуми, масажери, лаптопи, машини за шиење обични и професионални... се во новата понуда за продажба на запленети движни и недвижни предмети, што како електронска аукција Управата за јавни приходи ја организира на 24 овој месец.

Понудата на возила меѓу другото ја сочинуваат мерцедес од 1999 година кој УЈП ќе го продава по седми пат, со почетна цена од 3.160 евра, потоа фургон форд транзит кој не е во возна состојба, а е проценет на 1.756 евра и се продава исто така по седми пат, фиат пунто за 1.000 евра, цитроен берлинго за 800 евра...

На 24 овој месец ќе се направи обид по 25-ти пат на електронска јавна аукција да се продаде и преса за балирање хартија и пластика од 2005 година, по почетна цена од околу 7.000 евра, а во понудата има и машина за дупчење во сите правци која е проценета на 49.000 евра, студиска миксета, камери, лаптоп со неопределена почетна вредност, солариум од 2009 година од 2.300 евра, машина за оверлук шиење од 263 евра, сингер машина за шиење проценета на 219 евра, но и компјутерска машина за шиење од околу 3.000 евра. На аукцијата ќе може да се наддава и за мебел, односно повеќе видови сетови за седење составени од двоседи, фотелји, масички, потоа поголеми количини навлаки за перници, миксери, еко кожа во разни бои, капачиња, биде, телевизор Филипс...

Заинтересираните за купување можат да се регистрираат на веб страницата на Управата за јавни приходи, каде имаат можност и да го погледнат тоа што ги интересира. Но, за учество во наддавањето најдоцна до 17 овој месец треба и да уплатат 10 проценти од вредноста на движниот или недвижниот предмет што сакаат да го купат.

Некогаш најдобри другарки: Погледнете како изгледале Дара и Карлеуша пред 20 години

Погледнете како изгледале Дара Бубамара и Јелена Карлеуша во емисијата „Музичка кутија“. Тогаш биле во добри односи што може да се забележи.

Ова видео е од 1997 година, а колку се промениле пејачките одтогаш па до сега погледнете во видеото.

Тој има само 15 години и 320 килограми: Еве како изгледа неговиот живот

Џејкоб Милер од раѓање бил голем. Роден е 5 недели порано, а дошол на свет тежок околу 6 килограми.

Докторите тврдат дека е роден со хормонски проблем, кој е причина за неговото дебелееење.

Веќе на година дена, Џејкоб имал 23 килограми. Во понатамошниот развој добивал и по 45 килограми годишно плус.

[Printskrin: YouTube/Cincinnati Children's Hospital Medical Center]

Огромниот вишок килограми му создавал физички и психички проблеми. Милер страда од дијабетес, срцеви проблеми како и проблем со црниот дроб.

Свесен е дека мора да направи огромна промена во начинот на живот за да преживее.

[Printskrin: YouTube/Cincinnati Children's Hospital Medical Center]

Поради тоа се вклучи во програмата што ја осмисли Детската клиника во Синсинати, а кој вклучува различни третмани за дебелите деца.

Воведена му е строга диета која се базира само на здрава исхрана. Изгубил 34 килограми и бил презадоволен од тоа.

Сепак, лекарите не застанаа тука. Направен му е бајпас на желудникот.

За само 6 месеци и неговиот изглед драстично се промени, а за една година навистина има огромна разлика.

Погледнете ја неговата приказна:

Време е за промени: Александра Радовиќ нарави промена, еве како изгледа (фото)

Александра Радовиќ долго  време беше бринета, но сега се одлучи да направи промена.

Но, изгледа тоа и здосадило и се одлучи да направи промена за што веднаш се пофали на социјалните мрежи.

Радовиќ има светли прамени, а нејзините фнаови беа изненадени од новата фризура на пејачката.

Најчитани

Твитови